Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Туристичка понуда на Црна Гора: Македонци, ве чекаме со раширени раце и топло срце

0
By Sashko on June 8, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 8, 2021 08:24

Македонци, добредојдени сте. Црна Гора ве чека со раширени раце и со топло срце, рече Љиљана Чукиќ, менаџер на Националната туристичка организација на Црна Гора, на промоција на актуелната црногорска туристичка понуда во пресрет на сезоната и кампањата „Заедно со природата“ во чија суштина е исклучителното културно наследство на земјата. Организатор на настанот беше Амбасадата на Црна Гора во Македонија и во улога на домаќин беше амбасадорката Марија Петровиќ. Земјата е со печат „safe travel“ или безбедна дестинација и вброена во една од седумте топ дестинации за 2021 година.

А, Црногорците и тоа како се потрудиле за полнење на капацитетите во нивните туристички бисери на брегот на Јадранот. Земјата, која повеќе од 20 дена пулсира без полициски час и со лесна епидемиолошка слика, во стратегијата за привлекување на гости, покрај самата туристичка понуда, вгради и два момента што се исклучително примамливи. Првиот се однесува на слободниот влез во најмалата република во поранешна Југославија, односно, како што потенцираа домаќините, ќе нема потреба од приложување на негативен ПЦР тест за ковид-19, а вториот е дека државата презема обврска за покривање на комплетните болнички трошоци во случај било кој турист биде позитивен на коронавирусот за време на уживањето во природните убавини на Црна Гора.

Останатите сегменти што се директно поврзани со туризмот се реновирани, надградени, проширени и што е најважно, според најавите, со пристапни цени. Песочни плажи, нови сместувачки капацитети за сечиј вкус и џеб во Будва, Херцег Нови, Тиват, Бар, Котор, Улцин, многубројните езера, планини, културни знаменитости, итн. Туристичката понуда, покрај преубавото Јадранско Море, опфаќа уживање и во езера, планини, старата престолнина Цетиње, големиот број на манастири меѓу кои најрепрезентативен е Острог, петте прекрасни национални паркови (Биоградска гора, Дурмитор, Скадарско Езеро, Проклетие, Ловќен), а авантуристите и љубителите на адреналински спортови може да полнат батерии и во кањонот на Тара во чии прегратки е најдобратра патека за рафтинг во Европа.

Уживањето во црногорските убавини го надополнуваат и прекрасната кујна со шмек на традиционалното и медитеранското, многубројните вински визби, можностите за крстарење низ синиот Јадран за незаборавни мигови на одмор, релаксација и опуштање по 15-месечниот пандемиски живот исполнет со неизвесност, страв, тензија. Црна Гора е подготвена да ги задоволи и најпребирливите туристи и ќе возврати да се чувствуваат како дома ио со себе да понесат незаборавни моменти.

Понуда Свет содржини туризам Црна Гора
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.