Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Собранието попладнево го верификува мандатот на новата пратеничка Даниела Николова од Коалицијата „Можеме“, која во законодавниот дом доаѓа на местото на Мирослав Богдановски. Претходно, Собранието ја констатира оставката на Богдановски, што тој не ја образложи на седница. Пратеникот Панчо Минов како претставник на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања информира дека го усвоиле Извештајот на Државната изборна комисија за Изборната Единица (ИЕ) 1, по поднесената оставка на пратеникот Мирослав Богдановски, согласно законската процедура, па редоследно се предлага Даниела Николова за преостанатиот дел од мандатот. Тој рече дека се спроведени сите законски обврски и процедури и предложи Собранието да го усвои…
Дел од Шар Планина од денеска е со статус на Национален парк што според министерот за животна средина, Насер Нуредини е историска одлука. За предложеното законско решение гласаа 66 пратеници во македонското Собрание, со што земјава го доби четвртиот национален парк по прогласувањето на последниот во 1958 година, а прв по осамостојувањето. – Со прогласувањето на Шар Планина за заштитено подрачје се овозможи воспоставување на систем за одржливо управување на подрачје кое е ризница на биодиверзитетот, дом на две третини од сите растителни видови во Северна Македонија и богат и ендемичен растителен и животински свет. Располага со исклучителни природни убавини,…
Фудбалерите на Украина ја совладаа Шведска со 2:1 во финишот на второто продолжение и се пласираа во четврт-финале на Европското првенство. Херој за победничката селекција беше резервистот Довбик со голот во, буквално, 120 минута од средбата. Украинците поведоа во 27 минута со прекрасниот погодок на Зинченко, до паузата за одмор, Швеѓаните успеаја да израмнат на 1:1 со погодокот на Емил Форсберг во 43 минута. Мрежите мируваа во второто полувреме, па мечот влезе во продолженија во кои Украинците, сепак, не дозволија пенал рулет и си закажаа четвртфинален дуел со Англија. ЕП 2020, двојки за четврт-финале Белгија – Италија (2 јули, Алијанц…
Се подготвуваме од 1 септември за враќање на сите ученици во училишните клупи под протоколи за заштита од ковид-19, рече министерката за образование и наука Мила Царовска во вечерашното гостување во „Тема на денот“ на телевизија Сител. Царовска истакна дека Планот и Протоколите денеска беа усвоени од Владата. – Новата учебна година ќе започне со физичко присуство за сите ученици. Тоа е и најпосакувано сценарио. Секако, наставата ќе се одвива со усвоени протоколи, носење маски, проветрување и мерење на температура, рече Царовска. Министерката потенцираше дека целта на МОН е да обезбеди континуитет на наставата, но и заштита на здравјето на…
Владата на денешната 83-та седница донесе одлука од 1 јули да се дозволи редовна работа и во затворените простории на угостителските објекти (рестораните), вклучително и за организирање свадбени свечености, прослави, веселби и настани, со исполнетост до 40 отсто од капацитетот на објектите, но не повеќе од 250 гости, со строга примена на протоколи за работа на овие објекти. Меуѓутоа оваа оваа одлука не се однесува на затворените простори на дискотеките, кабареата и клубовите за кои и натаму не е дозволена работа и посета на гости. Воедно на денешната седница е усвоен и Протоколот за обезбедување бесплатен ПЦР тест за туристи…
Португалија никогаш не би го загрозила процесот за изнаоѓање на решение во спорот меѓу Бугарија и Северна Македонија, туку напротив, постојано се обидуваме да го олесниме, изјави португалската амбасадорка во земјава, Марија Виржинија Мендес да Силва Пина, демантирајќи ги извештаите на бугарските медиуми дека државната секретарка за европски прашања на Португалија, Ана Паула Закаријаш изјавила оти „јазикот на Северна Македонија некогаш бил дел од бугарскиот јазик и културните димензии на двете земји“. Пина, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ, во изјава за Дојче Веле нагласува дека Закаријаш рекла оти „има политички момент кој ги отежнува работите во Бугарија и…
