Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Дел руски ИТ експерти, банкари, новинари од државни медиуми нема да бидат повикани на воена служба во Украина во рамките на мобилизацијата, информира руското Министерство за одбрана. Министерот за одбрана Сергеј Шојгу претходно соопшти дека Русија ќе се обиде да повика дополнителни 300.000 војници за руската војна во Украина. Кремљ тоа го нарече „делумна мобилизација“. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека делот од официјалниот декрет со што се најавува мобилизација, а вклучува број на лица кои ќе бидат мобилизирани, не е објавен, е доверлив и се чува во тајност. Според Министерството за одбрана, некои вработени во клучни индустрии ќе…
Пишува: Љубомир Костовски Тактиката на ВМРО ДПМНЕ со филибастеринг на нејзините пратеници во Собранието да глумат дека се активни, ама да ги блокираат сите активности во него, имала еден проблем: полната бешика на говорниците. Да не заборавиме дека терминот филинастер доаѓа од поимот – пирати! „Вчера мојата колешка држеше говор 10 часа и не ѝ дозволивте да оди во тоалет, можеби треба јавно да извршиме нужда врз вашите предлози за уставни судии кога веќе не ни давате пауза среде говор?!“ Дафина Стојановска, пратеничка за која многумина ќе потврдат дека е со убедливо највалкан јазик во историјата на парламентот, се бунеше…
Имаме капацитет и мотивација соодветно да ги подготвиме нашата земја и нашите институции преку градење силен и добро интегриран административен капацитет на агенциите за спроведување на законот и другите релевантни тела, од кои се очекува да ги постигнат потребните стандарди, рече вицепремиерот за европски прашања и главен преговарач на земјава со ЕУ, Бојан Маричиќ на денешниот објаснувачки скрининг состанок во Брисел за Поглавјето 24 „Правда, слобода и безбедност“. Маричиќ истакна дека македонскиот преговарачки тим од оваа област се надоврзува на претходното стекнато искуство и продолжува со новите законски регулативи од 2019 година до денеска, потенцирајќи дека ова е голема предност…
Илјадници Руси на регрутна возраст се обидуваат да ја напуштат земјата од средата, додека други планираа како да избегнат да бидат испратени на фронтот откако претседателот Владимир Путин прогласи делумна воена мобилизација за војната во Украина. „Не сакам да бидам топовско месо“, изјави за „Москва тајмс“ еден 30-годишен Московјанец кој побарал анонимност за слободно да зборува. Најочигледен начин за мажите да избегнат регрутирање е да ја напуштат земјата, а директните летови во среда од Русија до Ерменија, Турција и Азербејџан – блиските земји кои им дозволуваат на Русите да влезат без виза – брзо се распродадоа. „Мојот брат е исплашен. Итно се…
Лидерот на Чеченија, Рамзан Кадиров, кој се смета за близок сојузник на Путин, изјави дека ќе нема мобилизација во Чеченија. Тој во гостување во телевизиско шоу рече дека Чеченија „веќе го надминала планот за 254 проценти“. „Тој план во Чеченската Република беше преполнет за 254 отсто. Таквите показатели беа постигнати порано со формирањето на нови единици на Министерството за одбрана на Руската Федерација. Сите кандидати за служба поминале низ Воениот комесаријат. Овој механизам го разработивме од самиот почеток, уште пред најавата за делумна мобилизација“, рече Кадиров. Тој рече дека во Украина досега војувале 20.000 Чеченци и оти Чеченија ги исполнила…
Партијата Левица со формулацијата на референдумското прашање фактички признава дека Северна Македонија ги почна преговорите со Европската Унија. „Дали сте за продолжување на преговорите со ЕУ, со прифаќање на собраниските Заклучоци број…“, рече претседателот на Левица, Димитар Апасиев, соопштувајќи како неговата партија ќе го формулира прашањето за референдум. За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, нема директно да го „напаѓа“ Договорот со Бугарија туку Заклучоците, рече Апасиев во емисијата „Само интервју“ на ТВ Канал5. Ќе бараат, рече Апасиев, задолжителен референдум, а бидејќи по нашиот Закон за референдум изјаснувањето е „за“ и „против“, очекува граѓаните на прашањето да гласаат против. Извор: frontline.mk
