Соработката со СДСМ е одлична и не е исклучена можност за коалицирање за локалните избори наесен, рече лидерот на ДУИ, Али Ахмети во интервју за ТВ 21.

– Треба да видиме какви се интересите. Не знам. Да видиме кои и какви се интересите на граѓаните, пред се, на ДУИ, на СДСМ. Мој став е дека со СДСМ функционираме одлично во изминатите четири години од кога сме во Влада со нив и вреди да се размисли за коалиција. Но, сеедно, ние ќе настапиме со сопствена листа на советници, без оглед дали ќе одиме заедно или посебно, истакна првиот човек на интегративците.