Author: Sashko

Јубилејни 30 години постоење денеска ќе одбележи Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ). На 30 јули во 1991 година беше формиран УПОЗ како правен наследник на Републичкиот одбор на управата, правосудството и финансиските организации на Македонија. Според најавата од УПОЗ, на прославата, покрај нивни членови ќе присуствуваат министрите за правда, Бојан Маричиќ и за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири, како и претставници на повеќе синдикати од странство. По повод јубилејот ќе биде промовирана монографија насловена „Синдикат на УПОЗ од формирање до денес“, преку која ќе биде пренесен развојниот пат на Синдикатот. Ќе бидат…

Read More

По детектирање на индиската варијанта на коронавирусот кај пациенти во земјава, можно е воведување на мерки на границите при влез во Македонија, но не и реорганизација на она што сега функционира како што се отворени установи со протоколи. Заклучно со вчерашниот ден, во државава се регистрирани 10 случаи на Делта сојот, а вкупно се активни 141 случај на ковид-19. Од понеделник ќе почне теренската вакцинација, а ќе се дозволи и вакцинирање на деца од 12 до 16 години со вакцината на „Фајзер“. Министерот за здравство Венко Филипче вчера информира дека до крајот на неделава со членовите на Комисијата за заразни…

Read More

Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ за евроинтеграцискиот пат на државата и црвените линии во однос на националните прашања, ќе биде доставена во Собрание најдоцна до утре. Од опозициската партија очекуваат таа да биде прифатена од сите парламентарни групи. Поддршка на документот дадоа пратениците од македонскиот блок партии, ДУИ бара дополнително усогласување, додека Алијанса на Албанците и Алтернатива својот став го најавија за денеска. Откако ќе влезе во собраниска процедура, претседателот на Собранието Талат Џафери треба да ја стави на пленарна седница. – Укажуваме на недозволивоста и неприфатливоста за ексклузивно присвојување на историјата идентитетот, традициите и каков било облик на хегемонизам, без оглед…

Read More

Град Скопје денеска ќе го презентира системот на брз автобуски јавен превоз БРТ  во Скопје. На презентацијата ќе учествуваат градоначалникот Петре Шилегов, помошник директорот на ЕБОР, Ијан Џенинкс, сообраќајниот експерт од областа на јавен градски превоз, Никола Крстаноски, сообраќајниот експерт за БРТ, Градимир Стефановиќ и генералниот менаџер на РОМ Инженерство, Мош Хрш. Проектот се реализира со кредит од 70 милиони евра обезбеден од Европската банка за обнова и развој. Новиот урбан транспортен систем предвидува воведување на приоритетни автобуски коридори што ќе бидат наменети за енергетски ефикасни или хибридни автобуси, кои ќе обезбедат брз, удобен и економичен јавен превоз. Иновативните компоненти…

Read More

Времето во земјава ќе биде претежно сончево и многу топло, со слаб до умерен ветaр од северен. Утринската температура ќе се движи од 12 до 22 степена, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени. УВ-индексот ќе изнесува 9. Во Скопје времето ќе биде сончево и многу топло со утринска температури од 19 степени, а дневната ќе достигне до 39 степени. И утре нè очекува многу топло време, но облачноста ќе се зголемува, а кон крајот на денот ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветар. Нестабилно на повеќе места ќе биде во деновите од викендот,…

Read More

Двајца мажи се уапсени за пукањето во холандскиот новинар Питер Р. де Вријс, кој се бори за живот во болница во Амстердам, и во петок се очекува да бидат изведени во судница, соопшти полицијата во средата. Де Вријс, кој добил повеќе закани за својата работа во покривање на криминалното подземје, бил застрелан со пет куршуми, вклучително и еден во главата по напуштање на ТВ студио на радиодифузерот РТЛ во Амстердам, пренесуваат локалните медиуми Пукањето предизвика шок и осуда низ цела Европа. Холандскиот премиер Марк Руте го нарече нападот „шокантен и неразбирлив“. Тој за време на прес-конференција рече дека обидот за…

Read More

Извлечени се уште 10 тела од урнатините на станбената зграда во Флорида, со што бројот на жртви достигна 46 лица, а повеќе од сто лица сè уште се водат за исчезнати и по 14 дена откако се урна повеќекатницата со долга историја на проблеми. Заменик-началникот на пожарната служба на Мајами-Даде, Рид Џадала, денеска им соопшти на членовите на семејствата на жртвите дека уште десет тела се извлечени од урнатините и „остатоците на уште некои тела“. Работниците следени од бурниот ветер и дожд се уште трагаат низ здробениот бетон на местото каде некогаш беше зградата „Шамплејн Тауерс југ“ во Сурфајд, фрлајќи…

Read More

Втор ден по ред во Грција е регистриран зголемен број нови случаи на ковид-19, вкупно 1.820 новозаразени од кои повторно најголемиот дел се во областа Атика, поширокиот регион на Атина, додека пак починаа девет лица, јави дописничката на МИА од Атина. Според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје на Грција, 1.061 случај е во Атика, 172 се на Крит, 51 во Солун, 50 во Јанина, 18 во Коринт, 14 на островот Миконос (кој веќе е во третата портокалова зона), 12 на Крф, пет на Халкидики итн. Од новите случаи, 21 е „увезен“ од кои шест биле откриени на…

Read More

Вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и генералниот секретар на Владата, Мухамед Зеќири во име на Владата денеска потпишаа договори со 33 компании за проекти за финансиска поддршка на индустријата и операторите за организација на настани, со задолжително ангажирање на домашни изведувачи за реализација на настани на теми со кои се одбележува 30 години независност на Северна Македонија, соопштија од прес-службата на Владата. – Задоволство ми е што денеска ги потпишуваме договорите кои се однесуваат за финансиска поддршка на индустријата и операторите за организација на настани, со задолжително ангажирање на домашни изведувачи за реализација…

Read More

Сопругата на убиениот претседател на Хаити, Мартинe Мари Етјен Жозеф, почина во болница од повредите, објави телевизискиот канал Телесур на Твитер. – Сопругата на претседателот на Хаити, исто така, почина од повредите што ги здоби во нападот врз резиденцијата на претседателот, се вели во соопштението. Претходно беше објавено дека првата дама на земјата е пренесена во болница. Претседателот на Хаити, Жовенел Моиз, беше убиен во напад кој синоќа беше извршен врз неговата резиденција. Моиз беше убиен околу 1 часот по полноќ по локално време од група напаѓачи кои отворија оган кон неговата приватна резиденција. Премиерот Клод Жозеф го повика населението…

Read More

Бугарија во наредните две години очекува да почне производството на електромобили на германската компанија e.GO Mobile, изјави денеска бугарскиот технички министер за економија, Кирил Петков, на брифинг во Советот на министри. Компанијата е една од двете со хомологација на ЕУ (издавање дозвола од официјално тело). Втората голема компанија во Бугарија, „Бош“, всушност ќе дава многу делови за овие автомобили и тие ќе бидат произведени во нашата земја, истакнал Петков. – Ние не зборуваме само за монтажа, туку зборуваме за кластер, како бугарските компании што произведуваат делови ќе им продаваат на компаниите за автомобили што се произведуваат во Бугарија за извоз,…

Read More

Во објектот на Турски театар во Скопје вчера било пронајдено починато лице. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР), случајот во СВР Скопје бил пријавен вчера околу 18 часот . Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција.

Read More