Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Полициски единици при Одделите за специјални полициски операции при Министерствата за внатрешни работи на Македонија и на Бугарија денеска ќе одржат заедничка вежба во Софија. На вежбата, како што е најавено, ќе присуствува и делегација на МВР, предводена од министерот Оливер Спасовски, која претходно ќе одржи и билатерална средба со бугарската делегација.
На државните патишта во земјава, од денеска до 31 август, ќе се применува привремен режим на сообраќај во летниот период, со што се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 15 тони во денови од викендот и при екстремно високи температури. Временските интервали на забраната за тешки товарни возила се однесуваат на петок од 17 до 22 часот, сабота од 9 до 18 часот и недела од 9 до 22 часот. Како што соопшти Автомотосојузот на Македонија, во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерството зa здравство, забранaта ќе важи и од понеделник до четврток во…
Времето претпладне ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена облачност, а во попладневните и вечерните часови наместа ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветар, која локално ќе биде со услови за појава на краткотрајно невреме и град. Дневните температури ќе бидат во интервал од 30 до 38 степени, додека УВ индексот ќе изнесува 8. Во Скопје времето ќе биде сончево, со мала до умерена облачност и слаб до умерен северозападен ветар. Максималната температура ќе достигне до 35 степени. Во наредните денови ќе имаме многу топло време, со дневни температури кои насекаде…
Руски проектил рано утрово погоди деветкатница во Одеса, при што загинаа најмалку 17 лица, а десетици се повредени, соопштија локалните власти. „Еден проектил погодил зграда во градот Билхород-Днистровски, а предизвикал пожар во продавница до зградата“, се наведува во соопштението на украинското Министерство за вонредни ситуации, кое претходно соопшти за 14 загинати и 30 повредени. Портпаролот на регионалната администрација Сергеј Братчук, за украинската државна телевизија изјави дека во тек е акција за спасување, бидејќи некои луѓе останале затрупани под урнатините на зградата. „Друг проектил го погоди одморалиштето, при што загинаа најмалку три лица, меѓу кои и едно дете, а едно лице…
Од денеска поскапува струјата и почнува да се применува новиот концепт на блок тарифи. Регулаторите уверуваат дека просечната цена на струјата ќе се зголеми за 7,4 проценти за 98,8 отсто од домаќинствата. Не се очекуваат ниту рестрикции на струја, иако нè очекува тешка зима. Блок тарифите ќе важат само за скапата струја, а за евтината нема да има блок тарифи и потрошувачката ќе се плаќа врз основа на разлика. Од Регулаторната комисија за енергетика велат дека доколку не се воведат блок тарифите, цената би се зголемила за 17,74 проценти. „РКЕ воведе концепт на блок тарифи со цел да им се…
Бруто надворешниот долг на Македонија во првиот квартал во 2022 година изнесувал 9,997 милиони евра, што претставува квартално зголемување за 430 милиони евра, додека зголемување е забележано и кај бруто надворешни побарувања за 8 милиони евра и сега изнесуваат вкупно 5.917 милиони евра, покажуваат најновите статистички податоци на Народната банка. „Поголемото квартално зголемување на обврските, во однос на побарувањата, доведе до зголемување на нето надворешниот долг за 422 милионa евра, со што на крајот на март во 2022 година тој изнесува 4.060 милиони евра. Доколку од долгот се исклучи ефектот од специфичните активности за управување со девизните резерви на централната…
Шведска и Финска во вторник ќе го потпишат протоколот за влез во НАТО, со што и формално ќе се придружат на Алијансата, изјави генералниот секретар на Северноатлантскиот сојуз, Јенс Столтенберг на денешната прес-конференција во Мадрид. „Се договоривме да ги повикаме Шведска и Финска да се придружат на нашиот сојузот и се договоривме за долгорочна поддршка за Украина“, рече Столтенберг. По потпишувањето, протоколот треба да биде ратификуван во парламентите на сите 30 земји членки за да се овозможи на двете скандинавски држави да станат дел од НАТО.
Мухамед Зеќири, поранешен генерален секретар на Владата, го менува затворскиот притвор од истражниот затвор „Шутка“ со куќен притвор. Одлуката денеска ја донесе Апелација, при што на Зеќири му е одземен и пасошот. Зеќири речиси цел месец беше на болничко лекување на Инфективната клиника од каде ќе продолжи да ја издржува мерката притвор во домашни услови. Во истражниот затвор „Шутка“ беше спроведен на 8 април. Тој е осомничен за злоупотреба на службената положба и овластување. Според обвинителството, без спроведување на соодветна постапка за јавна набавка, склучил договор за консултантски услуги со правно лице во што со умисла му помогнале хрватски државјани.
Вонреден инспекциски надзор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) констатирал недостатоци во работата на Клиниката за Радиологија. Надзорот бил спроведен по претставка до ДСЗИ за неиздаден резултат од извршено снимање. „Постапувајќи по Законот за здравствена заштита и Законот за права на пациенти, ДСЗИ изврши вонреден инспекциски надзор, при што констатира дека постојат неиздадени резултати на веќе извршени дијагностички процедури. Инспекторатот издаде Решение со кое ја задолжува Клиниката за радиологија да се почитува рокот на важност на издадените упати, резултатите од извршените дијагностички радиолошки испитувања да се издаваат по нивното завршување, согласно медицината базирана на докази и да се почитуваат…
Руските сили се повлекоа од Змискиот остров во близина на украинскиот брег во Црното Море како „знак на добра волја“, соопшти денеска Министерството за одбрана. Министерството соопшти дека овој потег покажува дека Русија не ги попречува напорите на Обединетите нации за организирање хуманитарен коридор за извоз на земјоделски производи од Украина. Змискиот остров, што Русија го окупираше на првиот ден од инвазијата, стекна светска слава кога украинските граничари кои беа таму го одбија барањето на руски воен брод за предавање.
Издадена е наредба за Русија да обезбеди неизвршување на смртната казна за двајцата Британци, заробени по борбата во Украина, соопшти денеска Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП). Суд во самопрогласената Народна Република Доњецк во текот на јуни ги осуди британските државјани Ајден Аслин и Шон Пинер на смрт, по обвинението за „платенички активности“. ЕСЧП информираше за издадената наредба за привремена мерка до Русија, барајќи „да обзбеди да не биде извршена смртната казна изречена на подносителите на барањата и да обезбеди соодветни услови за нивниот притвор и да им ја даде сета потребна медицинска помош и лекови“. Семејствата на Британците негираат…
Од денеска почнува рокот за пријавување на сите заинтересирани учесници на изборите за Советот на Општина Тетово кој ќе трае 15 дена, заклучно со 14 јули, во подрачното одделение на Државната изборна комисија (ДИК) во Општина Тетово. Во врска со изборите во општините Маврово и Центар Жупа, од ДИК уште еднаш потсетија дека сè уште трае јавниот увид. „Увидот е започнат на 25 јуни и ќе трае до 14 јули, значи 20 дена. Собирањето на потписи, пак, за предлагање на листи на кандидати е започнато на 20 јуни, и ќе трае до наредната недела, до 4 јули, исто во подрачните…