Author: Sashko

Македонски тенисер Калин Ивановски се пласира во осминафиналето на јуниорскиот турнир на Вимблдон. Тој во шеснаесетфиналето попладнево го елиминира 11. носител, Родриго Пачеко Менедез со 6:1, 6:2 во меч што траеше еден час и четири минути. Противник на македонскиот тенисер во осминафиналето ќе биде Литванецот Едас Бутвилас кој е осми носител на турнирот.

Read More

Новата мобилна апликација „Скопска“, виртуелна автобуска карта е комплетно функционална, соопштија од ЈСП „Скопје“. „Мобилната апликација „Скопска“, која претставува замена за неперсонализираната електронска картичка „Скопска“, од неодамна е целосно функционална и практично таа е виртуелна автобуска карта. Апликацијата е достапна за корисници на „смарт“ мобилни телефони со Android или IOS оперативен систем“, објавија од компанијата. Мобилна апликација „Скопска“, како што нагласуваат од ЈСП „Скопје“, нуди низа поволности, меѓу кои и основните за електронско купување и валидирање на билет, а располага и со алатки (возен ред, мапа на постојки, рута на планирање и друго) кои во голема мера го олеснуваат користењето…

Read More

Претседателот Стево Пендаровски го прими првиот човек на Европскиот совет Шарл Мишел, кој претпладнево допатува во еднодневна посета на Македонија. На средбата се разговараше за актуелните политички случувања во Македонија, за предизвиците во однос на европските перспективи со кои се соочува на земјава и за францускиот предлог за почеток на пристапните преговори со Европската Унија (ЕУ). https://www.youtube.com/watch?v=9h7aVLajBqE Претседателот Пендаровски ја карактеризира посетата на Мишел како показател за посветеноста на ЕУ и го информираше за текот на широкиот консултативен процес кој се води во однос на францускиот предлог, како и за атмосферата во нашето општество по тоа прашање. Двајцата претседатели се…

Read More

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел претпладнево беше пречекан од првиот вицепремиер на Владата, Артан Груби во рамки на неговата еднодневна посета на Македонија. Според Груби, посетата на Мишел е од големо значење и доаѓа во период во кој се водат консултации на национално ниво, со сите чинители во општеството, во врска со францускиот предлог кој се однесува на надминување на македонско-бугарскиот спор и деблокирање на евроинтегративниот процес на земјава. „Посетата ја потврдува поддршката и посветеноста на Унијата за деблокирање на интегративниот пат на нашата земја, обезбедувајќи ја содржината на исправноста и рационалноста на францускиот предлог за спорот со Бугарија.…

Read More

Македонски средношколци за првпат ќе учествуваат на светското финале на натпреварот „Aramco F1 in Schools“ во Лондон, за дизајнирање, тестирање и изработка на мини болид по примерот на моделите на Формула 1 кој работи на погон на компримиран воздух. Дел од петчлениот македонски тим се Марио Блажевски, Мирослав Мишоски, Калин Јовановски, Никола Мишоски и Мила Перинска. Нивното учество на финалето во Лондон е уште една потврда дека Македонија е расадник на млади таленти кои, во случајот, носат огромен капацитет да развиваат технологии на почетоците на нивните кариери во инженерската област. Пред поаѓање за Лондон, тимот на македонски средношколци беше примен…

Read More

Цените на електричната енергија во Европа достигнаа рекордно ниво поради намалените испораки на гас од Русија, објави британскиот весник „Фајненшл тајмс“ (ФТ). Во Германија и во Франција, водечки земји во еврозоната, цените за мегават час за 2023 година поставија нови рекорди, достигнувајќи 325 односно 366 евра. Според експертите, зголемувањето се должи, пред сè, на недостигот на гас во Европа, што се појави главно поради намалувањето на увозот на овој енергенс од Русија, што, пак, се должи на воведувањето на санкции кон Русија. Поради санкциите од Канада, Русија не успеа навреме да набави турбините потребни за „Северен поток 1“, принудувајќи ја да го ограничи своето…

