Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Во општините Маврово/Ростуше и Центар Жупа денеска се одржуваат повторени избори за градоначалник, откако претходните избори минаа со недоволна излезност на гласачите, додека во Тетово се одржуваат вонредни избори за советници по неуспешниот обид за договор за мнозинство во општинскиот Совет. Според досегашните информации, навреме се отворени сите гласачки места. Право на глас на локалните избори за градоначалник во Маврово/Ростуше и во Центар Жупа и за советници во Тетово имаат вкупно 101.174 гласачи, кои ќе гласаат на 172 избирачки места, информираа од Државната изборна комисија (ДИК). Во Тетово во Избирачкиот список се запишани 84.072 избирачи на 117 избирачки места. Во…
Пратениците во црногорскиот парламент доцна синоќа изгласаа недоверба на Владата на премиерот Дритан Абазовиќ, по поднесената иницијатива од Демократската партија на социјалистите (ДПС) на Мило Ѓукановиќ. За иницијативата гласаа 51 пратеник од вкупно 81. Дел од опозицијата пред гласањето се обиде да се договори со Абазовиќ за реконструкција на Владата и влегување во извршната на сите политички партии во парламентот, освен оние кои поднесоа иницијатива за разрешување. Но, опозициската Демократска Црна Гора на поранешниот претседател на Собранието Алекса Бечиќ, која има девет пратеници во парламентот, не ја прифати поканата, туку нејзини претставници се изјаснија за уривање на Владата. На почетокот…
Објавените препораки на Мешовитата комисија не задираат во идентитетот. Членовите на Комисијата се докажани интернационални стручњаци кои се вредни за почит и како такви, тие во никој случај не би си дозволиле „идентитетска екскурзија“. Да беше така, препораките никогаш немаше да го видат светлото на денот, изјави универзитетската професорка од Правниот факултет, Ана Чупеска за Нова ТВ. Мешовитата комисија на почетокот на оваа недела испорача по пет препораки за македонската и за бугарската влада кои се однесуваат на учебниците за шесто одделение кај нас и за петти клас кај источните соседи, но и за заедничко чествување на Свети Кирил и…
Во изминатите 24 часа во земјава, согласно податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), се забележани 473 нови случаи на ковид-19, починале три лица, додека оздравеле 513 пациенти, соопшти Министерството за здравство (МЗ). Нови случаи на ковид-19 се пријавени во Скопје – 204, во Битола – 37, во Охрид – 31, во Куманово – 21, во Струмица – 20, во Кавадарци – 17, во Прилеп – 16, во Кочани – 14, во Велес и во Кичево – по 12, во Тетово и во Гевгелија – по 11, во Штип – 9, во Неготино – 7, во Радовиш – 6, во…
Службата за безбедност на Украина (СБУ) уапси руски државјанин, кој руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) го испрати во Украина за да собере разузнавачки информации околу Краматорск, град на истокот на земјата, соопшти Службата за безбедност на Украина (СБУ), пренесува „Укринформ“. Безбедносната агенција забележува дека, како дел од контрасубверзивен напад низ областите на фронтот во источниот дел на земјата, нејзините оперативци привеле двајца руски агенти. Меѓу нив е и државјанин на Руската Федерација, кој пред пет години го отслужил воениот рок во Кострома. ФСБ го распоредиле во Украина за да изврши извидувачки и субверзивни активности претставувајќи се како локален цивилен жител. Виновникот…
Делегацијата на Европската Унија (ЕУ) во Тирана ја предупреди албанската влада дека нејзиниот проект за воспоставување на шема за државјанство за странски и богати инвеститори претставува ризик за земјата и може да влијае на слободното движење на албанските граѓани во Шенген зоната, јави агенцијата „Балкан веб“. Според истиот извор, како одговор на прашањата на БИРН, делегацијата на ЕУ исто така нагласува дека оваа позиција им била јасно кажана на албанските власти преку неколку извештаи на Европската комисија, третиот и четвртиот извештај за механизмот за суспензија на визите, како и на неколку средби со официјални лица на ЕУ, одржани во изминатите…
