Author: Sashko

„Отворен Балкан“ денес е успешен пример на регионално поврзување. Иницијативата придонесе во заедничките заложби за укинување на непотребните бариери, а во актуелниот конктекст на глобална криза ни овозможи да осигураме достапност на храна за нашите граѓани, рече премиерот Димитар Ковачевски во денешното обраќање во ООН во рамки на 77-то Генерално Собрание на Обединетите нации. „Регионалната соработка, во актуелен контекст ни овозможи да осигураме достапност до храна за нашите граѓани, со тоа што договоривме да си помогнеме, доколку се соочиме со недостиг на својот, домашен пазар, како последица од глобалната криза и нема да имаме забрани за тргување на основните земјоделско-прехранбени…

Read More

Над 10 килограми нежигосани предмети (злато и златен накит) се одземени во контроли што биле извршени вчера кај повеќе правни лица кои се занимаваат со откуп, изработка и продажба на златен накит на подрачјето на Скопје, на Тетово, на Гостивар и на Кичево. Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција при МВР – Сектор за економски криминал и корупција, во координација со Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи, констатирале и непочитување на обврските кои произлегуваат од Законот за регистрирање на готовински плаќања, како и кривични дела определени во Кривичниот законик. „При контрола на осум златарници во Скопје беа…

Read More

Македонскиот филм „Најсреќниот човек на светот“ во режија на Теона Стругар Митевска, е годинaшниот македонски кандидат за наградата „Оскар за најдобар долгометражен интернационален филм“. Одлуката денеска ја донесе Комисијата за избор при Друштвото на филмските работници на Македонија, прифатена и одобрена од Американската Академија за подвижни слики, уметност и наука, во состав на Игор Иванов, режисер и претседател на Комисијата, Бранко Петровски, продуцент, Марија Димитрова, продуцент, Куштрим Бектеши, режисер, Милка Анчевска, кастинг директор, Милан Тоциновски, монтажер, Сандра Чевреска, сценограф и Валдета Исмаили, актерка. Во конкуренција за кандидатурата беа и филмовите „Снежана на крајот умира“ во режија на Кристијан Ристески, „Кајмак“…

Read More

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска се одржа показна вежба за демонстрација на новите оклопни возила на Армијата – американските JLVT Oshkosh. На настанот, по покана од министерката за одбраната, Славјанка Петровска, присуствуваа и претседателот на Собранието, Талат Џафери, заменик претседателот на Собранието, Горан Мисовски и членови на собраниската Комисија за одбрана и безбедност, но не и претставници на опозицијата. Вежбата „Употреба на JLTV возилата при изведување на борбени операции со воздушна поддршка“ ја изведоа припадници на вториот баталјон од 1. пешадиска бригада на Армијата, единица која пред пет месеци успешно го мина НАТО оценувањето. По вежбата, присутните беа…

Read More

Министерството за здравство (МЗ), согласно податоците од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), информира дека во последните 24 часа се регистрирани 53 случаи на ковид-19, оздравеле 103 пациенти и не е регистрирани ниту еден смртен случај. Нови случаи на ковид-19 се регистрирани во Скопје – 22, во Охрид – пет, во Прилеп и во Кавадарци – по четири, во Битола и во Велес – по три, во Тетово, во Штип и во Ресен – по два, во Куманово, во Гостивар, во Гевгелија, во Неготино, во Крива Паланка и во Кратово – по еден. Регистрирани сe 103 оздравени пациенти од Скопје -…

Read More

Супервештачењето за автобуската несреќа кај Ласкарци трае 315 дена, додека, за случајот „Тендери“, во кој обвинета е поранешната министерка Елизабета Канческа-Милевска, трае 110 дена, објави Коалиција сите за правично судење. За автобуската несреќа кај Ласкарци, што се случи на 13 февруари во 2019 година, а во која загинаа 16 лица и над 30 беа тешко повредени, Судот издаде наредба за супервештачење на 11 ноември 2021 година, додека, за „Тендери, наредбата беше издадена на 6 април 2021 година. Обвинети во случајот за несреќата кај Ласкарци се Дурмиш Белули, сопственик на компанијата „Дурмо турс“, одговорниот за транспорт во фирмата, Ремзи Мифтари, и…

