Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Шкендија загуби од Мура на домашен терен со 0:1 во првиот меч од воведното квалификациско коло за Лигата на шампиони на УЕФА. Стрелец на единствениот гол за словенечкиот првак беше Лука Бобичанец во 28 минута од пенал. Тетовци во финишот на првото полувреме пропуштија шанса да ја поништат предноста на гостите, но Бесарт Ибраими не успеа да погоди од белата точка. Македонскиот шампион се обиде да стигне до израмнувачки гол во продолжение на средбата, но Игор, Мевљан Мурати и Бесарт Ибраими беа непрецизни, а во финишот се истакна и гостинскиот голман Обрадович кој ги одбрани ударите на Бејтулаи и Хебај.…
Интервју со Никица Корубин, магистер по археологија и историја на уметност и поранешен пратеник во Собранието на Република С. Македонија Нова ТВ: Корубин излеговте со став околу предложената Резолуција, како заеднички македонски одговор на бугарската позиција. Што е она што најмногу ви посмета во овој документ што ќе се најде и пред пратениците на усвојување? Корубин: Постојат повеќе проблематични аспекти со самата резолуција, но основниот е постоење на документ кој треба да дефинира што е тоа идентитет и притоа тоа го правиме самите за себе. Не знаеме што е нашиот идентитет? – На страна што идентитетот воопшто не е политичка…
Италија и Шпанија од 21 часот на „Вембли“ ќе играат во првото полуфинале на 16-то Европско првенство во фудбал. Победникот ќе игра во големото финале што е закажано на 11 јули против подобриот од утрешната пресметка меѓу Англија и Данска. „Азурите“, предводени од Роберто Манчини, играат најдопадлив фудбал на шампионатот и важи за фаворит меѓу неутралните гледачи, а добар дел од нив типуваат дека трофејот ќе заврши на Апенините. Но, Италијанците вечерва ќе играат без Леонардо Спинацола кој се здоби со тешка повреда во четвртфиналната средба против Белгија и пред него е пауза од најмалку шест месеци. Проблеми во пресрет…
Во изминатите 24-часа во Грција се регистрирани 1.797 нови случаи на ковид-19, починаа осум лица, а 168 пациенти се приклучени на апарати на Одделите за интензивна нега, јави дописничката на МИА од Атина. Од новите случаи, 1.026 се регистрирани во областа Атика, поширокиот регион на Атина, а осум се регистрирани на влезните точки во земјата. За разлика од минатата недела, зголемен е бројот и на направени тестови, вкупно 66.464 од кои 50.808 се рапид тестови, а останатите ПЦР. Негативен тест од вчера е задолжителен за невакцинираните лица, кои сакаат да патуваат на грчките острови, а бесплатни рапид тестирања се вршат…
Нема преживеани патници при падот на рускиот авион што денеска се урна на рускиот Далечен исток, објавија локалните новински агенции, повикувајќи се на спасувачките служби. Авионот „Ан-26“ со 28 лица, кој летал на релација од главниот град на регионот Петропавловск – Камчатски до Палана, место на север на полуостровот Камчатка, изгубил контакт со контролата на летање, соопшти Министерството за вонредни состојби. Повикувајќи се на официјални извори, „Интерфакс“ објави дека авионот удрил во рид додека се подготвувал да слета во лоши услови на видливост. Руските власти задолжени за цивилната авијација објавија дека местото на несреќата е пронајдено и спасувачките екипи пристигнале.…
Белгиските парламентарци ја одобрија резолуцијата предложена од Социјалистичката партија со која се бара вакцините против ковид-19 да станат јавно добро достапно за сите, јави дописничката на МИА од Брисел. Резолуцијата ја повикува владата на Белгија да се обрати до Европската Унија (ЕУ), до Обединетите Нации (ОН) и до Светската здравствена организација (СЗО) и да побара глобална стратегија, на светско ниво, која ќе овозможи жителите во сите земји, посебно најсиромашните, да имаат брз, евтин и еднаков пристап до вакцина против коронавирусот. Парламентарците потсетија дека колку подолго трае оваа криза толку поголем е ризикот од појава на нови соеви и мутации кои…
Ричард Донер, режисерот на „Супермен“ и „Смртоносно оружје“, почина на 92-годишна возраст. Тажната вест ја потврди неговото семејство. Донер имаше богата кариера како режисер и продуцент, особено во 1970-тите и 80-тите. Заслужен е за зачнувањето на модерната ера на суперхеројски филмови, со „Супермен“ со Кристофер Рив. Тоа тогаш се сметаше за ризична авантура, поради големиот буџет за специјални ефекти, кога популарноста на филмовите со стрип-ликови сè уште не беше докажана пред публиката. „Супермен“, снимен 1978 година, имаше огромен комерцијален успех и стана филм со најголема заработка во Северна Америка тогаш – 300 милиони долари. Беше номиниран за четири Оскари и…
Познатата италијанска ТВ-личност, пејачка, танчерка, актерка и водителка, Рафаела Кара почина на 78-годишна возраст. Кара глумеше во десетици филмови, меѓу кои и „Von Ryan’s Express“ од 1965 година, со Френк Синатра, комедијата „Scaramouche“, учествуваше во емисиите „Tempo di Danza“, „Il Paroliere“ и „Questo Sconosciuto“ и друго. Таа во 2013. се врати на екраните, како ментор во шоуто за таленти „Гласот на Италија“. Истата година го објави и нејзиниот последен албум „Replay“. Според „ТГКОМ-24“, Рафаела Кара починала по долго боледување од рак на белите дробови.
Одбраната и обвинетите во случајот „Организатори на 27 април“ денеска во Основниот кривичен суд во Скопје треба да ги дадат завршните зборови. Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, поранешните министри за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски. Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“. Кривичниот совет за овој случај го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Русковска. Шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Рускоска во своите завршни…
Во Собранието за денеска се најавени седници на Комисијата за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија. Комисијата за финансирање и буџет ќе ја продолжи вчера започната седница и тоа по Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, по скратена постапка, во второ читање. Со измените се предлага намалување на ДДВ-то за електрична енергија од 18 на 5 проценти. Пратениците расправаа по првиот амандман поднесен од ВМРО-ДПМНЕ со кој се бара стапката на данокот на додадена вредност за електрична енергија од пет проценти да важи не само за домаќинствата, туку и за компаниите и за…
Австрискиот канцелар Себастијан Курц, на Самитот на Берлинскиот процес за Западен Балкан, истакна дека Европската Унија (ЕУ) мора да ги исполни своите ветувања. – Унијата мора да го засили својот ангажман, имајќи ја предвид фрустрацијата во врска со нејзината улога на Западен Балкан. Ние мора да ги исполниме нашите ветувања, рече Курц. Курц изрази надеж дека ќе се постигне напредок за време на словенечкото претседателство. Тој ја поддржа иницијативата на словенечкиот премиер Јанез Јанша за одржување на Самит на ЕУ за Западен Балкан во октомври. Курц го подвлече ангажманот на Австрија за приближување на Западен Балкан кон Унијата и во…
Авион од типот „Ан-26“ во кој се наоѓале 29 лица, меѓу кои 23 патници и шестчлен екипаж, исчезна од радарите над рускиот полуостров Камчатка, објавија руските медиуми. Авионот на една локална авиокомпанија летал од Петропавловск-Камчатски (административен центар на територијата Камчатка) кон Палана кога прекинала врската со него. Авионот не слетал, соопштија властите и веднаш е почната истрага за случајот.