Министрите за надворешни работи на Северна Македонија, на Полска и на Шведска, Бујар Османи, Збигњев Рау и Ан Линде, на маргините на 77-то Генерално Собрание на Обединетите нации, одржаа состанок како дел од Тројката претседавачи со ОБСЕ. На средбата учествуваше и генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Шмид. Како што соопшти МНР, соговорниците разменија мислења за улогата на ОБСЕ во светло на руската агресија врз Украина и го повторија својот повик до Руската Федерација да ја прекине агресијата, да ги повлече своите сили од Украина и да се усогласи со принципите на ОБСЕ. Случувањата меѓу Ерменија и Азербејџан, исто така, беа…
Расправија поради место за седење била причина за синоќешната физичка пресметка помеѓу двајца малолетници во автобус на ЈСП во Кисела Вода. Како што информираат од МВР, синоќа околу 19:33 часот во СВР Скопје е пријавено дека полициски службеник задржал две лица кои кај Стара Рампа, бидејќи го нарушиле јавниот ред и мир во автобус број 51 со физичка пресметка во која бил употребен остар предмет. „Имено, откако по вербална расправија за место за седење малолетник од село Моране извадил остар предмет да нападне малолетник од село Студеничани, не успеал во намерата и повредил малолетен другар од село Студеничани, а се…
Во украински региони под руска контрола утрово почна гласањето на референдум за приклучување кон Русија, пренесе Бета. Сепаратистичките власти го најавија референдумот во Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје по контраофанзивата на украинската армија која врати делови од територијата во последните неколку недели. Гласањата, кои треба да траат до 27 септември, почна утрово во 5 часот. Рускиот претседател Владимир Путин прогласи независност на Доњецката Народна Република (ДНР) и Луганската Народна Република (ЛНР) непосредно пред почетокот на офанзивата во Украина.
Чешкиот претседател Милош Земан предупреди дека руската политика станува сè поирационална и оти е можно Владимир Путин да не блефира кога му се заканува на светот со нуклеарно оружје. „За жал, ирационалноста е сè поприсутна во руската политика. Токму затоа не се осмелувам да тврдам дека заплашувањето со нуклеарно оружје е само блефирање. На крајот на краиштата, самиот Путин во своето обраќање јасно кажа: Јас не блефирам“, изјави Земан во интервју за чешкиот дневен весник „Млада Фронта Днес“. Според чешкиот претседател, делумната мобилизација во Русија е резултат на руските воени неуспеси во Украина и нагласи дека ниту една демократска земја не може…
Македонската фудбалска репрезентација попладнево ѝ гостува на Грузија, во Тбилиси (18 ч.), во натпревар од претпоследното коло во групата 4 од Ц-Дивизијата во Лигата на нации. Од македонскиот табор најавија атак на трите бода против лидерот во групата, и покрај проблемите со многу повредени играчи со кои се соочи селекторот Благоја Милевски. Во црвено-жолтиот дрес вечерва ќе ги нема стандардните Стефан Ристовски, Аријан Адеми и Дарко Чурлинов, а ќе недостасуваат уште неколкумина повредени играчи. Грузија води на табелата со 10 бодови и за промоција во Б Дивизијата ќе ѝ биде доволен и бод, додека избраниците на Милевски ќе треба да…
Есента на северната хемисфера и во земјава почна денеска во 3:03 часот. Во исто време на јужната полутопка на Земјата настапи пролетта. Првиот есенски ден е 266-ти во годината и ќе трае 12 часа и 7 минути. Сонцето изгреa во 6:23 часот, а ќе зајде во 18:30 часот. Есента ќе трае до 21 декември во 23:48 часот, кога календарски започнува зимата.