Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Европскиот суд на правдата го одзеде имунитетот на поранешниот каталонски премиер Карлес Пучдемон како европратеник, објави весникот „Ла Вангуардија“. Во март оваа година, Европскиот парламент го укина пратеничкиот имунитет на поранешниот лидер на Каталонија и на уште двајца каталонски политичари, но на почетокот на јуни, потпретседателот на Судот на ЕУ времено ја суспендира таквата одлука. Во мандатот на Пучдемон како премиер на Каталонија, се спроведе референдумот за независност на автономниот шпански регион во 2017 година. Тој подоцна избега во Белгија. За време на изборите за Европарламент во 2019 година, Пучдемон беше избран за европратеник, но властите во Шпанија побараа од…
Бројот на смртно настрадани лица во шумските пожари на јужниот турски брег се искачи на четири во текот на денешниот ден, трет во тешката битка на пожарникарите со огнената стихија што предизвика евакуација на десетина села и неколку хотели. Само оваа недела се појавија над 60 шумски пожари во 17 провинции на турскиот брег на Егејското и на Средоземното Море, изјавија официјални лица со ветување дека секој кој е одговорен за пожарите ќе биде фатен. Селата и хотелите што се евакуирани се наоѓаат во туристичките подрачја, а телевизиски снимки прикажуваат како бегаат луѓе по полиња, немоќно гледајќи како огнот се…
Американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) опиша дека Делта сојот на коронавирусот е подеднакво пренослив како и малите сипаници, објави „Њујорк Тајмс“, повикувајќи се на документ на ЦДЦ. Во извештајот, исто така, се наведува дека Делта сојот на ковид-19 е веројатно посилен од заштитата што ја даваат вакцините, пренесува агенцијата „Ројтерс“. Новото истражување открива дека вакцинираните луѓе кои се заразиле со Делта сојот, носеле огромни количини на вирусот во носот и во грлото, рече директорката на ЦДЦ, Рошел Валенски и додаде дека Делта сојот е попренослив од САРС, од ебола и од големи сипаници. Наредниот непосреден чекор…
Чешката Влада денеска донесе одлука според со која се нудат два дополнителни дена годишен одмор за државните службеници кои ќе се вакцинираат против ковид-19, соопшти премиерот Андреј Бабиш. Чешката Република, која има 10,7 милиони жители, соопшти дека до 29 јули биле дадени 10,19 милиони дози и дека 4,74 милиони луѓе се целосно вакцинирани. – Целта е да имаме максимална вакцинација, да се заштитиме од инфекција од странство, рече Бабиш. Тој додаде дека вакцинацијата е главната задача. Од почетокот на пандемијата, во Чешка се регистрирани 1.673,219 милиони случаи на коронавирус, а од последици на вирусот досега починаа 30,363 лица.
Во албанското пристаниште Драч е откриена и запленета нова количина на кокаин во контејнер со овошје, нарачка за компанијата „Алба Егзотик Фрут“ (Alba Exotic Fruit), за која и претходно беше откриена дрога во две пратки. Полицијата информира дека во продолжение на акцијата со кодно име „Рада“ биле извршени проверки и како резултат на истражните дејствија пронајдени се и запленети 7,25 килограми кокаин. – Во продолжение на акцијата „Рада“ започната на 13.07.2021 година, во пристаништето во Драч, каде што беа пронајдени и запленети 11,675 кг. кокаин, а на 23.07.2021 година уште 6,5 кг., како резултат на истражните дејствија, пронајдена и запленета е…
Доколку работите се одвиваат според предвидениот тек, земјава во 2023 година практично ќе нема граници со Албанија и со Србија. Ова го предвидува иницијативата „Отворен Балкан“ што вчера во Скопје ја потпиша премиерот Зоран Заев со албанскиот колега Еди Рама и српскиот претседател Александар Вучиќ во присуство на повеќе од 350 претставници од бизнис секторот од целиот регион. Лидерите на трите земји потпишаа договори за Заедничка реакција на природни и други катастрофи, Дозвола за граѓаните да работат во трите држави и за Помош за стоките да се движат без непотребно одложување. Целта на иницијативата „Отворен Балкан“ е создавање на една…
Египетскиот суд донесе смртни пресуди за 24 членови на организацијата Муслиманско братство кои беа обвинети за убиство на полицајци во два одделни случаја. Тие се осудени за поставување на бомба во полициски автобус во египетската провинција Бехеира во 2015 година, при што загинаа тројца полицајци, а повеќемина беа повредени. Додека вториот случај се однесува на убиство на полицајци во 2014 година. Осуммина од обвинетите ги дочекаа пресудите во бегство. Муслиманско братство во 2013 година е прогласена за терористичка организација, по едногодишниот претседателски мандат на Мохамед Морси.
