Author: Sashko
Посебен сообраќаен режим ќе се спроведува денеска во центарот на Скопје поради протестен марш, во oрганизација на здруженијата на граѓани – коалиција „Менуваме“. Како што најави Министерството за внатрешни работи (МВР), протестот ќе започне во 18 часот пред Владата, а потоа ќе продолжи до Собранието. Од тие причини, Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот, односно од 14:30 часот до завршување на настанот затворена за сообраќај ќе биде улицата „11 Октомври“, а за време на движењето мерки за посебен режим на сообраќајот ќе се преземат и на булеварот „Илинден“, десно по булеварот „ВМРО“…
Верниците од исламска вероисповед денеска го слават празникот Курбан Бајрам, вториот најголем празник на муслиманите по Фитр Бајрам. На првиот ден од празникот се изведува молитвата за Бајрам – Бајрам намаз, со која верниците бараат милост од Алах. Карактеристично за овој празник е принесувањето жртва – курбан. Како курбан најчесто се принесуваат овни или телиња. Обичајот го изведуваат сите кои имаат можност, а тие кои принеле жртва, потоа им раздаваат од месото на сиромашните, соседите и на роднините. Курбан Бајрам трае три дена, а прославата почнува 70 дена по првиот Бајрам во годината, Фитр Бајрам, и го обележува денот кога…
Останува да процениме дали градинките ќе работат со полн капацитет од септември. Ќе го почитуваме мислењето на здравствените власти, на Комисијата за заразни болести која будно ја следи епидемиолошката состојба, рече вечерва министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска. Сепак, таа е оптимист и, како што истакна во гостувањето на ТВ Сител, очекува мирна есен. Според неа, градинките се една од поуспешните приказни во справување со пандемијата. – Со систематски пристап, редовни надзори и почитување на протоколите од страна на вработените и родителите, имаме заокружување на успешен период. Добро поминавме, добри беа показателите, добро беше присуството на деца во…
Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска очекува пратениците да ги изгласаат измените на Законот за стечајци пред да заминат на годишен одмор. Законот, според Шахпаска, би почнал да се имплементира кон средината или крајот на септември, а со него ќе бидат опфатени 1.100 стечајци или вкупно 13.000. – Според информациите Предлог-законот ќе биде на следната седница во Собрание, на 22 јули, по неколку дена, а оди во скратена постапка. Штом се отвори на оваа седница, има можност пратениците да го изгласаат пред да одат на годишните одмори. Јас сум оптимист. Законот стапува веднаш во сила, но со оглед…
По завршената амандманска расправа во комисиите на Собранието, Владата го дополни предлогот за ребалансот на Буџетот за 2021 година. Дополнетиот ребаланс ќе биде вратен во Собранието за да биде усвоен на пленарна седница. -Приоритетите до крајот на 2021 година ќе бидат насочени кон справување со последиците од пандемијата, преку зголемување на обемот на инвестициите со директна поддршка на активностите на компаниите, отворање на нови работни места преку активните мерки за вработување, како и поддршка и развој на микро, мали и средни претпријатија. Ова подразбира дека поддршката ќе се реализира преку креирање развојни фондови и слични инструменти за поддршка на извозни…
Има сериозни реакции околу последното зголемување на пензиите во јавноста, но и ние сме свесни дека усогласувањето е мало и недоволно. Лошо е да давате ветувања кога има пандемија во светот и кога не знаете во кој правец таа ќе се движи, но одговорно тврдам дека оваа власт ќе ги испочитува законските решенија. Пензискиот фонд е стабилен, приходите во него се поголеми од претходната година, а пензиите ќе продолжат да растат, рече вечерва министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска. Таа потсети дека исплатата на пензиите е редовна, а пензионерите двапати во годината го добиваат законското усогласување според порастот…
Владата на денешната 88 седница го утврди текстот на Предлог-законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци, кој е усогласен со повеќе меѓународни акти. Една од новините е формирање на Агенцијата за контрола на одгледувањето и екстракцијата на канабис и производство на канабис и препарати од канабис за медицински и научни цели, која работите од својата надлежност, ги врши врз основа на начелата на законитост, стручност, професионалност, одговорност, ефикасност и транспарентност. Како што соопшти владината прес-служба, во Предлог-законот се транспонирани повеќе рамковни одлуки и директиви на Европскиот парламент и на Европскиот совет за усогласување на оваа дејност со регулативата…
Владата им препорачува на деловните банки да обезбедат за пензионерите да може да располагаат со јулските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 27-ми во месецов, како и да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи по распоред составен според висината на пензијата, соопшти владината прес-служба. На денешната седница на Владата е усвоена Информацијата за исплата на пензии за јули 2021 година, а Фондот на пензиското и инвалидското осигурување добил задолжение да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 26-ти месецов. Според препораката од Владата, за пензии…
Продолжува пинг-понгот на релација собранискиот спикер – ВМРО-ДПМНЕ. Талат Џафери веќе врати едно барање за интерпелација од опозициската партија, со образложение, според член 136 од Деловникот, дека е неуредна во отсуство на новото уставно име на земјава. ВМРО-ДПМНЕ денеска, сепак, возрати со ново барање за интерпелација на Талат Џафери и повторно без додавката „Северна“. Според координаторот на пратеничката група, Никола Мицевски претходното нивно барање било неосновано одбиено од првиот човек на законодавниот дом. ВМРО-ДПМНЕ, со поддршка од Левица, поднесе интерпелација против Џафери за противуставното обраќање на албански јазик во Европскиот парламент и покрај тоа што македонскиот е службен јазик за…
Од 2008 година кога светот ја живееше големата финанасиска криза, за првпат во првиот квартал од оваа година е регистриран најголем квартален раст на нефункционалните кредити во банкарскиот сектор во земјава. Неизвесноста поради пандемијата, но и поради темпото со кое се одвива вакцинацијата се клучните фактори кои невестуваат натамошно остварување на кредитните ризици на кои се изложени банките, пишува „Порталб“. Дури 40 отсто од „замрзнатите“ кредити поради корона-кризата сега се „нефункционални“. За три месеци вкупните нефункционални кредити зголемени за 9,3 милиони евра ! На крајот на март оваа година заврши временото одложување на отплатата кај околу 94 отсто од кредитите…
Со чартер-лет на туроператорот „ТУИ“ денеска на охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“ од Ајндховен пристигнаа првите туристи од земјите на Бенелукс кои, организирано преку агенција, ќе летуваат на Охридското Езеро. Со тоа после подолг период, наметнат поради епидемијата на коронавирусот, повторно се воспоставуваат редовните сезонски линии од Холандија до Охрид. Предвидено е оваа сезона туроператорот „ТУИ“ до Охрид да оперира со две авионски линии неделно, со предвидувања дека преку агенцијата оваа сезона тука да летуваат повеќе од 3.200 туристи од Бенелукс. Министерот за економија Крешник Бектеши изрази надеж дека после забраните што резултираа со намалување на бројот гости, пристигнувањето на…
На граничниот премин Табановце има зголемена фреквенција на возила и времето на чекање за влез и излез од државата е околу 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања, соопшти Автомотосојузот на Македонија (АМСМ) во извештајот за состојбата на патиштата во 18 часот. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. АМСМ го пренесува известувањето на компанијата СТРАБАГ АГ дека од задутре целосно ќе биде затворен сообраќајот на делницата помеѓу клучките Штип-Запад до клучка Штип-Југ. Сообраќајот ќе биде пренасочен на веќе…