Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Европскиот парламент се врати во Стразбур по пауза од 15 месеци

0
By Sashko on June 7, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, June 7, 2021 21:19

Европскиот парламент ја отвори својата прва пленарна седница во Стразбур од почетокот на пандемијата ковид-19, по повеќе од 15 месеци, иако со помалку европарламентарци, но овој потег се смета успех за Франција, која се бори да го задржи градот како место за заседавање на ЕП, заедно со Брисел.

– Ова е многу важен ден за Европскиот парламент. По повеќе од 15 месеци се вративме во седиштето во Стразбур. Ова враќање е знак на доверба и надеж за сите, изјави на француски јазик претседателот на ЕП, Италијанецот Давид Сасоли, добивајќи аплауз од десетици европратеници, главно Французи.

Ниту една седница на Европскиот парламент не се одржа во Стразбур од февруари 2020 година, кога Алзас беше на првиот удар на пандемијата.

Враќањето е во форма на хибридна сесија, бидејќи 705 европарламентарци можеле да изберат да дојдат во Стразбур или да гласаат онлајн од нивната земја, за што се определиле голем дел од нив.

Иако хибридните седници се одржуваат повеќе месеци од Брисел, француските власти силно инсистираа тие да бидат вратени во Стразбур.

Како симбол на француско-германското помирување, главниот град на Алзас е официјално седиште на Европскиот парламент, што е запишано во европските договори.

Меѓутоа, во пракса, европратениците, дури и пред Ковид-19, доаѓале во Стразбур три и пол дена месечно за пленарни седници. Остатокот од времето, парламентарците работеле во Брисел, каде се наоѓаат другите европски институции. Околу овие месечни преместувања меѓу Брисел и Стразбур се дискутира со години.

Европски парламент Ковид-19 Свет седница Стразбур
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 17, 2026

ЕК за Македонија: Мешање и притисок врз судството

ВЕСТИ July 17, 2026

 Изјавите на премиерот Христијан Мицкоски за „чистење“ на судиите и на обвинителите, како и дека…

УНЕСКО: Толку беше – Охрид во опасност

July 17, 2026

САД напаѓаат Иран возвраќа – нови удари врз ирански цели и американски бази

July 16, 2026

Бриселски супер вторник: 4 држави напредуваат кон ЕУ – Македонија не е меѓу нив

July 14, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.