Владата на денешната 83-та седница ги прифати одделните планови за одржување на наставата во основното и средно образование, согласно одлуките на Министерството за образование и наука (МОН) со повторно отворање на училиштата во учебната 2021/2022 година. Како што соопшти владината прес-служба, оваа одлука на Владата го зема во предвид укажувањето на МОН дека училиштето е од суштинско значење за образованието и благосостојбата на децата и учениците и дека одлуката за повторно отворање на училиштата се направи по претходна општа проценка на ризиците. Притоа земени се предвид епидемиолошките фактори, степенот на вакцинација на наставниот кадар, образовниот систем, здравствениот систем и капацитетот…
Фудбалската репрезентација на Англија е седмиот, претпоследен, четвртфиналист на Европското првенство. „Гордиот Албион“, пред малку на „Вембли“ во Лондон“, ја совлада Германија со 2:0, со головите на Рахим Стерлинг и Хари Кејн. Осминафиналето меѓу големите европски ривали на „Вембли“ донесе интересен натпревар, кој не изобилуваше со врвни прилики, но Англичаните, сепак, ги искористија своите и заслужено се дел од осумте најдобри на ЕП 2020. Последниот четвртфиналист на турнирот ќе биде познат вечерва по мечот меѓу Шведска и Украина.
Два дена по елиминацијата на Холандија од Чешка во осминафиналето на ЕП 2020, селекторот на „!лалињата“, Франк де Бур поднесе оставка. – Целта не беше остварена и донесов одлука да не продолжам како селектор, изјави Де Бур за официјална страница на Холандската фудбалска федерација (KNVB). Де Бур ја презеде холандската репрезентација во септември лани, по трансферот на Роналд Куман во Барселона и на 15 натпревари на селекторското место оствари ефект од осум победи, четири нерешени и три порази. Претседателот на KNVB, Нико Јан Хогма истакна дека целта на Холандија на ЕП 2020 била најмалку четврт-финале и додаде дека наследникот на…
Она што Бугарија не можела да го оствари со оружје во Втората светска војна, сега се обидува да го направи со вето во Европската Унија (ЕУ), порача поранешниот македонски претседател Бранко Црвенковски од Форумот на Западен Балкан во Сараево. https://www.youtube.com/watch?v=zPBiwbjUUws&t=120s Според него, барањата што ги испорачаа Бугарија, Грција и Франција немаат врска со пропишаните критериуми на ЕУ.
Швајцарија, дел од Германија и истокот на Франција се погодени од силно невреме, проследено со обилни дождови што го парализираа дел од сообраќајот во Штутгарт, наведоа денеска локалните власти. Засега нема информации за евентуални жртви во Германија, за разлика од Швајцарија каде се повредени пет лица. Неколку тунели на метрото во предградието на Штутгарт се поплавени, што предизвика делумен застој на сообраќајот, објави полицијата. Stuttgart is drowning wtf pic.twitter.com/69UlkgnYwO — franzi⁹¹ 🧣 (@killoldhabits) June 29, 2021 Се очекува дека силното невреме во регионот, со налети на ветрот од 100 км./ч., би требало да се движи кон средишниот дел на земјата.…
Владата донесе одлука за финансиска поддршка на 745 естрадни уметници кои се погодени од корона-кризата. Тие ќе добијат еднократна помош од 30.750 денари (500 евра) по лице или за нив ќе бидат издвоени вкупно 23 милиони денари од шестиот пакет на економски мерки. На јавниот повик за финансиска поддршка на естрадни музичари, што го објави Генералниот секретаријат на Владата, а кој се спроведе во соработка со Министерството за економија и Министерството за култура, пристигнале вкупно 1.633 апликации, а по вкрстување на податоците од Министерството за труд и социјална политика, од Управата за јавни приходи, од Фондот за пензиско и инвалидско…