Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Работна група за канабис: Разгледани канадските искуства за медицинска и лична употреба

0
By Sashko on July 13, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, July 13, 2021 08:58

На третиот состанок на Работната група за канабис која се одржа денеска во Владата на Република Северна Македонија, на покана на членовите од Здружението на производителите на медицински канабис, присуствуваше и Стефани Вилмот од Канада, консултант за правни прашања и добри производни практики, познати како GMP стандарди (Good Manufacturing Practice) и процеси за примена на лиценци.

Со членовите на работната група, Стефани Вилмот сподели искуства и информации за начинот на кој во Канада е легализирана медицинската и личната употреба на канабисот. Таа се осврна на тековните стандарди, вклучително и добрите производни практики (GMP) за хербални медицински препарати.

Беа објаснети повеќе аспекти кои ги опфаќаат прописите за здраво и безбедно одгледување на канабисот, за контрола на квалитетот во сите аспекти на производството и тоа за: неопходноста од научно истражување за примена на канабисот како лек за специфични болести, важноста на правилното инспекциско работење за да се обезбеди дека нелегалниот канабис не влегува во медицинскиот пазар и пазарот за лична употреба, вклучително и целосни контролни механизми за следење на одгледувањето и производството на канабис, заштитата на малолетници, и даночните придобивки од легализацијата на канабисот.

На состанокот се разгледаа потребите и можностите за проширување на листата на дијагнози за кои канабисот може да се препише од доктор за медицинска употреба, за што во периодот што следува ќе бидат дефинирани конечните решенија.

Работната група ги разгледуваше и можностите за обезбедување декриминализација на канабисот во рамки на тековната дискусија за измени на Кривичниот законик, а со цел да се отстранат недостатоците во спроведување на правото во оваа област.

Во рамки на работната група се изработува и компаративна анализа на моделите по однос на статусот на употреба на канабисот во 10 различни земји од регионот, Европа и светот (Португалија, Холандија, Чешка, Шпанија, Канада, Колорадо (САД), Калифорнија (САД), Израел, Хрватска и Албанија) која ќе обезбеди темелен преглед на политиките за канабис согласно утврдените критериуми.

На третиот состанокот на Работната група за канабис учествуваа претставници од Министерството за здравство, Министерството за правда, Министерството за внатрешни работи, Кабинетот на премиерот, Здружението на токсиколози, Психијатриската асоцијација, Факултетското студентско собрание при Фармацевтски факултет, Хелсиншкиот комитет за човекови права, ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, Коалицијата маргини, Здружението Операција Ослободување, Здружението за канабис и зелени политики Билка, НВО коалиција Канабис институт Пелагонија, Здружението на производителите на медицински канабис, Иновативната фармацевтска индустрија и од Факултетот за земјоделски науки и храна при УКИМ.

Влада Искуства канабис Канада Македонија Работна група Употреба
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.