Read More

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер, вечерва на егзибицискиот Лејвер куп во Лондон, ќе стави точка на професионалната кариера и својот последен натперавр ќе го одигра во двојки со големиот ривал Рафаел Надал. Федерер и Надал ќе настапат во Тимот на Европа против Тимот на Светот, чија двојка ја сочинуваат американските тенисери Џек Сок и Френсис Тиафо, а дуелот започнува во 21:30 часот. „Не сакав целиот турнир да биде посветен на мене, ниту, пак, премногу да се појавувам. Затоа го прашав тренерот Бјорн Борг дали може да настапам само во двојки во петок вечер. Да го одиграм поседниот натпревар заедно со Рафа за мене апсолутно е…

Read More

Чилеанскиот тениски тренер Себастијан Ривера доби доживотна суспензија, поради рекорден број на прекршоци во врска со местење натпревари. Меѓународната агенција за тениски интегритет (ITIA) соопшти дека Ривера е прогласен за виновен за 64 прекршоци во врска со местење натпревари. Ривера, кој е поранешен тенисер со највисок ранкинг во кариерата од 705 место на АТП листата, е парично казнет со 250.000 долари. Чилеанецот беше привремено суспендиран во јуни додека траеше истрагата.

Read More

Македонски научници и инженери се дел од тимот што освои прва награда на престижната меѓународна конференција во Англија за паметни технологии и уреди – Ubicomp и ISWC 2022. Тие, заедно со свои англиски колеги од Emteq Labs, победија за најдобра демострација на иновативна технологија – паметните очила OCOSense. „Победничката демонстрација покажува паметни очила кои што преку иновативни сензори и Вештачка Интелигенција ги препознаат изразите на лицето, а преку тоа даваат информации за емоционалната сосојба и однесувањето на корисникот што ги носи“, објаснуваат учесниците на меѓународна конференција. Извршниот директор и водечки научник во Emteq Labs, доктор Чарлс Ндука објаснува дека оваа…

Read More

Анализа на структурата на поплаки за одделни банкарски производи и услуги од анкета на Народната банка покажува дека минатата година преовладувале реакциите за дебитните и за кредитните картички (36,6 проценти), од кои најголем дел се однесувале на висината и пресметката на надоместоците и функционалноста на услугата. Следни се поплаките за потрошувачки кредити со 10 проценти, за однесувањето на вработените со 9,3 проценти, за трансакциски сметки со 8,5 проценти од кои поголем дел се однесуваат на рекламации (на пр.: сторно налози), за надоместоци и за други аспекти; за електронско и мобилно банкарство со 8,2 проценти, а претежно за функционалност на услугата.…

Read More

Издадени се 15.978 патни исправи на наши граѓани во странство и зголемен е бројот на барања за издавање на лични документи во 2022 година, споредбено со претходните години, објави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот профил на Фејсбук. Тој информира дека само во текот на јуни, на јули и на август оваа година се поднесени вкупно 91.138 барања за издавање на лична карта и 148.115 барања за издавање на патни исправи. Според него, евидентна е големата разлика од бројот на барања што биле поднесени во 2017 година, во 2018 година и во 2019 година. Во 2017 година (јуни,…

Read More

Истражната комисија на Обединетите Нации (ОН) откри различни руски воени злосторства во Украина, јави агенцијата ДПА. Експертите, меѓу другото, документираа, сексуални и поврзани со полот, насилни акти, од страна на некои руски војници, изјави денеска претседателот на комисијата, Ерик Мосе во првиот привремен извештај во говорна форма. „Врз основа на доказите собрани од комисијата, заклучено е дека во Украина извршени се воени злосторства“, појасни тој. Жртвите на споменатите злосторства се меѓу четири и 82-годишна возраст, според информациите од претседателот на комисијата споделени во Советот за човекови права на ОН во Женева. Истрагата на експерти за човекови права првично се фокусираше…

Read More