Припадници на Министерството за внатрешни работи (МВР), вчера во рамки на засилените контроли за безбедност во сообраќајот, изрекоа 224 казни од кои 60 за возење со поголема брзина од дозволената, 40 за  прекршоци што ги чинат пешаците, 14 за возење без возачка дозвола и 12 за мотоциклисти.

Како што соопшти денеска МВР, изречени се седум санкции за користење на мобилен телефон, девет за возење под дејство на алкохол, пет за недавање првенство на минување на пешаци, четири за минување на затворен сигнал (црвено светло), 45 санкции за непрописно паркирање.

Од МВР најавуваат дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и натаму и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.