Владеачката СДСМ вечерва одржа трибина во Пробиштип насловена како „Најдоброто“. Пред присутните членови и граѓани, меѓу другите, се обрати и генералниот секретар на партијата, Љупчо Николовски кој нагласи дека „се гради низ целиот Исток“.
– Се гради низ целиот Исток. Се градат и реконструираат патишта запоставени по 30, 40 и 50 години.
Во време на СДСМ, отстранети се сите пречки и изграден е автопатот Скопје-Штип, изграден е експресниот пат од Три Чешми до Крупиште, а во петок ќе биде пуштен и патот од Крупиште до Пробиштип, еден од главните приоритети кој беше битен инфраструктурен капитален проект.
Истокот не смее да скршне од овој курс, од овој прав пат. Затоа мора да продолжиме со поддршка на најдобрите концепти, на најдобрите кандидати, на најдобрите програми, а тоа го нуди СДСМ.
На секому му е јасно, сите знаат а тоа е потврдено и со анкети на јавното мислење, „Најдоброто“ е во СДСМ.