Author: Sashko

Обвинителката Вилма Русковска денеска ќе поднесе жалба за Решението за нејзина суспензија до Советот на јавни обвинители. Таа води два предмета кои се наоѓаат во предистрага – едниот за Управата за финансиска полиција и тој за станицата за технички преглед каде бил регистриран автобусот кој што изгоре во Бугарија. Токму за претресот на 18 јули во Управата за финансиска полиција, директорот Арафат Муареми на 8 август годинава поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против сите обвинители за кои тие сметаат дека постојат основи на сомнение за сторени кривични дела при постапување. Републичкиот јавен обвинител, врз основа на член…

Read More

Редакцијата на „Зелен ЦИВИЛ“ вчера се обрати до Министерството за труд и социјална политика (МТСП) за коментар или образложение на изјавата на раководителот на Одделението за животна средина во Општина Шуто Оризари, Георги Клинчаревски, за праксата малолетник да изнесува отпад на запрежни коли и да не се знае каде завршува тој отпад. „Според Законот за социјална заштита, кај малолетно лице се поставува старател доколку лицето е без родители и родителска грижа или родителите се спречени да го вршат родителското право. На подрачје на Општина Шуто Оризари има подрачно Одделение за давање на права и услуги од областа на социјалната и детска…

Read More

Пожар избувна во складиште за муниција во руската област Белгород, објави гувернерот на регионот Вјачеслав Гладков на Телеграм, пренесува Радио Свобода. „Се запали складиште за муниција во близина на селото Тимоново во областа Валујски. Според последните податоци, нема жртви. Началникот на округот ги евакуираше жителите на селата Тимоново и Солоти на безбедно растојание“, напиша тој во објава на Телеграм. Причината за пожарот се истражува. Локалните Телеграм канали објавуваат видеа од пожарот. Радио Свобода не може да ја потврди автентичноста на објавеното видео. Извор: civilmedia.mk

Read More

Aдминистрацијата на американскиот претседател Џо Бајден подготвува дополнителна воена помош за Украина во вредност од 800 милиони долари, која може да биде официјализирана уште денеска. „Бајден може да одобри помош, користејќи го претседателското овластување што овозможува брза испорака на вишок оружје од американските резерви на странски држави или организации во итни случаи“, тврдат добро упатени извори. Лицата кои сакаат да останат анонимни, наведуваат оти најавата за помошта може да биде и следната недела, а можно е предвидениот пакет вооружување да ја смени вредноста пред да биде објавен официјално.

Read More

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Кон крајот на денот ќе има зголемена облачност, која на места ќе биде проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветар. Максималната температура ќе биде во интервал од 34 до 42 степени, а вредноста на УВ индексот ќе достигне 8. Во Скопје ќе биде сончево и многу топло, со мала облачност и со слаб ветар од променлив правец. Кон крајот на денот, ќе има зголемување на облачноста и во делови од котлината со услови за пороен дожд,…

Read More

Русија целосно ја загуби информативната војна во Украина и на Запад, пишува Сер Џереми Флеминг, директор на GCHQ, британската агенција за разузнавање, сајбер и безбедност, во авторски текст за The Economist. „Заблуда е да се каже дека сајбер не бил фактор во војната во Украина. Двете страни користат сајбер способности за да ги остварат своите цели. Двете страни го разбираат потенцијалот за интегрирање на сајбер и информациска конфронтација со нивните воени напори. И двете страни знаат дека се вклучени во борба за влијание и мислење далеку подалеку од непосредното бојно поле. Тоа е многу модерна дигитална и сајбер војна, колку што е…

Read More

Пишува: Џабир Дерала Денеска ќе ви дадам еден конкретен пример за тоа како функционира руската пропаганда, што може да им помогне и на читателите и на оние што секојдневно ја информираат јавноста и креираат јавно мислење. Да почнеме со ред. Во тридневната израелско-палестинската „размена на оган“ од 5 до 7 август, во воздушните напади на израелската воена авијација и артилерија загинаа 46 Палестинци, меѓу кои и 16 деца, според извештајот на Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарните прашања. Министерството за здравство во Газа пријави 360 повредени Палестинци, меѓу кои 151 дете, а израелските власти, без многу детали, јавија дека 70 луѓе…

