Русија денеска активира борбен авион МиГ-31 за да оддалечи американски воен авион кој се наоѓал над Баренцовото Море, соопшти новинската агенција РИА, цитирајќи извор од руската армија.

Руската армија соопшти дека американскиот патролен авион е идентификуван како П-8А Посејдон и дека рускиот авион се вратил во базата, кратко време откако авионот од САД направил вртење од 180 степени и се оддалечил од руската граница.

Во последниве недели имало чести наводи за пресретнувања меѓу руски авиони и американски авиони. Баренцовото Море е дел од Арктичкиот Океан и се наоѓа помеѓу Норвешка и Русија.