Author: Sashko

Учениците кои го завршуваат средното образование и се пријавени за државната матура, денеска од 10 часот ќе го полагаат првиот екстерен испит – мајчин јазик, кој е задолжителен за сите 15.294 кандидати колку што се пријавени за матура во оваа учебна година. Според податоците на Државниот испитен центар (ДИЦ), од вкупниот број пријавени, 7.050 ученици доаѓаат од гимназиско образование, 7.983 од средно стручно образование и 261 од средно уметничко образование. Сите тие ќе полагаат мајчин јазик – македонски јазик и литература ќе полагаат 10.848 кандидати, албански јазик и литература 4.078, а 272 – турски јазик и литература. Вториот екстерен испит,…

Read More

Времето во земјава ќе биде претежно сончево и топло, проследено со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се движи од 5 до 14 степени, а максималната ќе достигне од 24 до 32 степена. УВ-индексот ќе изнесува 8. Во Скопје ќе биде сончево и топло со слаб северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 10 степени, а дневната ќе достигне до 29 степени. Во недела во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Од понеделник следува период на променливо облачно време, на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите…

Read More

Убедлива победа на фудбалската репрезентација на Македонија во последниот тест пред настапите на Европското првенство. Попладнево на арената „Тоше Проески“ беше совладана селекцијата на Казахстан со 4:0. Стрелци на погодоците беа Езџан Алиоски во 35 минута од пенал, Иван Тричковски во 55 минута по асистенција на Тихомир Костадинов, на 3:0 зголеми Милан Ристовски по додавање на Александар Трајковски, кој беше во идентична улога и три минути подоцна кога Дарко Чурлинов стави печат на триумфот. Казахстан во судиското надополнување на првиот дел остана без играч помалку на тревникот, по исклучувањето на Мажиков. Македонија во вторникот ремизира (1:1) против Словенија во Скопје.…

Read More

Бројот на заразени од коронавирус во светот надмина 173 милиони лица, покажуваат денешните податоци на вашингтонскиот сајт worldometers.info. Досега оздравеле околу 156 милиони пациенти, а починале 3,71 милион. Како активни случаи се водат 13,51 милиони лица од кои 99,3 отсто или 13,42 милиони имаат поблаг или среден облик на коронавирус, додека во критична состојба се околу 89.000 лица. Најмногу инфицирани случаи се регистрирани во САД – над 34 милиони, потоа во Индија – 28,6 милиони и Бразил со 16,8 милиони. Бројот на починати од ковид-19 е најголем во САД – 611.639, потоа во Бразил (469.784) и во Индија (341.450). Пандемијата забележа…

Read More

Поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски попладнево, со полициска придружба, од затворот во Шутка е спроведен на локација на која ќе ја издржува мерката куќен притвор. Одлуката за замена на ефективниот притвор со домашен ја донесе Апелацискиот суд во текот на денот. За да се брани од слобода и дека нема да се впушти во бегство, Рашковски понудил гаранција од пола милион евра. Вишото Јавно Обвинителство Скопје се согласи Драги Рашковски да излезе од притвор со гаранција, потврдија за „360 степени“ од обвинителството. Ваквиот став на второстепената обвинителска инстанца следуваше по жалбата на Рашковски за продолжување на мерката притвор…

Read More

Авион од типот Боинг 737-800, со капацитет од 189 седишта, попладнево во 16:50 часот пристигна на Меѓународниот аеродром во Скопје со што и официјално е воспоставена директната нова редовна линија Москва – Скопје на која сообраќа руската авиокомпанија „Нордвинд Ерлајнс“. Летот траеше 3:25 часа. Директната линија засега ќе се одржува еднаш неделно, во петок, но „Нордвинд“ планира дополнителни два лета неделно, односно авионот Москва – Скопје да сообраќа три пати неделно. – Ова е прва воздушна линија и директно поврзување меѓу главните градови на Северна Македонија и на Русија по 20-тина години. Почнувајќи од денеска, „Нордвинд“ ќе лета еднаш неделно,…

