Author: Sashko

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) известува дека денеска започна етапната исплата на јулските пензии, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од ковид-19. Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички, ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата. За денеска се предвидени исплати на пензии до 11.000 денари, утре (28 јули) се исплаќаат пензии од 11.001 до 14.000 денари, задутре (29 јули) од 14.001 до 18.000 денари, а во петок (30 јули) оние над 18.001 денар. Од МТСП укажува дека пензионерите кои…

Read More

Американскиот Центар за контрола и превенција на болести и Стејт департментот предупредија дека не треба да се патува во Шпанија, во Португалија, на Кипар и во Киргистан поради зголемениот број на инфекции на коронавирус во тие земји. ЦДЦ го зголеми ризикот за патување за тие земји на „ниво четири: многу високо“ и апелира до Американците да избегнуваат патувања, додека Стејт департментот препорачува да не патуваат во тие земји. Шпанија во јуни повторно ги отвори своите граници и оттогаш е популарна дестинација за американските туристи. Здравствените власти во САД се загрижени и за зголемениот број на заболени лица во Израел, на…

Read More

Македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски се пласира во полуфиналето на Олимпискиот турнир во Токио. Утрово, во категоријата над 80 килограми, тој го победи Сејду Гбане од Брегот на Слоновата коска со 9:4 и за место во големото финале ќе се бори против Јужнокореецот Ин. Полуфиналната борба е закажана претпладнево, во 9:45 часот по македонско време. Воведните две минути од четвртфиналето минаа во резервираност и тактика од двајцата таеквондисти. Борбата се разгори во втората рунда што ја доби Георгиевски со 3:1 по што презеде доминација и заслужено славеше на крајот против Гбане.

Read More

Руското државно биро, задолжено за набљудување на интернетот, „Роскомнадзор“ го блокира сајтот navalny.com на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални кој од јануари се наоѓа во затвор, како и уште 48 други на лица и на организации поврзани со него, соопшти денеска тимот на Навални. Рускиот суд во јуни го одобри барањето на обвинителите за организациите поврзани со Навални да бидат прогласени за екстремистички, по што беа забранети, јавија британските медиуми. Блискиот сојузник на Навални, Леонид Волков, на социјалната мрежа Телеграм напиша дека тимот наскоро ќе објасни како планира да ја заобиколи блокадата. Навални во февруари беше осуден на затворска казна…

Read More

Додека глобалниот пазар на ТВ права за спортски натпревари стагнира поради пандемијата на ковид-19, а екипите на англиската Премиер лига ќе добијат помалку пари во иднина одошто беше случај во минатото, цените на Балканот скокаат со неверојатно темпо. Според извештајот на специјализираната веб-страница Спорт Бизнис Медиа, регионот на Балканот, што ги вклучува Србија, Хрватска, Словенија, БиХ и Црна Гора, е еден од најактивните во купувањето ТВ права на спортски настани. Седум од 10-те најскапи спортски натпревари имаат корист од жестоката конкуренција на овој пазар во изминатата година и остварија значително поголеми приходи. Просечното зголемување на вредноста на овие зделки изнесуваше…

Read More

Џудистката Нора Џакова го обезбеди вториот златен медал за Косово на Олимписките игри во Токио. Таа беше најдобра во денешните борби во категоријата до 57 килограми, откако во финалето ја совлада Французинката Сара Леони. Претходно, злато за Косово обезбеди и Дристија Красниќи. Со два златни медала, Косово во моментов е на седмото место во пласманот според освоени најсјајни одличја на Игрите во Јапонија.

Read More

Во просториите на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска беа извлечени двојките за новата сезона во Првата лига. Актуелниот првак Шкендија во првото коло ќе гостува во Кавадарци кај Тиквеш. ПМФЛ, сезона 2021/22, двојки за 1 коло Тиквеш – Шкендија Брегалница – Шкупи Работнички – Борец Македонија Ѓ.П. – Пелистер Академија Пандев – Струга Ренова – Скопје Новото издание на Првата македонска фудбалска лига ќе стартува на 7/8 август.

Read More

Хорст Ешлер, 82-годишен Германец од Минстер донираше еден милион евра на организацијата „Актион Лихтблик“, која во моментот им помага на жртвите од поплавите во Германија. Покрај тоа, Ешлер го повика и својот омилен фудбалски клуб Баерн Минхен да им даде повеќе пари на жртвите. Досега тимот, заедно со колегите од Келн и гигантот „Дојче Телеком“, даруваше 100.000 евра за жртвите преку организацијата. – Не бидете воздржани. Знам дека не сте такви и давате многу пари во добротворни цели. Но, во сегашната ситуација, мора да „копнете подлабоко во џебот, инсистира тој. Бројот загинати од разорните поплави во Германија надмина 141 лица.…

Read More

Двајца антиваксери против ковид-19 се уапсени вчера во Гродиск Мазовиецки во Полска при обид со група демонстранти насилно да влезат во центар за имунизација против коронавирусот. Две лица се полесно повредени во тепачка со персоналот и припадниците на обезбедувањето во центарот за вакцинација, објави полската полиција. – Добивме повик дека група луѓе се обидуваат да влезат во зградата на центарот за вакцинација. Имаше тепачка меѓу нив и персоналот на центарот. Повикавме брза помош за две лица кои беа полесно повредени. Групата демонстранти потоа заминаа. Уапсивме двајца, изјави портпаролката на локалната полиција, Катажина Зих. Протестите пред центарот за вакцинација беа организирани…

Read More

Легендарниот фудбалер и поранешен селектор на репрезентацијата на Југославија, Иван Топлак, почина во Марибор на 90-годишна возраст. На клупата на „сините“, Топлак седеше на осум натпреварувања, но најголемиот успех го постигна како селектор на олимпискиот тим, со кој најпрво го освои четвртото место на Игрите во Москва во 1980 година, а потоа и бронзениот медал во Лос Анџелес во 1984 година. Овој феноменален олимписки тим, кој со своите игри и резултати го привлече вниманието на целата спортска јавност, беше составен од Драган Стојковиќ, Бора Цветковиќ, Мирсад Бачиќ, Милко Ѓуровски, Владо Шапчиќ, Митар Мркела, Среќко Катанец, Љуба Радановиќ и многу други…

Read More

Српскиот епидемиолог и член на Кризниот штаб, Предраг Кон денеска истакна дека епидемиолошката состојба во државата е влошена и уште повеќе ќе се влошува, очекувајќи оваа недела бројот на новозаболени да надмине 300 лица. Тој со сигурност нагласи дека во наредниот период ќе има четирицифрен број на нови инфекции на дневна основа, дека околу 300 лица се хоспитализирани во моментот, но не очекува притисок врз здравствениот систем како што беше кога имаше повеќе од 9.000 хоспитализирани во Србија. На прашањето кога може да се очекува врв на четвртиот бран, Кон за ТВ Пинк рече дека нагорната линија трае осум недели…

Read More

Во САД е регистриран нов неделен максимум на инциденти со огнено оружје. Во периодот од 17 до 23 јули имало 915 случаи во кои загинале 430 лица, а 1.007 биле повредени, јави „Ен-Би-Си“ и организацијата Gun Violence Archive. Статистичките податоци покажуваат драстично зголемување на тој вид на инциденти во последните години. Во 2020 година, 43.000 Американци ги загубија животите како последица на огнострелни рани. Оваа година, бројот на загинати достигна 23.000, а повеќе од 800 од жртвите биле на возраст под 18 години. Американскиот претседател Џо Бајден предложи голем број на прогресивни мерки за намалување на најсериозните пропусти во правниот…

Read More