Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Владејачката СДСМ вечерва ќе одржи седница на Извршниот одбор (ИО) на која треба да бидат потврдени првите дваесетина кандидати за градоначалници на локалните избори што треба да се одржат во втората половина на октомври. По седницата се очекува да бидат соопштени првите официјални кандидати за градоначалници. Засега во јавноста беше потврдено дека за градоначалник на Скопје повторно ќе се кандидира Петре Шилегов, претседателот на СДСМ Зоран Заев на локален настан во Валандово објави кандидатура на тамошниот актуелен градоначалник Перо Костадинов, а според информации во партијата извесно е дека повторно кандидати за градоначалници ќе бидат кандидирани и актулените први луѓе на…
На вакциналните пунктови во државата, заклучно со вчера, се вакцинирани вкупно 428.081 граѓани. Прва доза на вакцина против ковид-19 во текот на вчерашниот ден примиле 6.413 граѓани, а вкупно се вакцинирале 9.335 граѓани. Досега во државата вкупно се аплицирани 676.620 дози вакцини, а ревакцинирани се 248.539 граѓани. Вакцинацијата, како што посочуваат од Министерството за здравство (МЗ), се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а интересот за имунизација секојдневно се зголемува. Со последните бројки, 56 проценти од населението над 70 години, 53 отсто од населението над 65 години и 49 отсто од населението над 60 години е вакцинирано со барем…
Досега се целосно реконструирани 56 објекти и ќе продолжат инвестициите за обезбедување на подобри услови за вработените, но и за подобра услуга за граѓаните, напиша на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на неговиот официјален фејсбук профил. – Еден од стратешките приоритети за раководството на Министерството за внатрешни работи е создавање на подобри услови за вработените, со цел полицијата да прерасне во поквалитетен сервис за граѓаните. За последните десет месеци реконструиравме осум објекти, а моментно работиме на дополнителни седум што ќе бидат целосно готови до крајот на 2021 година, објави Спасовски. Управни служби Кавадарци, ОВР Крива Паланка, ОВР Гевгелија, ОВР…
Припадници на Министерството за внатрешни работи (МВР), вчера во рамки на засилените контроли за безбедност во сообраќајот, изрекоа 224 казни од кои 60 за возење со поголема брзина од дозволената, 40 за прекршоци што ги чинат пешаците, 14 за возење без возачка дозвола и 12 за мотоциклисти. Како што соопшти денеска МВР, изречени се седум санкции за користење на мобилен телефон, девет за возење под дејство на алкохол, пет за недавање првенство на минување на пешаци, четири за минување на затворен сигнал (црвено светло), 45 санкции за непрописно паркирање. Од МВР најавуваат дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и натаму…
Со одбележување на првиот час по македонски јазик во старото училиште „Димитар Влахов“ во селото Љубојно, во саботата започна првиот мултимедијален фестивал во овој регион – „Преспаленд 2021“. Традиционалниот базар и локалните гурмански приказни беа надополнети со настапи на групата „Перија“ и виртоузот на канон и сах, Џенгиз Ибрахим, како и на „Поетри слем Македонија“. Во неделата на плажата Сливница, се одржа вториот фестивалски ден, каде што многубројната публика имаше можност да ужива во концертите на дуото Дац и Александар и Владо Јаневски. Следните настани во чест на Илинден и Преспанското советување, ќе се одржат на 1-ви и 2-ри август…
Поголемата вклученост на жените во банкарскиот сектор и воопшто во сите општествени сегменти, носи бројни економски придобивки за целото општество. Истражувањата за централнобанкарската заедница упатуваат дека поголемото учество на жените во телата за одлучување за монетарната политика значи и поголемо ниво на ценовна стабилност. Ова го посочи гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска во интервју за документарниот магазин „Приказна“, посветено на вклученоста на жените во банкарскиот сектор. Во документарниот магазин беше истакнато дека Народната банка е позитивен пример за инклузијата на жените, како од аспект на нивната застапеност во вкупната и управувачката структура, така и од аспект на валоризацијата на…
