Досега се целосно реконструирани 56 објекти и ќе продолжат инвестициите за обезбедување на подобри услови за вработените, но и за подобра услуга за граѓаните, напиша на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на неговиот официјален фејсбук профил.

– Еден од стратешките приоритети за раководството на Министерството за внатрешни работи е создавање на подобри услови за вработените, со цел полицијата да прерасне во поквалитетен сервис за граѓаните. За последните десет месеци реконструиравме осум објекти, а моментно работиме на дополнителни седум што ќе бидат целосно готови до крајот на 2021 година, објави Спасовски.

Управни служби Кавадарци, ОВР Крива Паланка, ОВР Гевгелија, ОВР Кавадарци, Полициско одделение Ростуше, Војнички клуб Илинден за потребите на САЕ „Тигар“, ОВР Ресен, Полициско одделение Дојран, посочи Спасовски, се објектите во кои беше извршена целосна реконструкција и санација на кров, фасади со енергетска ефикасност, промена на ПВЦ столарија, електрична инсталација, термичка изолација, греење по сите современи стандарди за квалитет и вредности во секојдневното живеење.

Во тек е реконструкција на СВР Куманово, на ОВР Крушево, на ОВР Прилеп, на Полициското одделение Чашка, на Полициско одделение Ранковци и на Полициска канцеларија Старо Нагоричани.

– Од 2017 година до денеска, целосно се реконструирани 56 објекти со што континуирано се креираат подобри услови за сите вработени во Министерството за внатрешни работи. Се работи на создавање на задоволна полиција, за задоволни граѓани, напиша министерот Спасовски на неговиот ФБ профил.