Невистинити се изјавите на обвинителката Вилма Русковска дека од Управата за финансиска полиција барала конкретни 300 предмети и дека и се доставени само 30-тина предмети кои таа не ги ни барала, реагираат од Управата. Со Наредбата за претрес и Барањето за податоци од страна на Управата за финансиска полиција, додаваат, се бараат сите анонимни кривични пријави доставени до Управата за финансиска полиција од 2018 година до денот на претресот, односно денот на одговор по барањето. „Во барањето за податоци даден нѝ е рок за постапување од 10 дена и истиот започна да тече од 18 јули 2022 година. Седум дена…
Фондацијата „Заев – Едно општество за сите“, во чест на Светскиот ден на хуманоста, донира 100.000 денари на „СОС Детско село“ и 100.000 денари за семејствата на четирите куќи од Прилеп кои неодамна беа опожарени од удар на гром, информираат од Фондацијата. Под мотото „Потребно е село“, кое асоцира на познатата поговорка „Потребно е цело село за да се одгледа дете“, годинава, под покровителство на Обединетите Нации (ОН), се одбележува 19 Август – Светскиот ден на хуманоста, истакнуваат од Фондацијата. „Длабочината на метафората која произлегува од насловот на кампањата, укажува на зголемување на глобалната свест за хуманитарната работа. Ако го…
Според Женевската конвенција од 1949 година, под одредени околности не е забранет напад на нуклеарни централи. Притоа примарна цел е заштита на цивилното население. Нуклеарната електрана Запорожје, на југот на Украина, од март е под контрола на руската војска, а од крајот на јули неколку пати е мета на гранатирања. Тоа предизвика страв од нуклеарна катастрофа во најголемата постројка од тков тип во Европа. Киев и Москвa меѓусебнои се обвинуваат за нападите, додека Советот за безбедност на Обединетите Нации (ОН) во текот на минатата недела одржа итен состанок за ситуацијата во Запорожје. Меѓутоа, не се приближи до решение. Не е…
Ова не е суспензија против Русковска, ова е суспензија на правото и суспендирање на правдата, изјави шефица на Основното јавно Обвининителство за организиран криминал и корупција, Вилма Русковска која денеска поднесе жалба до Советот на јавни обвинители на Решението за нејзина суспензија од Републичкиот јавен обвинител, Љубомир Јовески. „Само што доставив жалба до Советот на јавни обвинители. Членовите треба да се запознат со содржината на жалбата во која ги побивам наводите во Решението. Без разлика што имаше соопштение дека предметите кои ги водам ќе продолжат со несмален интензитет, не верувам дека било кој колега ќе продолжи да постапува по нив,…
Имаме шанса да ги решиме проблемите со Северна Македонија, кои траат со децении, но не беа третирани сериозно, изјави бугарскиот министер за надворешни работи Николај Милков. „Сега имаме механизам за нивно решавање. Станува збор за т.н. француски предлог. Пред нас има широко поле за продолжување на работата и за расчистување на сите спорни прашања“, рече Милков. Како што јави дописникот на МИА од Софија, министерот во техничката Влада додаде дека има изгледи за подобрување на односите со Северна Македонија. Според него, „вознемиреност буди однесувањето на опозицијата, која ги користи ставовите на населението за различни цели“. Милков оцени дека „европското минато…
Милиони луѓе се соочуваат со глад, додека војната се комбинира со финансиски и климатски шокови. Шестмесечните борби меѓу Русија и Украина, две земји земјоделски моќници, го доведоа глобалниот систем на храна во целосна катастрофа, оставајќи милиони луѓе соочени со глад. Војната ја влошува кризата која веќе е поттикната од климатските промени, зголемените трошоци за живот и зголемувањето на цената на ѓубривата што ја создава најакутната глобална криза со храна во последните децении. Договорот со посредство на ОН за повторно отворање на Црното Море за бродови со храна можеби не е доволен за да им донесе олеснување на милиони луѓе кои…