Read More

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски преку Фејсбук јавно го повика премиерот Зоран Заев да каже што содржи документот што, според него, заедно со Владо Бучковски го преговара со официјална Софија за добивање на датум за одржување на првата меѓувладина конференција и одблокирање на процесот на преговори за членство со Европската Унија (ЕУ). – Зоран Заев денеска вели дека е неодговорно што сум објавил статус во кој споделувам информации од дипломатски кругови, а кои се однесуваат на преговорите што ги води двоецот Заев-Бучковски со официјална Софија за потпишување на уште едно предавство на македонскиот народ, идентитетот и македонскиот јазик. Двоецот Заев-Бучковски…

Read More

На клучка кај Велес во правец на Свети Николе, утрово околу 06:30 часот, полициски службеници забележале патничко возило „сеат алтеа“ со скопски регистарски ознаки за кое постоеле сознанија дека е претходница во случај на криумчарење на мигранти. Како што соопштија од МВР, во возилото биле пронајдени 13 лица мигранти од Пакистан. – Откако тргнале по возилото, полициски службеници забележале „ауди а8“ без регистарски ознаки што минало крај нив со голема брзина. По кратко време возилото „ауди“ било пронајдено во близина на с. Сарамзалино, општина Лозово и во него биле пронајдени 13 лица мигранти од Пакистан, се појаснува во соопштението. За…

Read More

Русија денеска активира борбен авион МиГ-31 за да оддалечи американски воен авион кој се наоѓал над Баренцовото Море, соопшти новинската агенција РИА, цитирајќи извор од руската армија. Руската армија соопшти дека американскиот патролен авион е идентификуван како П-8А Посејдон и дека рускиот авион се вратил во базата, кратко време откако авионот од САД направил вртење од 180 степени и се оддалечил од руската граница. Во последниве недели имало чести наводи за пресретнувања меѓу руски авиони и американски авиони. Баренцовото Море е дел од Арктичкиот Океан и се наоѓа помеѓу Норвешка и Русија.

Read More

СВР Штип поднесе кривична пријава против П.С. (30) од Струга, П.Т. (41) од Свети Николе, Д.С. (35) од Крива Паланка, С.Т. (61) и И.Е. (40) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. – Пријавените, во периодот од декември во 2020 година до февруари оваа година оствариле контакт со три лица од Штип, од Струмица и од Пробиштип користејќи лажни „Фејсбук“ профили, а откако ги дознавале нивните лични податоци ги искористувале за добивање брзи кредити преку електронско аплицирање во финансиски друштва. Оштетените биле доведувани во заблуда дека паричните средства кои по одобрување на кредитот им…

Read More

Највисока стапка на смртност кај новороденчиња во ЕУ во 2019 година е регистрирана во Малта (6,7 смртни случаи на 1.000 живородени деца), Романија (5,8) и Бугарија (5,6). За разлика од нив, најнизок процент е регистриран во Естонија (1,6 смртни случаи), а потоа следуваат Словенија, Финска и Шведска (сите по 2,1 смртни случаи на 1.000 живородени деца), покажуваат податоците на европската статистичка служба Евростат. Во текот на последната деценија, смртноста кај новороденчињата во ЕУ се намали за речиси 20 отсто, од 4,2 смртни случаја на 1.000 живородени деца во 2009 година, од 9,4 во 2010 година на 5,6 според најновите проценки.…

Read More

Јапонското Министерство за телекомуникации денеска казни 32 вработени, бидејќи го прекршиле етичкиот кодекс и дозволиле да им бидат плаќани скапи вечери. Скандалот беше обелоденет во февруари, откако вработени во сателитскиот емитер „Тохокушинша Филм“, меѓу кои и синот на премиерот Јошихаде Суга, Сеиго, честеле претставници на Министерството за телекомуникации. Сличен настан се случил и подоцна, со претставниците на телекомуникацискиот гигант НТТ. Независно тело на јапонското Министерство за телекомуникации во март покрена внатрешна истрага за да утврди дали честењето на вработени во Министерството за телекомуникации влијаело на издавање на лиценците за емитување. Од 32 вработени, против девет се покренати дисциплински мерки, а…

Read More