Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Членката на српскиот Кризен штаб, Дарија Кисиќ Тепавчевиќ најави дека од утре во Србија ќе почне да се аплицира и трета доза против коронавирусот. Таа наведе дека третата доза ќе ја примат граѓаните со намален имунитет, кои се на хемодијализа, со трансплантирани органи, лица постари од 70 години. Исто така трета доза ќе им биде препорачана и на патниците во меѓународниот сообраќај, бидејќи според Кисиќ Тепавчевиќ, голем број луѓе од одмор се вратиле заразени со ковид-19. Трета доза вакцина се препорачува и за вработените во здравствените институции, кои имаат должност и обврска да ја заштитат својата професионална околина и да…
Шефот на турската дипломатија Мевљут Чавушоглу денеска изјави дека Амбасадата на Турција во Кабул ќе продолжи да работи и оти се преземени сите безбедносни мерки за турските дипломатски мисии во Авганистан, како и за нивниот персонал. Тој додаде дека дипломатските мисии во Турција ќе продолжат да даваат конзуларни услуги. Чавушоглу истакна дека турските власти продолжуваат да одржуваат контакти со соодветните структури во Авганистан за да гарантираат безбедност за оние турски граѓани кои одлучиле да останат во Авганистан.
По влошување на безбедноста состојба во Авганистан, таму сè уште има околу 100 наши државјани, но засега, како што информираа вчера Министерството за надворешни работи (МНР), сите се наоѓаат на безбедни локации. Од МНР велат дека будно се следи ситуацијата и оти некои држави веќе изразиле подготвеност при евентуални организирани летови за евакуација да бидат опфатени и македонските државјани. Според последните информации на МНР, компаниите кои ги ангажираат работниците, не се соочуваат со потешкотии и имаат резервирано сопствени летови за евакуација на нивни работници, а дел од нив веќе се префрлени во некои од соседните земји и нивниот трансфер дома…
Независната угостителска комора (НУК) бара од Владата целосно и безусловно да ја укине одлуката за забранет влез на невакцинирани во угостителските објекти, посочувајќи дека таа е условена и неспроведлива и дека е неприфатлива и за многу граѓани кои вчера излегле на протест. По синоќешниот врисок на граѓаните, искажан преку паралелни протести низ цела Македонија, на Владата не и останува ништо друго туку веднаш по кратка постапка да ја укине одлуката со која сакаше да се спроведе експериментален филтер на проверка дали и како системот на селекција на граѓаните може да функционира во време на пандемија на т.н. вакцинирани и невакцинирани,…
Постапката за собирање на потписи за кандидирање на локалните избори почнува денеска согласно Роковникот на Државната изборна комисија (ДИК), а завршува на 30 август на полноќ. Повеќе групи на граѓани најавија собирање на потписи за учество со свои листи на локалните избори и тие веќе и се познати на јавноста. На прес-конференција вчера беше најавена граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“ која произлезе од поврзување на „Здравје пред профит“ со активисти и експерти од областа на архитектурата, урбанизмот, животната средина, спортот, култура и други области, кои сакаат да го спречат натамошното уништување и да се вложат за подобрување на квалитетот на живот во општина Центар. На…
Од денеска стапуваат во сила новите рестриктивни мерки со кои за влез во угостителски објекти и на организирани настани ќе мора да се приложи сертификат за примени вакцини или потврда за прележан ковид-19 во изминатиот месец и половина. Со новите мерки целосно се забранува и одржување на настани и работа на угостителските објекти на затворено. Угостителските објекти мора да имаат редарска служба која ќе врши контрола, а се најавуваат и засилени инспекциски контроли. Надлежните велат дека мерките се носат со цел да се заштити јавното здравје и да не се доведе државата во ситуација повторно да воведува локдаун и целосно…
Министерството за здравство (МЗ) информира дека во текот на изминатата недела се аплицирани вкупно 49.569 први дози на вакцини во државата. Забележан е, истакнуваат од МЗ, значително зголемен интерес за вакцинација меѓу граѓаните. Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е, исто така, и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера, се вакцинирани вкупно 586.384 граѓани. Прва доза на вакцина во петокот и вчера примиле 13.950 граѓани, а втора доза, вкупно 8.636 граѓани. Во државата се аплицирани вкупно 1.058.112 милиони дози вакцини, а ревакцинирани се 471.728 граѓани, соопштија од…
Најмалку 1.297 луѓе загинаа во силниот земјотрес што викендот го погоди Хаити, соопшти Агенцијата за цивилна заштита на таа земја. Бројот на загинати од земјотресот се зголеми на 1.297 на 15 август, се вели во извештајот за ситуацијата, во кој е ажуриран и бројот на повредени од најмалку 2.800 на повеќе од 5.700. Земјотресот предизвика и огромна материјална штета, а Обединетите Нации (ОН) најавија финансиска помош. Обединетите нации ќе обезбедат најмалку осум милиони долари за помош на жртвите од земјотресот на Хаити. Оваа сума ќе оди за жртвите од катастрофата за медицинска нега, чиста вода, привремени засолништа и санитарни услови,…
Централната Влада во Кабул вчера мирно ја предаде власта на претставници на талибанците кои влегоа во претседателската палата во Кабул со што заврши дведецениското владеење на националната влада со поддршка на САД. Една група од нив објави фотографии на социјалните мрежи од внатрешноста на објектот и наведе дека тие имаат контрола врз 11 од 15 реони во градот. Големата офанзива врз Кабул започна во петокот кога талибанските сили беа на само 40 километри од предградијата на главниот град на Авганистан. Во текот на ноќта од сабота, 14 август до недела, 15 август, талибанците влегоа во предградија на Кабул и ги…
Македонија сега е модерна мултиетничка демократија, во која подеднакви права уживаат сите нејзини граѓани. Со Охридскиот договор поставен е важен темел за општеството и направено е многу на градењето мостови меѓу луѓето Република Северна Македонија сега е многу различна земја, 20 години по потпишувањето на Охридскиот Рамковен Договор со кој е завршен поширок судир. А, со Преспанскиот договор се надмина проблемот со Грција, и земјата сега може да се фокусира на задоволување на неопходните процеси за ЕУ и на потребите на своите граѓани.Несомнено, Македонија сега е модерна мултиетничка демократија, во која подеднакви права уживаат сите нејзини граѓани. Со Охридскиот договор…
Со низа настани и под слоганот „По Охрид“, во земјава се одбележува 20 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор со кој беше ставен крај на неколкумесечниот конфликт во 2001 година. Потписници на Охридскиот рамковен договор беа тогашниот македонски претседател, Борис Трајковски, поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Љубчо Георгиевски, претседателот на ПДП, Имер Имери и тогашните претседатели на СДСМ, Бранко Црвенковски и на ДПА, Арбен Џафери. Свои потписи на договорот ставија и специјалните претставници на ЕУ, Франсоа Леотар и на САД, Џејмс Пердју. Во разговорите што започнаа во јули во Скопје, а потоа продолжија во Охрид, беа консултирани повеќе…
„Ахмети во еден момент ми шепна – да беше Заев премиер во 2001 година, немаше да има војна, рече првиот вицепремиер во Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби по повод 20 години од потпишувањето на Рамковниот договор. Го прашав, дали ако беше Заев во 2001 година ќе го потпишеше Рамковниот договор, Али Ахмети ми шепна – да беше Заев во 2001 година, немаше да се случи 2001 година“, искоментира Груби. Навраќајќи се две децении наназад, Ахмети истакна дека евентуалната поделба на државата ќе била трагична и за Македонците и за Албанците.