Јубилејни 30 години постоење денеска ќе одбележи Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ). На 30 јули во 1991 година беше формиран УПОЗ како правен наследник на Републичкиот одбор на управата, правосудството и финансиските организации на Македонија.

Според најавата од УПОЗ, на прославата, покрај нивни членови ќе присуствуваат министрите за правда, Бојан Маричиќ и за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири, како и претставници на повеќе синдикати од странство.

По повод јубилејот ќе биде промовирана монографија насловена „Синдикат на УПОЗ од формирање до денес“, преку која ќе биде пренесен развојниот пат на Синдикатот. Ќе бидат доделени и благодарници на истакнати членови и соработници на УПОЗ, кои континурано повеќе од 15 години, дале соодветен придонес и го афирмирале Синдикатот низ годините наназад.