Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Откако премиерот Зоран Заев изјави дека ќе бара согласност од партиите за локалните избори во државата локалните избори да се одржат на 31 октомври, со цел да се избегне нивно поклопување со пописот, од опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагираа дека премиерот на своја рака, без консултација со останатите партии, бара поместување на датумот од средината на октомври и побараа изборниот процес да се одржи на 17 октомври. Од друга страна, ДУИ информираа дека за нив е прифатлив кој било датум за одржување на изборите. – Имаме причина за одложување на изборите, а тоа секако е пописот кој ќе се спроведува во септември,…
Премиерот Зоран Заев во интервју за емисијата „Конфликтна зона“ на „Дојче веле“ изјави дека се надева на решение на спорот со Бугарија со новата влада во Софија. – Големо е разочарувањето и траумата кај граѓаните по блокадата на европскиот пат на Северна Македонија, но земјата нема да бара алтернативи, вели премиерот Заев во интервјуто. Во спротивно, нагласува тој, ќе и посакаме среќа на Албанија сама да продолжи на европскиот пат. Заев зборуваше за шансите за решение на спорот со Бугарија, за претстојниот попис, за корупцијата во земјата и за опасноста за регионот, доколку продолжи одложувањето на интеграциите во ЕУ. -…
Владеачката СДСМ вечерва одржа трибина во Пробиштип насловена како „Најдоброто“. Пред присутните членови и граѓани, меѓу другите, се обрати и генералниот секретар на партијата, Љупчо Николовски кој нагласи дека „се гради низ целиот Исток“. – Се гради низ целиот Исток. Се градат и реконструираат патишта запоставени по 30, 40 и 50 години. Во време на СДСМ, отстранети се сите пречки и изграден е автопатот Скопје-Штип, изграден е експресниот пат од Три Чешми до Крупиште, а во петок ќе биде пуштен и патот од Крупиште до Пробиштип, еден од главните приоритети кој беше битен инфраструктурен капитален проект. Истокот не смее да…
Резолуцијата за македонските црвени линии што ја иницираше ВМРО-ДПМНЕ, според најавите на лидерот Христијан Мицкоски, ќе биде ставена на дневен ред во македонското Собрание во текот на утрешниот ден. Тој апелира со сите политички партии да го поддржат документот со кој, како што истакна, се зацврстуваат националните позиции во спорот со Бугарија, но порача дека е неопходен и за почетокот на пристапните преговори со Европската Унија (ЕУ). – Колку што имам информација, Резолуцијата ќе биде ставена на дневен ред во Собранието во текот на утрешниот ден. Очекувам поддршка од сите политички партии во Парламентот, без условувања и без демагогии, без…
Европскиот првак во пливање на 400 метри мешано, Русинот Иља Бородин (18), ќе ги пропушти Олимписките игри (ОИ) во Токио поради позитивен тест на коронавирус. Тој бил позитивен на тестирањето во тренинг кампот во Владивосток во пресрет на заминување за Токио. – Бородин беше позитивен на ковид-19, што значи дека нема да учествува на Олимписките игри во Токио, соопшти Руската пливачка федерација. Во соопштението се додава дека сите други пливачи и тренерскиот персонал се негативни на коронавирус. Бородин на ланското Европско првенство во Будимпешта го освои златниот медал во трката на 400 метри мешано со време од 4:10:02 минути што е светски јуниорски и…
Олимписките Игри во Токио веќе почнаа со натпреварувачкиот дел, иако свечената церемонија на отворање не е одржана. Денешниот ден беше резервиран за фудбалскиот турнир во женска конкуренција, а наскоро ќе имаме можност да гледаме и бројни пливачки трки. Меѓу пливачките кои во Јапонија пристигнаа со желба за медал и, секако, одбрана на златото од Рио, секако, е Данката Пернил Блум. Таа важи за една од најатрактивните спортистки на претстојната Олимпијада, а, освен со провокативни фотографии, вниманието врз себе го сврте и со една изјава. Блум во Рио се закити со златен медал во трката на 50 метри во слободен стил,…
