Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Двајца осомничени за обидот за убиство на новинарот Де Вријс во петок пред суд

0
By Sashko on July 7, 2021 СВЕТ
Фото: reddit.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 7, 2021 22:19

Двајца мажи се уапсени за пукањето во холандскиот новинар Питер Р. де Вријс, кој се бори за живот во болница во Амстердам, и во петок се очекува да бидат изведени во судница, соопшти полицијата во средата.

Де Вријс, кој добил повеќе закани за својата работа во покривање на криминалното подземје, бил застрелан со пет куршуми, вклучително и еден во главата по напуштање на ТВ студио на радиодифузерот РТЛ во Амстердам, пренесуваат локалните медиуми

Пукањето предизвика шок и осуда низ цела Европа. Холандскиот премиер Марк Руте го нарече нападот „шокантен и неразбирлив“. Тој за време на прес-конференција рече дека обидот за атентат „е напад врз храбар новинар и исто така напад врз слободниот печат што е толку критичен за нашата демократија“.

– Ова е злосторство против новинарството и напад врз нашите вредности на демократијата и владеење на правото. Немилосрдно ќе продолжиме да ја браниме слободата на печатот, изјави претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел.

Полицијата во средата соопшти дека 35-годишен Полјак и 21-годишно момче од Ротердам, уапсени во автомобил на автопат во близина на Лајдшендам, се осомничени за директна вмешаност во пукањето и дека ќе бидат изведени пред суд во петок. Третото лице, кое беше уапсено во Амстердам, не е повеќе осомничено.

Полициските извори соопштија дека се извршени претреси на имот на повеќе локации, при што е запленета муниција и уреди за складирање на податоци.

Градоначалничката на Амстердам, Фемке Халсема во вторникот вечерта изјави дека Де Вријс е „сериозно повреден и се бори за живот“.

Таа го опиша како „национален херој“ кој се залагал за луѓето во неволја и ги држел истражителите на прсти. Пукањето беше „брутален, кукавички напад“, додаде таа.

Де Врис е еден од најпознатите новинари во Холандија и често се појавува на ТВ. Славата ја стекна во раните 80-ти години на минатиот век, пишувајќи за подземјето во Амстердам и за киднапирањето на магнатот Фреди Хајнекен. Во 2013 година, киднаперот на Хајнекен, Вилем Холидер, беше осуден за закани кон Де Врис.

Новинарот на 64-годишна возраст достигна ново ниво на слава со својата ТВ-програма, која опфаќаше многу кривични случаи од висок профил и беа емитувани од 1995 година и 2012 година. Де Вријс се здоби со меѓународно внимание во 2008 година со снимање на исповед на човек кој, во автомобил полн со скриени камери, призна дека има улога во исчезнувањето на Натали Холовеј, американска тинејџерка која исчезна на карипскиот остров Аруба во 2005 година .

Претставата ја гледале седум милиони гледачи во Холандија – што ја прави една од најпопуларните неспортски програми во историјата на холандската телевизија.

 

новинар обид за убиство осомничени Питер де Вријс Свет Холандија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.