Author: Sashko

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 249.187 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 1.755 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 9.142 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 399.962 дози вакцини, а ревакцинирани се 150.775 граѓани, соопшти Министерството за здравство. Оттаму оценуваат дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација, посочуваат, секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 443.374 граѓани. Со последните бројки 48 отсто од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 42 отсто од населението над 65…

Read More

Аудио-снимки, до кои ексклузивно дојде „Си-Ен-Ен“, покажуваат дека поранешниот правен советник на претседателот на САД, Доналд Трамп и поранешен градоначалник на Њујорк, Рудолф Џулијани, безмилосно поттикнува и ја убедува владата на Украина во 2019 година да ги испита неоснованите обвинувања против тогашниот претседателски кандидат Џозеф Бајден. Аудио-снимка направена во јули во 2019 година регистрира телефонски разговор меѓу Џулијани, американскиот дипломат Курт Вокер и украинскиот претседател Володимир Зеленски. Разговорот претходеше на неславниот повик на Трамп за Зеленски, а двата разговори подоцна станаа главен доказ во првата конгресна постапка за отповикување на Доналд Трамп, кога тој беше обвинет дека побарал помош од…

Read More

Силен земјотрес со магнитуда од 4,7 степени по Рихтеровата скала утрово по погоди подрачјето на Шибеник, соопшти Сеизмолошката служба на Хрватска. Епицентарот бил на 13 км југоисточно од Шибеник. Потресот е регистриран во 5 часот и 59 минути и почувствуван на поширокото подрачје на Задарската и Шибенско-книнската жупанија.

Read More

Продолжува да паѓа бројот на новозаболени и починати од ковид-19 во Македонија. Во текот на вчерашниот ден беше регистриран само еден нов случај на заболен, поточно од Куманово. Минатата недела во државата беше детектиран и „индиски“ сој на вирусот, и тоа кај еден пациент во приватна болница, кој претходно бил во Ирак. Според епидемиолошката анкета која ја направила болницата, пациентот се вратил од Ирак, каде претходно десет дена бил болен и хоспитализиран. Кога се вратил во земјава, веднаш со посебно санитетско возило бил пренесен во болницата. Надлежните соопштија дека состојбата на пациентот е стабилна и овој пациент не е знак…

Read More

Подобро е да сме позитивно изненадени отколку повторно разочарани. Во случајот со почетокот на преговорите на земјава со ЕУ не се работи само за наш успех, туку се работи и за голем и важен сигнал за целиот регион – дали европската иднина на регионот е опиплива и реална, важно за сите главни градови и за владите, но уште повеќе и за граѓаните на земјите во Западниот Балкан. Влогот е многу голем и за ЕУ во смисла на тоа дали може да и се верува, а со кредибилитетот доаѓа и влијанието во овој важен регион што географски очигледно и припаѓа на…

Read More

Поради најавен протест организиран од ВМРО-ДПМНЕ денеска, утре и в четврток во Скопје, во периодот од 15 до 17 часот, за сообраќај ќе бидат затворени крстосницата помеѓу бул.„Гоце Делчев“ и бул.„Крсте Петков Мисирков“ (ТЦ Мавровка), крстосницата помеѓу бул.„Св. Климент Охридски“ и ул.„Св. Кирил и Методиј“ (зграда на Нова Македонија) и крстосницата помеѓу ул.„11 Октомври“ и ул.„Филип Втори Македонски“ (Градска болница), информира Министерството за внатрешни работи (МВР). Од тие причини, како што посочуваат, Секторот за внатрешни работи Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на горенаведените и околните сообраќајници. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат…

Read More

Денеска ќе му биде изречена правосилната пресуда на Ратко Младиќ. Тоа ќе биде крај на еден долг процес, а единственото прашање е дали Младиќ ќе биде осуден и за геноцид во западна Босна. Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија, познат и како Хашки трибунал, во ноември 2017 првостепено го осуди Младиќ на доживотна казна затвор поради геноцид во Сребреница во летото 1995 година, прогон на Бошњаците и Хрватите ширум Босна и Херцеговина, тероризирање на цивилите при опсадата на Сараево и земање како заложници на припадниците на мировната мисија на Обединетите нации. Тоа беше последната првостепена пресуда на Трибуналот, а денешната (8 јуни) жалбена…

Read More

Македонци, добредојдени сте. Црна Гора ве чека со раширени раце и со топло срце, рече Љиљана Чукиќ, менаџер на Националната туристичка организација на Црна Гора, на промоција на актуелната црногорска туристичка понуда во пресрет на сезоната и кампањата „Заедно со природата“ во чија суштина е исклучителното културно наследство на земјата. Организатор на настанот беше Амбасадата на Црна Гора во Македонија и во улога на домаќин беше амбасадорката Марија Петровиќ. Земјата е со печат „safe travel“ или безбедна дестинација и вброена во една од седумте топ дестинации за 2021 година. А, Црногорците и тоа како се потрудиле за полнење на капацитетите…

Read More

Работната група за подготовка на измени и дополнувања на законодавството за декриминализација, легализација и искористување на медицинските, социјалните и економските придобивки на канабисот, оформена откако се увиде потребата за координирање на повеќе процеси и иницијативи предложени од професионалните здруженија и граѓанските организации, денеска во Владата го одржа својот прв состанок. На состанокот, како што информираат од владината прес-служба, беше утврдена потребата да се дозволи, освен лекарите од јавното, и лекарите од приватното здравство да можат да препишуваат препарати од канабис и да се дозволи можност пациентот кој добил препорака за лекување со препарати од канабис да може сам да одгледува…

Read More

Соработката со СДСМ е одлична и не е исклучена можност за коалицирање за локалните избори наесен, рече лидерот на ДУИ, Али Ахмети во интервју за ТВ 21. – Треба да видиме какви се интересите. Не знам. Да видиме кои и какви се интересите на граѓаните, пред се, на ДУИ, на СДСМ. Мој став е дека со СДСМ функционираме одлично во изминатите четири години од кога сме во Влада со нив и вреди да се размисли за коалиција. Но, сеедно, ние ќе настапиме со сопствена листа на советници, без оглед дали ќе одиме заедно или посебно, истакна првиот човек на интегративците.

Read More

Европскиот парламент ја отвори својата прва пленарна седница во Стразбур од почетокот на пандемијата ковид-19, по повеќе од 15 месеци, иако со помалку европарламентарци, но овој потег се смета успех за Франција, која се бори да го задржи градот како место за заседавање на ЕП, заедно со Брисел. – Ова е многу важен ден за Европскиот парламент. По повеќе од 15 месеци се вративме во седиштето во Стразбур. Ова враќање е знак на доверба и надеж за сите, изјави на француски јазик претседателот на ЕП, Италијанецот Давид Сасоли, добивајќи аплауз од десетици европратеници, главно Французи. Ниту една седница на Европскиот…

Read More

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата не се знае кога ќе продолжи со седницата на која треба да бидат утврдени имињата на кандидатите за уставни судии. Претседателот на Комисијата, Костадин Костадинов изјави дека засега не се знае кога ќе биде закажано продолжение, посочувајќи дека имало расправии и тензии и оти пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се обиделе да ја попречат работата на собраниското тело. Костадинов претходно денеска ги обвини пратениците на опозициската партија дека недоволно ги познаваат процедурите во врска со изборот на судии на Уставен суд. – Не може да ги имаме биографиите на уставните судии, кога самите кандидати…

Read More