Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Белгискиот парламент усвои Резолуција: Вакцините за ковид-19 како јавно добро

0
By Sashko on July 6, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, July 6, 2021 17:14

Белгиските парламентарци ја одобрија резолуцијата предложена од Социјалистичката партија со која се бара вакцините против ковид-19 да станат јавно добро достапно за сите, јави дописничката на МИА од Брисел.

Резолуцијата ја повикува владата на Белгија да се обрати до Европската Унија (ЕУ), до Обединетите Нации (ОН) и до Светската здравствена организација (СЗО) и да побара глобална стратегија, на светско ниво, која ќе овозможи жителите во сите земји, посебно најсиромашните, да имаат брз, евтин и еднаков пристап до вакцина против коронавирусот.

Парламентарците потсетија дека колку подолго трае оваа криза толку поголем е ризикот од појава на нови соеви и мутации кои можат да станат отпорни на вакцините.

Радикалната левица се воздржа при гласањето за оваа резолуција затоа што смета дека не оди доволно далеку. Начелно денеска парламентарците требаше да гласаат за резолуција во која ќе се бара целосно укинување на патентите врз вакцините. За Партијата на работниците на Белгија овој текст е само декларативна намера и остава простор за „доброволни лиценци“.

Што се однесува до екстремната десница, една партија се воздржа, другата гласаше против резолуцијата.

Белгија вакцини Јавно добро Ковид-19 парламент резолуција Свет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.