Read More

Патници во авион на британскиот авиооператор ТУИ, кој летал на релација Кипар – Велика Британија, преживеале вистинска драма кога еден од нив, како што се наведува, под дејство на опијати се обидел да го отвори излезот за итни случаи, со повик „се гледаме во рајот“, па авион принудно слетал на аеродромот во Загреб. Инцидентот, кко што пренесуваат хрватските медиуми, се случил ноќта меѓу понеделникот и вторникот. Патниците раскажале дека авионот полетал од Кипар со шест часа задоцнување, а потоа еден маж, за време на летот, како што се наведува, „консумирал бел прав“. Сведоци тврдат дека станувало збор за кокаин. Лицето…

Read More

Вкупно 17 цивили се убиени во руските ракетни напади вчера доцна во ноќта и рано утрото врз градот Харков. Уште двајца цивили загинаа во ракетниот напад на Русија врз градот Красноград, изјави началникот на регионалната воена управа на Харков, Олех Синиехубов на Телеграм, пренесува „Укринформ“. „Во текот на денот, спасувачите ги демонтираа уништените куќи. За жал, под урнатините беа извлечени уште седум тела на жртви. Оттука, до сега, седумнаесет цивили се убиени во Харков, вклучително и момче родено во 2009 година. Четириесет и двајца цивили се повредени“, напиша Синиехубов. Брачен пар беше убиен во сопствената куќа во Красноград, додека руски…

Read More

Ревискиот оркестар на Љупчо Мирковски вечерва на сцената „Долни Сарај“, во рамки на 62. издание на фестивалот „Охридско лето“, ќе одржи концерт во чест на македонскиот диригент и композитор Александар Џамбазов. Солисти на вечерта ќе бидат пијанистот Бобан Мирковски, сопранот Наде Талевска и тенорот Ѓорѓи Цуцковски, под диригентската палка на Љупчо Мирковски. Пред публиката ќе изведат познати композиции од маестро Џамбазов. Македонскиот композитор и диригент Александар Џамбазов почина на 25 јануари годинава, а зад себе остави богат творечки опус. Тој е автор на сценска и филмска музика, детски песни, дела од класичната музика, хорски песни, но и на голем број…

Read More

Во изминатите осум месеци во Мексико се убиени 18 новинари, што ја прави 2022 година најсмртоносна за медиумските работници во таа средноамериканска земја, објави организацијата за човекови права „Артикл 19“ (Article 19). „Тие соопштија дека во девет од 18-те случаи постои потенцијална поврзаност со нивната работа“, изјави регионалниот директор на организацијата, Леополдо Малдонадо. „Оваа, 2022 година, може да биде најлошата година на векот за новинарите“, рече Малдонадо. За нешто повеќе од осум месеци, бројот на убиства за 2022 година веќе ги надмина 13-те убиства регистрирани минатата година и 14-те регистрирани во 2020 година. Според организацијата, смртните случаи биле поврзани со…

Read More

Во јавноста се создаде погрешна перцепција дека историчарите од бугарскиот дел од Заедничката мултидисциплинарна комисија за историски и образовни прашања изразиле чувство на триумфализам во однос на усогласените решенија, оцени вчера министерот за надворешни работи Бујар Османи, додавајќи дека станува збор за маргинална група историчари во Бугарија кои се на маргините на политичката дебата и се поставени провокативно кон овој процес. И членовите на македонскиот тим на Историската комисија нагласија дека „ликувањето“ и „славењето победа“ од страна на некои бугарски историчари е несериозно и претставува лажен триумфализам, кој само пречи на работата на Комисијата и на добрите односи меѓу македонскиот…

Read More