Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Делови од Скопската котлина попладнево беа зафатени од локално невреме, проследено со пороен дожд, грмежи и засилен ветар. Синоптичарите и за утре најавуваат нестабилно време, а преодно стабилизирање се очекува во петок, додека за време на викендот во попладневните часови повторно ќе има изолирана појава на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Од недела ќе дува засилен северен ветар што ќе донесе и мал пад на температурите.
Извршниот директор на „Гаспром“, Виталиј Маркелов денеска соопшти дека сè уште ја чекаат турбината за компресиската станица „Портоваја“ од гасоводот „Северен тек 1“, по нејзиниот ремонт во погон за одржување во Канада. Изјавата на Маркелов дојде денеска, кога испораките на гас преку „Северен тек“ за Европа паднаа на, речиси, 20 отсто од капацитетот на гасоводот, според податоците на германскиот оператор „Гаскаде“. Маркелов за доцнењето ја обвинува „Сименс енерџи“, компанијата која ја сервисираше споменатата турбина во Канада, објаснувајќи дека проблемите настанале како резултат на санкциите на Западот. „Сименс енерџи“, пак, ја обвинува руската компанија и тврди дека „Гаспром“ како клиент мора…
Бугарскиот премиер, Кирил Петков, при денешната посета на нуклеарната централа „Козлодуј“ и разговорите со раководството, побарал да се расчистат пречките за реализација на проектот со американската компанија „Вестингхаус“, со цел земјата да добие и алтернативно гориво за работата на нуклеарната централа. Нуклеарната централа „Козлодуј“ моментно е целосно зависна од руското нуклеарно гориво за својата работа. Премиерот Петков на разговорите со раководството на нуклеарката „Козлодуј“ изјави дека е вознемирен од тоа што се случува во Европа. Тој предвидува дека војната ќе продолжи уште пет години. Затоа, изрази желба Бугарија да може да ги продолжи можностите за завршување на процесот на диверзификација…
Три физички лица и едно правно се најдоа во Обвинителниот предлог на Основното јавно Обвинителство во Тетово за трагичниот пожар во модуларната болница на 8 септември лани кој однесе 14 човечки животи. Засега е непознато кои се опфатени со Предлогот, но затоа се познати делата за кои се гонат. Тешки дела против општата сигурност е кривичното дело за кое се товарат прво и второобвинетиот во Предлогот на тетовското Обвинителство, а непостапување според здравствени прописи за време на епидемија е делото што му е припишано на третообвинетиот. Две кривични дела се однесуваат за правното лице – предизвикување на општа опасност и…
Македонските пратеници на денешната 82-ра собраниска седница ги ратификуваа Протоколите на Шведска и на Финска за членство во НАТО. Протоколите на двете скандинавски држави за пристапување кон Северноатлантската Алијанса беа потпишани на 5 јули во Брисел од овластени претставници на државите членки на НАТО. Владата ги пушти законските предлози во собраниска процедура, а денеска беа прифатени од пратениците, со што се дава зелено светло за натамошните процедури на Шведска и на Финска во рамки на НАТО. Со овој чин, Северна Македонија уште еднаш ја потврдува својата стратешка определба за целосна поддршка за политиката на отворени врати на НАТО и неговото…
Педесет и шестгодишен кумановец изградил верски објект на државно земјиште без одобрение за градење, соопшти денеска СВР Куманово. Од полицијата информираат дека е поднесена кривична пријава против М.А. (56) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“. „Пријавениот, во текот на 2019 година на улицата „Доне Божинов“, како инвеститор и без правен основ самоволно заземал земјиште во државна сопственост, по што изградил верски објект без одобрение за градба од надлежен орган“, соопштија од СВР Куманово.
Пожарот на армискиот полигон „Криволак“ се реактивира денеска попладне и поделен е на три краци, информираа вечерва од Центарот за управување со кризи (ЦУК). „Во текот на вчерашниот ден, во утринските часови, поради високите температури се случи пожар на отворен простор од пошироки размери во Армискиот воен полигон „Криволак“, Општина Неготино. Од 16:30 часот, иако било дејствувано во повеќе наврати од Армијата со поддршка од летала (хеликоптер), пожарот бил локализиран, но не и целосно изгасен“, потсетија од ЦУК. Денеска во 14:45 часот пожарот повторно се реактивирал, разгорел и проширил и веќе се поделил на три краци. Едниот се движел кон…
Европскиот суд на ревизори изрази сомнеж за главната стратегија на Европската унија (ЕУ) за ставање крај на нејзината зависност од руската енергија. Судот во денешниот најнов извештај вели дека финансирањето на планот „може да биде недоволно за покривање на проценетите инвестициски потреби“ за постепено укинување на зависноста од руската нафта, јаглен и гас. По руската инвазија врз Украина, Европската комисија (ЕК) претстави голема стратегија за напуштање на руските фосилни горива пред 2030 година. За да успее во тоа, ЕУ планира да го зголеми производството на обновлива енергија, да го подобри зачувувањето на енергијата и да увезе фосилни горива од САД,…
Познатиот српски актер Бранко Цвеиќ, долгогодишен член и директор на Југословенскиот драмски театар, почина денеска во Белград на 76-годишна возраст, објавија српските медиуми. Цвеиќ неодамна бил хоспитализиран, откако му се слошило за време на проба во театар. Цвеиќ ѝ припаѓа на генерацијата на српски и југословенски театарски, филмски и телевизиски актери која, кон крајот на 60-тите години од минатиот век, целосно го презеде освои и радикално го промени изгледот на дотогашната театарска сцена. Неговиот придонес во актерската револуција кулминираше во телевизиската серија „Со грло во јагоди“, на авторите Срѓан Карановиќ и Рајко Грлиќ, со кој беше одбележан тој стилски пресврт.…
Верувам дека темелите на новото Скопје беа темели на солидарност и соживот, а новото Скопје се темели на пријателство и нови модерни ветришта, порача вечерва градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска на отворањето на изложбата насловена „За Скопје со срце од целиот свет“ во Младинскиот културен центар (МКЦ), во рамки на одбележувањето на 59 години од катастрофалниот земјотрес. „Денеска се сеќаваме на катастрофалниот земјторес, кој токму на овој ден го споменуваме и сакаме да го посветиме на над 1.000 загинати и над 1.000 повредени наши сограѓани кои беа жртви, а беше причинета и голема материјална штета како резултат од големиот…
Лицата во Австрија кои се позитивни на ковид-19 во иднина ќе немаат обврска да бидат во самоизолација доколку немаат симптоми на болеста, соопштија денеска властите, пренесе агенцијата ДПА. Австрија од наредниот месец го укинува задолжителниот карантин за лицата кои се позитивни на коронавирусот, но не се болни. Заразените сè уште ќе мора да носат маски надвор од своите домови, освен ако се наоѓаат на отворено или не можат да држат растојание од најмалку два метри од другите лица. Нив нема да им биде дозволено да влегуваат во установи со загрозени лица како што се болници, домови за стари лица или…
Владата, по предлог на Министерството за одбрана (МО), донесе одлука за испраќање на 134 припадници на македонската армија на вежбата „SABER JUNCTION 22“ којашто ќе се одржи во Германија од 28 август до 21 септември 2022 година. На денешната владина седница е разгледана и усвоена и Информацијата од МО за влез и престој на странски вооружени сили на територијата на Македонија, за изведување на обука за евакуација на лица во тешко проодни планински услови.