Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

На аеродромот „Свети Апостол Павле“ во Охрид слетаа првите туристи од Холандија

0
By Sashko on July 19, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, July 19, 2021 18:51

Со чартер-лет на туроператорот „ТУИ“ денеска на охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“ од Ајндховен пристигнаа првите туристи од земјите на Бенелукс кои, организирано преку агенција, ќе летуваат на Охридското Езеро.

Со тоа после подолг период, наметнат поради епидемијата на коронавирусот, повторно се воспоставуваат редовните сезонски линии од Холандија до Охрид. Предвидено е оваа сезона туроператорот „ТУИ“ до Охрид да оперира со две авионски линии неделно, со предвидувања дека преку агенцијата оваа сезона тука да летуваат повеќе од 3.200 туристи од Бенелукс.

Министерот за економија Крешник Бектеши изрази надеж дека после забраните што резултираа со намалување на бројот гости, пристигнувањето на првите туристи од Холандија ќе означи почеток на помасовно присуство на туристи во земјата.

– Како Министерство правиме големи напори да им олеснеме на странците да доаѓаат тука. Освен со олеснување на мерките ги исполнуваме и сите меѓународни обврски како што е обезбедувањето безбедносен печат за сите капацитети и со тоа да ја поместиме земјата во „безбедната“ зона. Нашите проекции се дека оваа година ќе имаме зголемен број странски туристи и поголем број ноќевања споредбено со минатата, рече Бектеши.

Тој истакна дека во насока на подобрување на ситуацијата во областа на туризмот, Владата на денешната седница го усвоила и ребалансот на Буџетот, со кој од претходно предвидените 1.300, бројот ваучери за домашни гости е зголемен на четири илјади.

Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Љупчо Јаневски рече дека полека се остваруваат оптимистичките предвидувања за зголемување на бројот странски туристи споредбено со лани.

– Според нашите предвидувања, оваа сезона ќе дојдеме на ниво во туризмот од 2017 година. Тоа значи и понатаму субвенционирање на странските туристи, а се надевме и работиме на анализи за подобрување на моделот за субвенционирање бидејќи се менуваат одредени правила и целни групи во туристичката сфера, рече Јаневски.

Последните мерки што ги воведе Полската влада за задолжителен карантин на туристите што биле на одмор во Македонија во голема мерка го намали очекуваниот број, особено оние што требаше да летуваат преку организирани аранжмани.

Според субјектите кои соработуваат со полски агенции и тур-оператори што ја нудат државава како дестинација, бројот на туристи од Полска оваа година е 20 до 30 проценти од она што било планирано. Иако полските туристи се меѓу најбројните летово во Охрид, сепак претежно се тоа индивидуални посети во сопствена режија, далеку помалку групни летувања со два чартер-лета седмично.

Јаневски изрази очекувања дека ситуацијата врзана за ограничувањата во Полска ќе се подобри, дека луѓето кои не се вакцинирани нема да мора задолжително да одат во карантин. Како мерка за олеснување на пристапот на туристите во државава Агенцијата заедно со Министерството за економија обезбеди 50.000 бесплатни ПЦР тестови што ќе им помогнат при враќањето на оние туристи на кои им е потребен.

Мерката за субвенционирање на агенциите кои организирано ќе носат странски туристи во земјата и натаму е во сила, со предвидени субвенции од 65 евра за гости од Холандија, односно 35 евра за гости од Полска од реализиран аранжман за три ноќевања со појадок.

Македонија Охрид туристи Холандија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.