Македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски се пласира во полуфиналето на Олимпискиот турнир во Токио.

Утрово, во категоријата над 80 килограми, тој го победи Сејду Гбане од Брегот на Слоновата коска со 9:4 и за место во големото финале ќе се бори против Јужнокореецот Ин. Полуфиналната борба е закажана претпладнево, во 9:45 часот по македонско време.

Воведните две минути од четвртфиналето минаа во резервираност и тактика од двајцата таеквондисти. Борбата се разгори во втората рунда што ја доби Георгиевски со 3:1 по што презеде доминација и заслужено славеше на крајот против Гбане.