Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Курц: Европската Унија мора да ги исполни ветувањата кон Балканот

0
By Sashko on July 6, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, July 6, 2021 08:37

Австрискиот канцелар Себастијан Курц, на Самитот на Берлинскиот процес за Западен Балкан, истакна дека Европската Унија (ЕУ) мора да ги исполни своите ветувања.

– Унијата мора да го засили својот ангажман, имајќи ја предвид фрустрацијата во врска со нејзината улога на Западен Балкан. Ние мора да ги исполниме нашите ветувања, рече Курц.

Курц изрази надеж дека ќе се постигне напредок за време на словенечкото претседателство. Тој ја поддржа иницијативата на словенечкиот премиер Јанез Јанша за одржување на Самит на ЕУ за Западен Балкан во октомври.

Курц го подвлече ангажманот на Австрија за приближување на Западен Балкан кон Унијата и во тој поглед потсети на самитот што се одржа во Виена кон средината на јуни.

– Австрија секогаш ќе стои на страната на Западен Балкан, рече тој.

Според него, ЕУ е комплетна само кога сите земји од Западен Балкан ќе бидат членки на ЕУ и истакна дека е потребно да се зајакне соработката во областа на борбата против илегалната миграција.

– Бројот на илегални мигранти повторно расте и ние мора уште повеќе да ги поддржуваме нашите партнери на линијата на фронтот, рече тој.

Во исто време, Курц го поддржа инвестицискиот план на ЕУ за Западен Балкан.

Германија денеска беше домаќин на осмиот Самит на Берлинскиот процес, што се одржа во виртуелна форма со вклучување на претставници на земјите од Западен Балкан и функционери на ЕУ.

Австрија берлински процес ветувања ЕУ Западен Балкан Свет Себастијан Курц
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 3, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

ВЕСТИ May 3, 2026

Техеран преку Пакистан достави мировен план до Вашингтон со кој бара укинување санкции, повлекување на…

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.