Британската влада ќе инвестира 338 милиони фунти за промоција на одење пеш и за изградба на нови велосипедски патеки. Целта е зголемената пандемиска употреба на велосипеди, како превозно средство, да остане трајна, а во насока на напорите за намалување на емисијата на штетни гасови. Со инвестицијата, што претставува зголемување на буџетот за 30 проценти за активно патување, возењето велосипед и пешачењето ќе станат полесни и побезбедни. Според владата, во 2020 година километрите поминати со велосипед по англиските патишта се зголемени за 46 отсто. – Минатата година, милиони од нас откриле дека возењето на велосипед и пешачењето се одлични начини да…
Италијанските области продолжуваат да се борат со големиот број на шумски пожари, јави агенцијата ДПА. Од различни региони се добиени 234 барања за помош со цистерни и авиони во борбата со огнената стихија. Активни пожари има во Калабрија на Сицилија и на островот Сардинија. Повеќето од нив започнале поради небрежност или биле предизвикани намерно. Во моментот има 240 активни пожари низ целата држава. На Сардинија, каде почна битката со пожарите во минатиот викенд, избувнаа нови во провинцијата Ористано, при што беше евакуиран и камп во областа Базилика. На Сицилија, во Агриџенто, пожарникарите се обидуваат да се справат со пожар на…
Се повеќе луѓе во САД ќе работат од дома во иднина, а ако на сите Американци им се овозможи висококвалитетен пристап до интернет, тоа може да доведе до одржлив раст на продуктивноста на работниците и зголемување на економското производство од околу 160 милијарди долари годишно. Тоа е главниот заклучок од студијата објавена вчера од вашингтонската група Аспен за економска стратегија. Пред пандемијата, работата од дома имаше удел од околу пет проценти во вкупниот фонд за работните денови. Тој процент драстично се зголеми за време на пандемијата, бидејќи Американците остануваа во своите домови за да избегнат инфекција. Според Стивен Дејвис, економист…
Компанијата Фејсбук ги зголеми приходите на 29 милијарди долари во вториот квартал оваа година што е за над 10 милијарди долари повеќе во однос на истиот период лани. Сепак, компанијата наведе дека растот на приходите „значително ќе забави“ во втората половина на 2021 година. Забавувањето на продажбата се очекува да се случи по посилниот раст, по периодот на локдаун кога компаниите користеа огласи преку интернет за да стигнат до потрошувачите, јави „Би-Би-Си“. Вредноста на акциите на Фејсбук се намали за пет проценти по работното време на берзата. Основачот и извршен директор на компанијата, Марк Цукерберг оцени дека претходниот квартал бил силен,…
Најдобриот светски тенисер, Србинот Новак Ѓоковиќ, се пласираше во полуфиналето на олимпискиот турнир во Токио по победата над домашниот тенисер Кеи Нишикори со 6:2, 6:0, за што му беа потребни околу 70 минути. Ѓоковиќ, кој освои бронзен медал на Игрите во Пекинг во 2008 година, за противник во полуфиналето ќе го има поуспешниот од натпреварот меѓу петтиот тенисер на светот, Германецот Александар Зверев и Французинот Жереми Шарди. Втората полуфинална двојка на турнирот во Токио ја сочинуваат Пабло Карењо Буста од Шпанија и Карен Хачанов од Русија.