Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нови рестрикции во сила: Нема кафеана или влез на организиран настан за невакцинирани

0
By Sashko on August 16, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, August 16, 2021 08:21

Од денеска стапуваат во сила новите рестриктивни мерки со кои за влез во угостителски објекти и на организирани настани ќе мора да се приложи сертификат за примени вакцини или потврда за прележан ковид-19 во изминатиот месец и половина. Со новите мерки целосно се забранува и одржување на настани и работа на угостителските објекти на затворено.

Угостителските објекти мора да имаат редарска служба која ќе врши контрола, а се најавуваат и засилени инспекциски контроли.

Надлежните велат дека мерките се носат со цел да се заштити јавното здравје и да не се доведе државата во ситуација повторно да воведува локдаун и целосно затворање на одредени дејности.

Секој има право да избере дали ќе се вакцинира или не. Но, државата мора да води грижа за колективното здравје. Ако јас одлучам да не ја примам вакцината и влезам во простор каде има повеќе од 30 луѓе, ризикувам сите останати 29 луѓе да бидат заразени од мене. Грижата на државата е во колективното здравје. Апелирам да се вакцинираме затоа што засега тоа е единствениот начин да ја победиме пандемијата и да се вратиме на нормалниот живот, изјави вчера премиерот Зоран Заев.

И министерот за економија Крешник Бектеши вчера апелира да се почитуваат протоколите во сите дејности и најави дека на денешниот состанок на Главниот кризен штаб ќе биде разгледана и можноста освен со сертификат за вакцинација и потврда за прележан коронавирус, да се влегува и со негативен ПЦР тест, но не постар од 14 дена.

Согласно бројките што ги имаме во последните денови, се разгледуваат повеќе опции како што се воведување на потврда за вакцинација и потврда за антитела, а дополнително ќе се разгледа и можноста да се достави и ПЦР тест, но не постар од 14 дена, а секако да ги прошириме и дејностите вклучувајќи ги тука и шопинг моловите, истакна Бектеши.

И додека надлежните апелираат на масовна вакцинација за што поскоро нормализирање на состојбата, вчера во повеќе градови низ државата се одржаа протести против новите рестриктивни мерки. Според присутните, со новите мерки се ускратува слободата на граѓаните, се кршат човековите права и се дискриминираат оние граѓани кои не сакаат да се вакцинираат.

Министерот за здравство Венко Филипче доцна вечерта се огласи на Фејсбук порачувајќи дека вакцините и мерките се ефикасни и нагласувајќи дека вакцинацијата е доброволна.

Протестот е уставно загарантирано право, но исто такво е и правото на здравје. Мерките кои ги предлагаме се веќе докажано ефикасни, а вакцинацијата единствен начин да се бориме против вирусот, напиша Филипче.

Во статусот, Филипче наведе дека на многу места во Европа веќе е секојдневие да се бара сертификат за влез на масовни настани и во угостителски објекти и оти тоа никој не го смета за дискриминација, туку за одговорност и заштита на јавното здравје.
Верувам дека никој не сака, ова  да трае вечно. Иако новите соеви носат неизвесност, сепак искуствата од земјите каде има висок процент на вакцинирани лица потврдува дека вакцините се ефикасни и за новите соеви. Друго оружје против вирусот немаме и силно верувам дека сите ова ќе го разберат што поскоро, за да можеме да ја вратиме слободата и да го заштитиме нашето здравје и здравјето на најблиските, истакна Филипче, додавајќи дека секој кој се обидува да прикаже дека се врши наводна присилна вакцинација, ја манипулира јавноста.

Новите рестриктивни мерки се носат по зголемување на бројот на новозаразени во изминатиот период. Вчера, Министерството за здравство регистрира нови 807 случаи од направени 6.980 тестирања. Во изминатото деноноќие починаа 10 лица од кои најмладиот пациент е на 28-годишна возраст. Најголем број на нови случаи вчера беа регистрирани во Скопје – 240, потоа Гостивар со 138 и Тетово со 136.

Алармантно е во Тетово каде само вчера имаше 80 лица на болничко лекување. Според надлежните во тетовската болница, такви бројки немале ниту во ноември лани, ниту во март/април годинава.

Бројот се зголемува секој ден – 80 хоспитализирани, амбулантски прегледи има над 120, сите тие се со ковид, што значи дека болницата третира околу 230 позитивни лица. Имаме прогноза дека секој ден ќе биде сè полошо. Кадарот што користи одмор се враќа назад и чекаме нови мерки, изјави вчера д-р Гзим Нуредини, координатор на ковид-центарот во Тетово.

Министерството за здравство најави дека се размислува и за воведување дополнителни локални мерки за заштита од ковид за што ќе се разговара денес.

-На колегите од Тетово им се дава соодветна поддршка во делот на кадар и сместувачки капацитети. Од пред два дена пациенти се сместуваат и во болницата во село Лешок, а доколку е потребно пациенти ќе бидат сместувани и во други болници во близина или во Скопје, соопшти вчера Министерството за здравство.

Ковид-19 Македонија ПЦР тест рестрикции сертификат
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 3, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

ВЕСТИ May 3, 2026

Техеран преку Пакистан достави мировен план до Вашингтон со кој бара укинување санкции, повлекување на…

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.