Во очекување на конечните резултати од завчерашните вонредни парламентарни избори во Бугарија и со надеж дека по нив ќе се формира функционален парламент и политичка влада што ќе овозможи продолжување за разговорите за повлекување на бугарското вето за старт на преговорите на С. Македонија со ЕУ, властите во Скопје порачаа дека за земјава не постои друга алтернатива освен европската интеграција и нема простор за евроскептицизам, но и дека условите за влез во Унијата мора да бидат на линија на европските вредности. Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров вчера во обраќање на меѓународниот симпозиум Сими во Грција, порача дека случајот на…
Ние како СДСМ, како влада решивме наместо да инвестираме во палми, во непродуктивни споменици, кои блештат од корупција, да инвестираме во луѓе и во нивните потреби, истакна секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Бојан Маричиќ на граѓанската трибина во Ресен под мотото „Најдоброто за нашата општина“. Маричиќ нагласи дека сите политики што се прават имаат една цел, а тоа е да се помогнат на граѓаните во решавање на нивните проблеми. – Затоа градиме праведни политики, за добро на граѓаните, подвлече Маричиќ, додавајќи дека во изминатиот период 11 ставки од дејноста на извршителите се укинати како трошоци, рапидно се намалени и…
На третиот состанок на Работната група за канабис која се одржа денеска во Владата на Република Северна Македонија, на покана на членовите од Здружението на производителите на медицински канабис, присуствуваше и Стефани Вилмот од Канада, консултант за правни прашања и добри производни практики, познати како GMP стандарди (Good Manufacturing Practice) и процеси за примена на лиценци. Со членовите на работната група, Стефани Вилмот сподели искуства и информации за начинот на кој во Канада е легализирана медицинската и личната употреба на канабисот. Таа се осврна на тековните стандарди, вклучително и добрите производни практики (GMP) за хербални медицински препарати. Беа објаснети повеќе…
Србија најверојатно ќе воведе трета доза на вакцина против ковид-19, а препораките до граѓаните ќе бидат објавени до 1 август, објави белградска „Политика“ во денешното издание. Според весникот, Националното тело за имунизација има постигнато принципиелен договор за аплицирање на уште една доза на вакцина за вакцинирани граѓани. Ова се однесува, пред сè, на оние со слаб имунитет поради други болести, на лица со автоимуни заболувања, на оние кои примаат терапија со која се потиснува имунитетен одговор и пациенти со трансплантирани органи. Дополнителна доза на вакцина ќе се препорача за оние над 80 години кои имаат некое заболување, како и за…
Додека родителите на шестмесечниот Бошко Гуглета од Нови Сад, кој боледува од спинална мускулна атрофија тип 1 (СМА), со помош на добри луѓе се борат да соберат пари за „золгенсма“, најскап лек за оваа неуромускулна болест, се соочија со срамна кражба на хуманитарната кутија со донации во едно кафуле на Лебедово брдо во Белград, пренесува „Новости“. Веста ја објавија родителите на малиот Гуглета на Фејсбук профилот „И Бошко да ја победи СМА“. – Оваа ситуација многу нè растажи. Денеска се јавуваме многу тажни, бидејќи на сета мака што нè снајде, дојде уште еден удар за нас како родители. Во едно…
Србите, кои тргнаа на годишен одмор, најдоа начин како да се искулираат додека чекаат да мине гужва на границата и ова стана хит, пишува белградскиот портал Ноизз. – Деновиве има огромен метеж на границите, особено кон некои морски дестинации каде Србите одат на одмор. Една од најпосетуваните локации е Грција, но сега до неа побавно се доаѓа затоа што има бесконечни колони пред секоја граница. Така, се чекаше и на границата со С. Македонија по неколку часа, а снаодливите Срби смислија како да го убијат времето без да се крчкаат во автомобил. Еден TикТокер објави ситуација на граница каде може…