Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Засега нема консензус: Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ во Собрание најдоцна утре

0
By Sashko on July 8, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, July 8, 2021 08:01

Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ за евроинтеграцискиот пат на државата и црвените линии во однос на националните прашања, ќе биде доставена во Собрание најдоцна до утре. Од опозициската партија очекуваат таа да биде прифатена од сите парламентарни групи. Поддршка на документот дадоа пратениците од македонскиот блок партии, ДУИ бара дополнително усогласување, додека Алијанса на Албанците и Алтернатива својот став го најавија за денеска. Откако ќе влезе во собраниска процедура, претседателот на Собранието Талат Џафери треба да ја стави на пленарна седница.

– Укажуваме на недозволивоста и неприфатливоста за ексклузивно присвојување на историјата идентитетот, традициите и каков било облик на хегемонизам, без оглед на тоа од каде доаѓа, изјави вчера пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски.

Цениме, рече тој, дека оваа резолуција треба да биде прифатена со консензус на сите пратеници затоа што тоа е еден долг кон граѓаните.

– Содржината е целосно избалансирана и како таква може да биде од голема помош за Владата на Република Македонија во спроведување на нашиот надворешно-политички приоритет, затоа што содржината е добра намера и со позитивен контекст којшто може да помогне во натамошно градење на добрососедските односи на рамноправен и принципилена основа и во прилог на забрзување на нашите евроинтеграциски процеси, смета Муцунски.

За Резолуцијата вчера зборуваше и портпаролот на Владата Душко Арсовски кој рече дека на Собранието е да предлага, да расправа и да одлучува за резолуции и слични документи и иницијативи.

– Позициите на Владата во однос на македонскиот идентитет и македонскиот јазик се познати, јасни и постојано потврдувани. Владата во секоја прилика кажува дека од нив нема да отстапи. Идентитетските црвени линии се јасни и за граѓаните и за меѓународната јавност, рече Арсовски.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, зборувајќи за позицијата на неговата партија во однос на Резолуцијата, кажа дека тие се на ставот оти овој процес треба да се почне од нула, да седнат политичките партии консензуално, а не да биде наметната од една парија.

– Се плашам дека од државна, со ваква резолуција можеме да преминеме во етничка позиција, вели Османи.

И покрај притисоците од опозицијата, посочи министерот, не навлеговме во негативен дискурс со Бугарија и пред очите на светот добивме признание дека сме во право.Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пак, возврати дека очекува ДУИ да застане зад интересот на своите сограѓани и да ја поддржи резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ за црвените линии во преговорите со Бугарија.

– Очекувам ДУИ да ги надмине своите милитантни однесувања и барем еднаш да застане зад интересот на нивните сограѓани Македонци како мнозинска заедница. Вистински да застане зад новата агенда што ја најави, а тоа е зелената агенда, и наместо химната, знамето и грубото кршење на Уставот од страна на Талат Џафери, да имаме навистина еден вистински државнички и братски однос во државава. И наместо да ги гледаме нашите лични интереси и интересите на соседите од другите држави, да ги гледаме интересите на соседите тука внатре, во нашата Македонија, тоа се интересите на мнозинскиот, македонскиот народ, рече Мицкоски во интервју за „Вечер прес“ на прашањето дали очекува да најде заеднички јазик и обединување и со албанските партии.

Мицкоски повтори дека црвените линии на ВМРО-ДПМНЕ се содржани во Резолуцијата што ја доставија до Собранието, и оти веќе направиле консултации со парламентарните партии и од власта и од опозицијата.

– Го поздравувам тоа што и СДСМ одлучи да ја поддржи Резолуцијата, бидејќи и во минатото, сега и во иднина, ВМРО-ДПМНЕ е столб околу кој се обединуваат македонските национални интереси и добро е што СДСМ по неколкудневни обвинувања кон мене лично, успеаја да се надраснат и да сфатат дека идентитетот нема алтернатива и да се обединат околу македонските национални интереси, рече Мицкоски.

На прашањето дали очекува поместување во разговорите со Бугарија, тој вели дека најпрвин ќе почека да види како ќе завршат изборите таму, закажани за 11 јули. И покрај тоа што СДСМ излезе со став дека ќе ја поддржи Резолуцијата, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ немале средба со нивните колеги од оваа партија.

Ставот, пак, на коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива ќе биде соопштен денеска.

– Ние како албанска опозиција, односно коалиција Алијанса за Албанците и Алтернатива, сигурно дека ќе имаме став за оваа работа, бидејќи сме еден многу битен политички фактор во државата, но знаете дека нашиот претседател Зијадин Села беше на едно патување во Америка и се врати пред два дена, рече портпаролот на коалицијата Шефик Дураку на прес-конференција во одговор на новинарско прашање.

Тој додаде дека ставот ќе биде официјално соопштен денеска од нивните претставници.

ВМРО-ДПМНЕ Македонија резолуција Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.