Author: Sashko

Убиен е мексиканскиот новинар Антонио де ла Круз, а во нападот тешко повредена е неговата 23-годишна ќерка, соопштија властите. Де ла Круз (47) е убиен од огнено оружје, додека излегувал од куќата со својата ќерка во главниот град на мексиканската држава Тамаулипас, Сиудад Викторија, објави локалниот весник Експресо, за кој новинарот пишуваше. Де ла Круз е дванаесетти новинар убиен годинава во Мексико. Гувернерот на Тамаулипас, Франциско Гарсија Кабеза де Вака информираше дека ќерката на жртвата е во критична состојба. „Нема да запреме дури не ги пронајдеме одговорните и не ги казнеме со максимална казна пропишана со закон“, нагласи гувернерот. Членови на семејството…

Read More

Стопанската комора на Северна Македонија, од утре до крајот на август, ќе биде присутна со свои тимови на граничниот премин „Табановце“ и на лице место ќе се утврдува како се одвиваат постапките за увоз и извоз на стоки и дали се точни пријавите од компаниите дека нивни камиони се задржуваат по три до четири дена. Тимовите ќе бидат на „Табановце“ од 9 до 15 часот и ќе имаат соодветни ознаки за да бидат препознати од компаниите и службите. За нив е обезбедена и канцеларија од Царинската управа. „Добиваме реакции од фирми дека чекаат по три до четири дена на „Табановце“.…

Read More

Многупати ме имаат обвинето дека интерпелациите ги држам во фиока. Да бидам јасен, тие прашања не се однесуваат до мене, туку до постапката, порача собранискиот спикер, Талат Џафери во процедуралното обраќање пред пратениците на седницата со единствена точка на дневен ред – Интерпелација на претседателот на Парламентот што ја иницира ВМРО-ДПМНЕ. „Да бидам јасен, тие прашања не се однесуваат на мене туку до постапката затоа и денеска е предлог на дневен ред да биде единствена точка Интерпелацијата“, порача Џафери. https://www.youtube.com/watch?v=aV-P9vgG28M

Read More

Мобилни медицински екипи ќе патролираат низ Скопје, ќе делат вода и летоци со совети за заштита од топлото време, ќе мерат притисок на граѓани кои ќе се пожалат на тегоби, а за потешките случаи ќе биде обезбеден и транспорт до најблиската медицинска установа или до домот на лицето, информира Црвениот крст на град Скопје за теренските активности за справување со евентуални топлински бранови. Ќе бидат ангажирани 20 волонтери од Тимот за одговор при катастрофи кои ќе патролираат со пет возила низ градот. Планирано е денеска и утре мобилните тимови да излезат на терен од 11 до 16 часот и низ централното градско подрачје и на поголемите…

Read More

Бугарскиот претседател Румен Радев, најдоцна до утре попладне, ќе му врачи мандат на кандидатот за премиер од партијата „Продолжуваме со промените“, за формирање на влада во рамки на сегашниот парламент. Партијата на досегашниот премиер, Кирил Петков е со најголем број на мандати во бугарското Собрание, што значи дека тој повторно ќе има прилика за составување на Влада по недовербата што му беше изгласана во текот на минатата недела. Петков најави оти неговата партија ќе испрати покана до сите пратеници од партијата „Има таков народ“ на Слави Трифонов која ја урна досегашната владеачка коалиција. „Ако успееме да обезбедиме 121 пратеник, Бугарија…

Read More

Доколку Русија ја заземе Украина, и други европски земји ќе бидат следни на тој пат, изјави украинскиот министер за одбрана, Олексеј Резников за „Скај њуз“. Резников кажа дека нема смисла „да се обидуваме да не ги ескалираме тензиите со Русија, бидејќи војната е веќе тука“. Тој смета дека Третата светска војна веќе е почната.

Read More

Ако лидерите на Г7 ја соблечеа облеката на Самитот во Германија, „глетката ќе беше одвратна“, рече Владимир Путин, како одговор на нивната шега на сметка на рускиот претседател за склоноста кон фотографии без маица. „Не знам како планирале да се соблечат, дали над или под струкот“, додаде Путин пред новинарите при својата посета на Туркменистан, но, според него, „во секој случај тоа би било одвратна глетка“. „Путин ги советуваше лидерите на Г7 дека е потребно вежбање и помалку пиење за постигнување хармонија меѓу телото и душата“, јави руската новинска агенција ТАСС. Британскиот премиер Борис Џонсон додека седеше заедно со своите…

Read More

Земјотрес со јачина од 4,8 степени утрово, нешто по 8 часот, ја погоди БиХ, поточно подрачјето околу Мостар. Според податоци на Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ), епицентарот на потресот бил на 10 километри од Широки брег, на длабочина од 5 километри и силно се почувствувал во Мостар. Засега нема информации за причинети материјални штети, за повредени и евентуални жртви.

Read More

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. Попладне ќе има развој на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветар, но и услови за изолирана појава на град. Утринските температури ќе бидат во интервал од 12 до 21 степен, а дневните ќе достигнат до 38 степени, УВ индексот ќе се искачи до деветка. Во Скопје времето ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветар од северозападен правец. Утринската температура ќе биде до 19 степени, а дневната ќе достигне до 36. Од УХМР информираат дека настапува период на многу топло време, со дневни температури кои насекаде…

Read More

Од две години до доживотен затвор се изречените казни за дваесетте обвинети за масакрот во Париз од 2015 година. Обвинетите имаат рок од десет дена за жалба на пресудите, јави дописникот на МИА. Салах Абдеслам (32) е осуден на доживотен затвор, а казната не може да се намалува од специјално составениот кривичен суд. Судот во него виде „коавтор“ (а не соучесник) на исламистичките убиства од 13 ноември во 2015 година во Париз и Сена Сен Дени. Единствениот преживеан член на фанатичните командоси, кои убија 130 лица и повредија стотици други, доби максимална казна предвидена во кривичниот законик, како соизвршител во…

Read More

Македонското Собрание денеска треба да ја одржи 77. пленарна седница со единствена точка на дневниот ред – Интерпелација за работата на претседателот на парламентот Талат Џафери што ја поднесе опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Согласно член 49, став 1, од Деловникот, претресот по интерпелацијата трае еден работен ден, до исцрпувањето на листата на пријавените пратеници за збор, а се одлучува најдоцна до полноќ. Претседателот на Собранието, Џафери на седницата има право да го образложи својот писмен одговор или да даде устен одговор на поставената интерпелација. Пратениците од опозициската партија и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски, и пред поднесувањето на интерпелацијата, рекоа дека не очекуваат…

Read More

Француското претседателство со Европската Унија (ЕУ) денеска завршува, бугарското вето за македонскиот евроинтегративен процес останува. Владата во Скопје тврди дека сè уште не им бил доставен официјален предлог за надминување на спорот со Бугарија и за почеток на преговорите за членство во Унијата, а во Софија, пак, молк откако минатата недела парламентот го прифати „францускиот предлог“ и изгласа недовeрба на владата на Кирил Петков. Француските дипломати во седиштето на ЕУ, како што јави дописничката на МИА од Брисел, не се запознати со нова иницијатива за надминување на спорот меѓу Софија и Скопје по посетата на македонската делегација во Бугарија. Процесот…

Read More