Author: Sashko

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков стана дедо пред издржување на затворската казна. Сопругата на неговиот повозрасен син, Јордан Мијалков, Анастасија родила женско бебе. Веста дека Мијалкови добиле принова беше обајвена на социјалните мрежи, а веста ја сподели сестрата на Анастасија, Александра, партнерка на актерот Атанас Атанасовски, со кој има две деца. Мијалков го нема на фотографиите, а последните информации беа дека го одложил издржувањето на тригодишната затворска казна во Струга за случајот „Империја“ поради болничко лекување.

Read More

Нормализиран е сообраќајот на патниот правец Кочани – Штип, кај село Облешево, откако во 11:45 часот заврши протестот на оризопроизводителите, информира АМСМ. Сообраќајната лента во правец од Штип кон Кочани, од 10:15 часот беше блокирана со 12 земјоделски машини од околу 80 до 100 оризопроизводители, а сообраќајот се одвиваше наизменично.

Read More

Целата територија на државава во четврток и петок ќе биде под влијание на топол бран, со високи утрински и дневни температури кои на повеќе места ќе бидат над 35 степени, а во југоисточните делови и над 40 степени Целзиусови, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). На целата територија на државата во четврток и петок ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури. „Во петок во текот на ноќта ќе има зголемена облачност со појава на повремени врнежи“, посочуваат од УХМР.

Read More

Активната транспарентност на Министерството за внатрешни работи (МВР) од 59,5 проценти во просек во 2016 година, денес е на високи 91,7 отсто, што е скок за 32,2 проценти, напиша министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во објава на Фејсбук. Тој вели дека од почетокот на рангирањето во 2016 година до денес, институцијата минала три нивоа, односно од крајно затворена институција до многу добра активна транспарентност. „Продолжуваме со создавање отворена, отчетна и транспарентна институција пред граѓаните, преку активна соработка со медиумите – вистински одраз на внатрешната политика на Министерството во насока на градење на довербата помеѓу граѓаните и полицијата“, порача Спасовски.

Read More

Меѓу 80 и 100 оризопроизводители со 12 земјоделски машини претпладнево во 10:15 ја блокираа сообраќајната лента во правец од Штип кон Кочани, кај село Облешево, информира АМСМ. Поради тоа, како што додаваат од Автомото сојузот на Македонија, сообраќајот се одвива наизменично.

Read More

Девојка на возраст од 23 години е тешко повредена во сообраќајна несреќа што се случи вчеравечер околу 21:50 часот на булеварот „Видео Смилевски-Бато“, информираат од тетовската полиција.  „Патничко моторно возило „БМВ“ со тетовски регистарски ознаки што го управувал М.П. (49) од тетовска Голема Речица удрило во 23-годишната Т.Р.(пешак) од тетовско Сараќино. Во несреќата Т.Р. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, каде била пренесена за укажување на лекарска помош“, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово. На местото на несреќата увид извршиле Јавен обвинител и екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово.

Read More

Tекстот на новиот закон за помилување е во завршна фаза во Министерството за правда и, според најавите, во најскоро време ќе биде подготвена драфт – верзија. Најзначајната измена што се предвидува е дека Претседателот ќе може да даде помилување само за казна, а не и за кривично гонење на поименично определени лица. Од Министерството за правда велат дека причините за донесување на нов закон за помилување произлегуваат, пред сè, од недостатоците и правните празнини во постојниот Закон за помилување („Службен весник на РМ” бр. 20/93, 12/09 и 99/16), од аспект на неговата практична примена, како и од потребата за попрецизно…

Read More

Пад на бројот на нови случаи со ковид-19 во минатата недела за 8,7 отсто, покажуваат податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Според неделниот пресек на ИЈЗ, регистрирани се 3.477 позитивни наоди во периодот од 8 до 14 август од направени 7.682 теста. Процентот на позитивност се движел од 33,4 до 49,4 или просечно 43,6 отсто. Најголем дел од случаите се регистрирани во Скопје, а највисока инциденца е регистрирана во Кавадарци, во Неготино и во Охрид. Регистрирани се нови случаи во сите возрасни групи, најмногу кај лицата над 60 години, а најмал кај младите од 10 до 19 години. Во…

Read More

Под мотото „30 години безбедност, стабилност, доверба“, в среда, на 17 август, Армијата на Република Северна Македонија ќе го одбележи 30-годишниот јубилеј. Манифестацијата по повод јубилејот ќе се одржи на Воениот стадион со почеток во 18:30 часот. На настанот, кој ќе биде целовечерен, посетителите ќе имаат можност одблиску да се запознаат со дел од најновата воена опрема и со новите оклопни возила на Армијата, ќе бидат сведоци на вештините на специјалните сили, а ќе биде изведена и показна вежба со армиските кучиња. По презентацијата на воената опрема и воените вештини, ќе биде организиран и богат музички дел на кој ќе настапат…

Read More

Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврнале во Виница – 23 литри на метар квадратен, а најмалку во Гевгелија – само два литра. Како што соопшти УХМР, до 8 часот утрово се измерени и 16 литри на метар квадратен воден талог во Крива Паланка, 14 во Берово, 13 во Скопје-Петровец, 9 во Струмица, 7 во Скопје-Зајчев Рид и во Демир Капија, 6 во Штип и во Маврови Анови, 4 во Дебар, во Дојран и во Попова Шапка, како и 3 во Ѓуриште. И утрово времето е променливо облачно, а на повеќе места, особено во северозападните и источните делови, повремено врне…

Read More

Поплави во подруми и подрумски простории на дваесетина куќи, излеана канализација од неколку шахти, паднато дрво и однесен дел од тампонот на повеќе улици, е билансот од синоќешното невреме во Кавадарци. Од „Комуналец” велат дека дел од улиците биле и блокирани поради наноси од тампонот, но наброз проблемот бил отстранет. Градот за многу кратко време бил нормализиран, а во текот на денешниот ден и утре ќе се изврши негово целосно миење и генерално чистење. Во средувањето на градот учествувале и кавадаречките пожарникари кои со пумпи испумпувале вода од поплавените објекти. Сите пријави за штети се регистрирани во кол-центарот на Општината…

Read More

Летниот распуст е во завршна фаза, до почетокот на новата учебна година остануваат уште недели, па родителите почнаа со подготовки на своите деца за училиште. Се купуваат тетратки, училиштен прибор, ранци и останат училиштен материјал, но за разлика од минатите години сега цените се повисоки во просек за 50 до 60 проценти. Така, сега за опремување на едно прваче во просек се потребни меѓу 5.000 и 6.000 денари, за разлика од пред пандемијата кога трошоците за прваче се движеа од 3.000 до 4.000 денари. Од книжарниците, кои се најпосетувани во овој период од годината, информираат дека цените на училишните материјали…

Read More