Американскиот Центар за контрола и превенција на болести и Стејт департментот предупредија дека не треба да се патува во Шпанија, во Португалија, на Кипар и во Киргистан поради зголемениот број на инфекции на коронавирус во тие земји.

ЦДЦ го зголеми ризикот за патување за тие земји на „ниво четири: многу високо“ и апелира до Американците да избегнуваат патувања, додека Стејт департментот препорачува да не патуваат во тие земји.

Шпанија во јуни повторно ги отвори своите граници и оттогаш е популарна дестинација за американските туристи.

Здравствените власти во САД се загрижени и за зголемениот број на заболени лица во Израел, на Западниот брег и во појасот Газа, а Стејт департментот им препорачува на потенцијалните патници „да ги преиспитаат“ патувањата во Израел.

ЦДЦ и Стејт департментот подигнаа на „ниво 3“ за Ерменија што значи дека невакцинираните патници треба да избегнуваат патување во таа земја, освен ако не е потребно.