Read More

Луна, Ана и Хана се имињата на трите мали лавици кои се родија во Зоолошката градина во Скопје пред четири месеци. Имињата ги добија преку јавен повик за „кумство“ до граѓаните на ЗОО Скопје преку Фејсбук. Освен на профилот на ЗОО Скопје на социјалните мрежи, граѓаните можеа да достават свои предлози за имиња и во кутиите кои беа поставени на влезот на Градината. „Изминатите денови добивме над 3.000 предлози за имиња на трите женски лавчиња. Ви благодариме што бевте креативни и што придонесовте заеднички да ги одбереме имињата за овие три мали убавици. Внимателно ги прочитавме сите предлози и најголем…

Read More

Американската полиција соопшти дека го уапсила Роберт Е. Крајмо, осомничен за вчерашната пукотница во Хајланд Парк, предградие на Чикаго, при што беа убиени шест, а ранети повеќе од 36 лица. Крајмо од покривот на зграда отворил оган од огнено оружје врз собраните на парадата по повод Денот на независноста. „Полициски службеници го опколиле автомобилот на осомничениот, кој со кренати раце излегол од возилото. Тој е приведен, а против него ќе биде покренато обвинение“, се наведува во полициското соопштение без да се дадат детали околу мотивите за нападот. „Звучеше како огномет“, изјави пензионираниот лекар Ричард Кауфман кој се наоѓал преку патот…

Read More

Бројот на странски платеници во Либија е делумно намален поради војната во Украина, наведува Чалока Бејани, експерт на ОН, цитиран од агенцијата ДПА. Бејани го опиша тоа со „отворање на нов пазар на друго место“. Британскиот правен експерт, кој е со потекло од Замбија, собира докази за кршење на човековите права во Либија и дел е од комисијата на експерти назначена од Советот за човекови права на Обединетите Нации (ОН). Според Бејани, во Либија е видливо намален и бројот на платеници од руската група Вагнер. Приватната воена компанија се смета за армија во сенка на рускиот претседател Владимир Путин, кој…

Read More

Над 200 пожарникари во текот на ноќта се бореа со огнените јазици на две различни локации, во централна Грција и на Пелопонез, по вчерашните пожари кои сè уште активни, поради што превентивно се евакуирани неколку села и еден хотел, јави дописничката на МИА од Атина. Битката со огнената стихија продолжува и утрово, пожарите се гасат и од воздух со авиони и хеликоптери. Едниот пожар е во централна Грција, во близина на градот Итеа, а преку бројот за итни случаи 112 е побарано од жителите што се наоѓаат во северниот дел на градот да се евакуираат. Во вториот пожар, во близина…

Read More

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, во гостување на МТВ, истакна дека францускиот предлог и Протоколот се два неповрзани процеса.„Францускиот предлог ја утврдува рамката на преговорите за членство, додека Протоколот е билатерален документ со кој редовно се следи имплементација на договорот. Коинцидираат временски, затоа што во дел од овој пакет на односи со Бугарија, за да се даде согласност за европскиот, треба да се потпише и овој договор. Меѓутоа тие два документа не се меѓусебно поврзани“, истакна Османи.Османи посочи дека Протоколот може да ја пресликува динамиката на европскиот процес, но европскиот процес не смее да пресликува динамика на Протоколот кој…

Read More

По падот на регионот Луганск, украинските вооружени сили се распоредени на нови одбранбени позиции во регионот на Доњецк, каде што продолжуваат да ги контролираат големите градови. Истовремено, тие планираат да започнат контраофанзива на југот на земјата. Гувернерот на Луганск, Серхи Хајдај, по повеќенеделната битка за Лисичанск кој на крајот падна под руска контрола, изјави дека битката им овозможила на украинските сили да воспостават позиции во Доњецк со цел „да ја отежнат ситуацијата за Русите таму“. Хајдај уште еднаш побара од западните сојузници на Украина да испратат повеќе оружје, тврдејќи дека украинската армија ќе започне контраофанзива штом ќе има доволно оружје…

Read More