Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Заедничко истражување на седум универзитети во Велика Британија покажало дека младите кои се или биле хоспитализирани поради ковид-19 имаат подеднаква можност за компликации на здравствената состојба, како и на луѓето кои се повозрасни од 50 години. Четири од 10 лица на возраст меѓу 19 и 49 години имале проблеми со бубрези, со бели дробови и други органи за време на лекувањето, јави „Би-Би-Си“. Студијата вклучува 73.197 лица во 302 болници во Велика Британија за време на првиот бран на коронавирусот во 2020 година. – Пораката е дека ова не е болест што ги погодува само постарите лица и ранливите, рече…
Официјален Кремљ денеска ја отфрли идејата за одобрување на странски вакцини против ковид-19 во Русија, иако властите се трудат да ги поттикнат сонародниците, кои имаат сомнеж кон руските производи, да се вакцинираат. – Имаме наши вакцини, ги имаме четири, зарем тоа не дава можност за избор?, праша портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков пред новинарите. Тој истакна дека „засега не се разгледува“ прашањето за одобрување на употребата на странски вакцини во Русија. Европската агенција за лекови (ЕМА) го разгледува барањето за одобрување на руската вакцина „Спутник В“ во земјите на ЕУ. Песков нагласи дека взаемното признавање на вакцините меѓу ЕУ…
Западна Германија ја погоди силно невреме. Обилните дождови предизвикаа уривање на најмалку шест куќи, бројот на исчезнати и настрадани лица расте од час во час. Најпогодени области се Северна Рајна Вестфалија и Рајна Палатинат каде наврнаа неверојатни 148 литри дожд на квадратен метар. Firefighter among those killed by Germany floods. Fire brigade Vehicle submerged in flood water #Germany #floods #ClimateEmergency pic.twitter.com/Y2VmXdtbgB — Fridays For Future Uganda (@Fridays4FutureU) July 15, 2021 Според последните информации, загинаа најмалку 33 лица, а 70 се водат како исчезнати во невремето што ја погоди Западна Германија во ноѓта меѓу средата и четвртокот, пренесува „Би-Би-Си“. Flood in…
Во позадина на интензивирање на билатералните односи, новиот парламент може да ја ревидира својата рамковна позиција и да даде зелено светло за старт на преговори Автор: Борјан Јовановски Кој е Славеј Трифонов? – Каква влада ќе има Бугарија? – Како ќе се постави во однос на Македонија и иднината на проширувањето на ЕУ? – Одговор на овие прашања побаравме од Весела Чернева, директорка на софиското биро на Европскиот совет за надворешна политика. Нова ТВ: Каква порака праќаат граѓаните на Бугарија со повторување на изборите? Чернева: Слабата излезност на изборите покажа дека бугарските граѓани не сметаат дека треба постојано да ја…
Генералниот директор на албанската полиција Арди Велиу предупреди дека „секој кој ќе се движи со оружје без дозвола ќе биде уапсен“. Според него, само во првите пет месеци од оваа година, полицијата запленила 500 парчиња на оружје од различен калибар, додека за поседување оружје без дозвола приведени се 400 лица. – Во повеќето случаи, полицијата запленила старо оружје што беше одземено од воените магацини за време на познатите мартовски немири во 1997 година. Но, неодамна, според полициски извори, има зголемување на оружјето што е понов модел, пренесува „Ора њуз“. Пред извесно време полицијата открила 18 бази за оружје и уапсила…
Европската Комисија (ЕК) утрово најави активирање на механизмот за цивилна заштита за да ѝсе помогне на Белгија во справување со последиците од поплавите кои досега однесоа најмалку два човечки живота, јави дописничката на МИА од Брисел. Цивилниот механизам за заштита на ЕУ им овозможува на земјите членки и земјите учеснички во него, да побараат итна помош и координација во случај на хуманитарна или природна катастрофа. Белгија од вчера се соочува со масовни поплави на југот и истокот од земјата. Две лица се починати, а се трага по десетици исчезнати. Утрово е забележано и уривање на неколку куќи поради дождовите, а…
Организацискиот комитет (ОК) на Олимписките игри (ОИ) во Токио објави дека странски спортист бил позитивен на коронавирусот. Спортистот сега ќе мора да мине низ 14-дневен карантин. Спортот во кој треба да се натпреварува и земјата што ќе ја претставува не се наведени. Лице, според јапонските медиуми, сè уште не го посетило олимпиското село, но ова е прв случај на позитивен тест за ковид-19 меѓу спортисти кои треба да бидат сместени таму. Олимписките игри во Токио 2020 ќе се одржат од 23 јули до 8 август.
