Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Анализа: Сè потешко се враќаат долгови – нефункционалните кредити со раст од 21,4 отсто

0
By Sashko on July 19, 2021 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, July 19, 2021 19:05

Од 2008 година кога светот ја живееше големата финанасиска криза, за првпат во првиот квартал од оваа година е регистриран најголем квартален раст на нефункционалните кредити во банкарскиот сектор во земјава. Неизвесноста поради пандемијата, но и поради темпото со кое се одвива вакцинацијата се клучните фактори кои невестуваат натамошно остварување на кредитните ризици на кои се изложени банките, пишува „Порталб“. Дури 40 отсто од „замрзнатите“ кредити поради корона-кризата сега се „нефункционални“.

За три месеци вкупните нефункционални кредити зголемени за 9,3 милиони евра !

На крајот на март оваа година заврши временото одложување на отплатата кај околу 94 отсто од кредитите коишто беа под мораториум поради пандемијата. Банките го „одмрзнаа“ мораториумот, но и по завршување на овој рок, дел од граѓаните не продолжија со навремена исплата на ратите за кредитите. Најновите податоци на Народната банка на Македонија (НБМ) кои се однесуваат на првиот квартал од годинава покажуваат дека само за три месеци салдото на вкупните нефункционални кредити се зголемило за 4,8 отсто или за 9,3 милиони евра. Клучно е растот на нефункционалните кредити е предводен од домаќинствата, односно граѓаните.

– Имајќи ја предвид неизвесноста околу времетраењето на последиците од пандемијата на коронавирусот и последователната неизвесност околу редовноста на клиентите во отплатата на кредитите, како и фактот дека грејс периодот истече кај речиси сите кредити за коишто банките извршија промена на договорните услови, во наредниот период може да се очекува зголемено остварување на кредитниот ризик и раст на нефункционалните кредити кај банките, соопштија од НБМ со објаснување дека дека регулаторните мерки што ги презеде Народната банка во доменот на управување на кредитниот ризик, придонеле за забавување на остварувањето на кредитниот ризик, барем во делот на создавање нови нефункционални кредити.

Кои се најпроблематични кредити за отплата? – Граѓаните најмногу должат по основ на станбени и на потрошувачки кредити на кои отпаѓаат најголем дел од нефункционалните кредити. Влошување на портфолиото имало и кај кредитните картички. Нефункционалното кредитно портфолио составено од домаќинствата, квартално порасна за 21,4 отсто или за 10,3 милиони евра.

– Околу 80 отсто од растот на нефункционалните кредити на домаќинствата отпаѓа на нефункционалните потрошувачки кредити. Новите нефункционални кредити од домаќинствата се главно поради неисполнување на кредитните обврски на повеќе клиенти на поединечни мали износи, за коишто отплатата на кредитите беше „замрзната“ во еден дел од 2020 година заради корона-кризата. Нефункционалните кредити каде што претходно било одобрено олеснување зафаќаат речиси 40 отсто од вкупните нефункционални кредити на домаќинствата на 31.3.2021 година и во целост го условуваат кварталниот раст на вкупните нефункционални кредити на овој сектор, објаснуваат од НБМ.

                                 Нефункционални кредити ( квартал 1)

Нефункционални потрошувачки кредити                          +27,3%           +8,3 милиони евра

Нефункционалните кредитни картички                              +41,1%           +1,5 милиони евра

Нефункционални други кредити                                          +28,4%      +850 000 евра

Статистиката на банките покажала дека најпроблематични „клиенти“ се оние кои се соочуваат со финансиски проблеми, односно имаат нестабилни месечни примања и главно се од најпогодените економски сектори.

За разлика од домаќинствата, кај фирмите на квартално ниво регистрирано е намалување на салдото на нефункционални кредити за 0,6 отсто или за скоро 900.000 евра, а овој тренд е пред сè резултат на отписот на долгови.

– Нефункционалните кредити бележат различни движења кај одделните економски дејности, и тоа значителен пад кај клиентите од градежништвото и текстилната индустрија, а поизразено зголемување кај дејностите во врска со недвижен имот, хемиската индустрија и, трговската дејност. Намалувањето на нефункционалните кредити кај одделните дејности се должи на задолжителните отписи, наведуваат од НБМ.

Сепак, и фирмите генерираа нови нефункционални кредити, а предводници се неколку поголеми компании кои се стекнале со „нефункционален статус“, а на кои претходно им бил одобрен грејс-период заради состојбите поврзани со ковид-19. Нефункционалните кредити коишто произлегуваат од кредити кои беа под мораториум зафаќаат 10,7 отсто од вкупните нефункционални кредити на претпријатијата.

Како резултат на ваквите движења, квалитетот на кредитното портфолио на банките, мерен преку учеството на нефункционалните во вкупните кредити на нефинансискиот сектор се влошил за 0,1 процентен поен, во првиот квартал од 2021 година. По 2008 година кога светот, па и Македонија, се соочија со глобалната финанасиска криза, во првите три месеци од годинава забележан е највисок раст на нефункционалните кредити. Во првиот квартал од годинава износот на кредити кои се „реструктуирани“ поради ковид-кризата изнесува 16,6 милиони евра, а дури 65 отсто од вкупните реструктурирани кредити се сконцентрирани кај една банка од групата големи банки.  Во истиот период се зголемува и износот на пролонгирани кредити за скоро 22,7 милиони евра.

Банките, во договор со Владата, дозволија „амрзнување“ на отплата на кредити во одреден временски период. Тоа се случи во два наврати како антикризна мерка која требаше да му помогне на приватниот сектор. Сегашните состојби покажуваат дека и по истекот на оваа можност, граѓани и фирми не продолжија со редовно подмирување на долговите, што резултираше со пораст на нефункционалните кредити на ниво на целиот банкарски сектор. Сепак стрес-тестирањата на НБМ ја потврдиле отпорноста на банкарскиот систем на симулираните шокови.

банки домаќинства економија компании кредити Македонија НБМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.