Австралиецот Џејми Кермонд (36) кој се натпреварува во коњички спорт (прескокнување пречки) е суспендиран од Олимписките игри во Токио, откако покажа позитивни резултати на кокаин. Тестирањето било направено на 26 јуни, а од асоцијацијата на јавачи соопштија дека му даваат поддршка на Кермонд. – Резултатот од тест е веројатно последица на еднократна употреба на кокаин за време на општествен настан кој нема врска со мојот спорт. Многу сум вознемирен, се каам и во целост ја прифаќам одговорноста. Жалам што ги изневерив луѓето, вклучувајќи ги членовите на семејството и тимските колеги, изјави Кермонд по изречената суспензија. Според австралиската антидопинг политика, Кермонд…
Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ги одржа 13-та и 14-та седница. Членовите на оваа комисија не дискутираа за предлогот за избор на судии на Уставниот суд, иако оваа точка беше на дневен ред на 13-та седница. Пред утврдување на дневнниот ред на 14-та седница, во процедурална забелешка пратеникот Антонио Милошоски говореше за стенограмските забелешки од седницата. Според него, целта е со вакви, како што рече, скандалозни водења на седниците да се покријат контраверзните предлози за избор на уставни судии, како што е генералниот секретар на СДСМ, Цветанка Иванова и други, според него, неистакнати правници да бидат…
Две вили се опожарени од кои едната целосно изгоре во големиот пожар во атарот на општина Карбинци. Пожарот е почнат пред околу еден час, но поради ветерот зафатена е голема површина на земјоделско земјиште и култури, а во опасност се доведени и други објекти. Градоначалникот на Општина Карбинци, Јордан Насев вели дека од едната вила евакуирано е едно лице со инвалидитет. Пожарот се шири брзо поради ветерот и веќе е пристигнат кај препумната станица за вода во близина на село Радање. Насев вели дека е ангажирано месното население кое им помага на штипските пожарникари кои веднаш се јавиле и дошле…
Сегашните одредби од Кривичниот законик (КЗ) предвидуваат дека кривично дело е пуштањето во промет и продажбата на канабис и на другите опојни дроги, појаснуваат од Владата. – Личната рекреативна употреба на канабисот и денес не е кривично дело, но праксата покажува дека на терен постојат нејаснотии или злоупотреби и имаме ситуации кога лица кои користат канабис за лична употреба се теретат за наводна намера за продажба, брифираат од Влада. Од Владата очекуваат во измените на КЗ, кои се во тек, експлицитно да се потврди со јасна формулација дека личната употреба не е кривично дело, односно дека во затвор не може…
Трката од Светското првенство во мотоциклизам за Големата награда (ГН) на Тајланд, што беше закажана на 17 октомври на патеката Бурирам, е откажана поради пандемијата на ковид-19 и рестрикциите поврзани со коронавирусот, соопштија денеска организаторите. Во соопштението на компанијата „Дорна“, која ги има правата за трките од Светското првенство во мотоциклизам, се наведува дека „МотоГП се радува на враќање на трката пред исклучително страсните гледачи во Бурирам во 2022“. Ова е веќе четврта откажана трка од првичниот календар во МотоГП, по трките во Финска, во Јапонија и во Австралија. Сè уште не е познато дали и кога ќе се одржи…
Шведска стави крај на серијата од 44 натпревари без пораз на САД, совладувајќи го денеска актуелниот светски првак со 3:0 во премиерниот натпревар од групата Г на женскиот турнир во фудбал на Олимписките игри во Токио. Сензационалната победа на Швеѓанките на Олимпискиот стадион во Токио им ја донесоа двојниот стрелец Стина Блакстениус и Лина Хуртиг. Во првиот натпревар од групата Е, Велика Британија го совлада Чиле со 2:0, додека Бразил тргна победнички во групата Ф, декласирајќи ја Кина со 5:0. ОИ во Токио, фудбал (ж) Резултати, 1 коло Група Е Велика Британија – Чиле 2:0 Канада – Јапонија 1:1 Група…