Амазонската прашума позната и како „бели дробови на светот“ во моментот емитува повеќе јаглерод диоксид отколку што е во состојба да апсорбира, објавија за првпат научниците. Според најновата студија, емисиите на јаглерод диоксид изнесуваат една милијарда тони годишно. Повеќето од овие емисии се предизвикани од пожари што воглавно биле предизвикани од луѓе кои расчистуваа дрвја за правење на пасишта. Но, истражувањето сега, исто така, покажува дека дури и без директна човечка интервенција, поради екстремно високите температури и честите суши, емисиите на јаглерод ќе продолжат да растат. Ова откритие е особено загрижувачко затоа што досега се сметаше дека амазонската прашума е одговорна…
Властите во Колумбија, во заедничка операција со колегите од Панама и од САД, запленија 5,4 тони кокаин, во вредност од 185 милиони долари. Моторниот чамец со кој се превезувала дрогата бил забележан од панамските служби, а кога впловил во колумбиските територијални води бил пресретнат колумбиската крајбрежна стража, соопштија колумбиските власти. На глисерот биле пронајдени 81 вреќи со кокаин, а во брегот биле скриени уште 147 пакети со дрогата. Кокаинот припаѓал на криминалната банда Клан дел Голфо, чиј лидер Дарио Антонио Усуга, познат како Отониел, е еден од најбараните наркодилери во Колумбија. Колумбиските безбедносни сили во 2020 година запленија околу 505…
Од почетокот на јуни до крајот на минатата недела, Црна Гора потрошила околу 300.000 евра за бесплатно ПЦР-тестирање на туристите кои престојуваат во државата, објави весникот „Вијести“. Според црногорскиот Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), од почетокот на јуни до 2 јули биле направени 5.689 ПЦР-тестови врз странски државјани во Црна Гора кои чинеле по околу 50 евра. Помалку од еден процент од тестираните биле позитивни, односно ковид-19 е регистриран кај 44 лица. ИЈЗ не одговори на прашањата колку позитивни туристи биле хоспитализирани, дали и колку од нив барале лекување во здравствени домови и болници, колку биле тестирани и колку биле…
Безживотни тела на двајца мажи беа пронајдени во хотел на Флорида (САД), којшто некогаш беше вила во сопственост на модниот дизајнер Џани Версаче. Телата го пронашла собарка, по што веднаш била известена полицијата во Мајами Бич која започна истрага. Причината за смртта, мотивите и идентитетот на жртвите сè уште не се познати. Инаку, денеска се одбележува 24-годишнината од убиството на модниот дизајнер Џани Версаче. Тој беше убиен на прагот пред својот дом во Мајами Бич во 1997 година од серискиот убиец Ендрју Кунанан. Вилата во која беа пронајдени телата „Каза казуарина“ е изградена во 1930 година, а Версаче ја купи…
Вчера, на територијата на град Скопје, во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот се изречени вкупно 275 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 57 санкции, 24 за возење без возачка дозвола, а 31 прекршок што ги чинат возачите на мотоцикли. Од Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска соопштија дека се изречени 17 санкции за користење мобилен телефон, 16 за возење под дејство на алкохол, девет за возач почетник, пет за некористење сигурносен појас, пет за минување на затворен сигнал (црвено светло) и 64 санкции за непрописно паркирање. Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат, најавија од…