Author: Sashko

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветар од северен правец, а според најавите од УХМР, попладне ќе има ретка појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Дневните температури ќе бидат во интервал од 26 до 37 степени, додека УВ индексот ќе достигне 8. Во Скопје времето ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветар од северен правец. Дневната температура ќе достигне до 34 степени. И во текот на наредните денови ќе се задржи сончево и топло време, во попладневните и вечерните…

Read More

Советот на амбасадори смета дека во однос на аспирациите на Западен Балкан, повторен е неуспехот од изминатите години – Северна Македонија и Албанија не добија датум за преговори, Србија и Црна Гора тапкаат во место, БиХ не доби кандидатски статус, додека Косово не доби визна либерализација. Во однос на предложената преговарачка рамка од Франција, Советот на амбасадори смета дека овој мултилатерален документ дава надежни основи за добивање на датумот за отпочнување на преговорите со Европската Унија (ЕУ), но со неколку забелешки. Билатералниот протокол, кој инаку не е потпишан од претставниците на заедничката комисија, а усвоен од страна на Собранието на…

Read More

Оној што немаше политичка храброст ги подучува другите како да соберат таква храброст и да прифатат тешки политички решенија. Така бугарскиот премиер во оставка Кирил Петков го подучува македонскиот премиер Димитар Ковачевски. Откако самиот тој и неговата влада (која падна во средата) одбија да се изјаснат за францускиот предлог и покрај тоа што таквите одлуки според бугарскиот устав се надлежност на кабинетот, Петков сега му советува на Ковачевски да соберел храброст и да го прифател францускиот предлог. „Да бев на негово место немаше да размислувам два пати“, вели Кирил Петков во разговор за бриселски „Политико“ пред денешниот втор ден од…

Read More

Централното градско подрачје на Скопје утре попладне ќе биде под посебен сообраќаен режим поради Парадата на гордоста, информира Министерството за внатрешни работи (МВР). „За време на движењето (по потреба) за сообраќај ќе бидат затворени ул. „11 октомври“, ул. „Димитрие Чуповски“, ул. „Васил Главинов“, бул. „ВМРО“, бул. „Илинден“, ул. „Аминта Трети“ и ул. „1732“, се вели во соопштението на МВР и се апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.

Read More

Министерството за здравство (МЗ), согласно податоците од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), информира дека во последните 24 часа се регистрирани 108 нови случаи на ковид-19 од направени 723 тестови, период за кој не се пријавени смртни случаи. Од вкупниот број на нови случаи, во Скопје се потврдени 75, во Битола – седум, во Куманово – шест, во Прилеп и во Кавадарци – по четири, во Струмица – три, во Тетово, во Гостивар и во Охрид – по два, во Велес, во Штип и во Гевгелија – по еден. Дваесет и девет меѓу нив се реинфекции. Регистрирани сe и 88 оздравени…

Read More

Полска денеска потпиша договор за заем од 450 милиони евра со Банката за развој на Советот на Европа. Средствата ќе бидат наменети за справување со бранот на бегалци кои ја напуштија Украина по руската инвазија. Приближно 4,3 милиони бегалци пристигнаа во Полска од почетокот на руската инвазија на Украина на 24 февруари. Земјата им обезбедува бесплатно сместување, социјална и медицинска нега, образование и можности за вработување. Голем број од украинските бегалци кои пристигнаа во Полска се преселија во други држави, некои одлучија да се вратат дома, но се проценува дека половина од нив останале во Полска. Советот на Европа е…

Read More

Понудата на АД ЕСМ е единствената што пристигна на денешниот тендер на ЕВН Хоме, како универзален снабдувач, за набавка на електрична енергија за задоволување на потребите на корисниците за периодот јули-декември во 2022 година. „АД ЕСМ, како најповолен и единствен понудувач на тендерот преку електронскa аукциja, понуди купопродажна цена на електрична енергија на ЕВН Хоум од 48 евра за мегаватчас за покривање на 100 отсто од вкупно планираните количини. Добиената купопродажна цена за периодот јули-декември 2022 година e за 17 отсто повисока од претходната која беше добиена на последниот тендер на универзалниот снабдувач за периодот јануари-јуни во 2022 година, кога АД…

Read More

Министерството за финансии е локацијата на која денеска е штрајкот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), каде повторно беше испорачано барањето за линеарно зголемување на платите за 2.806 денари за секој вработен во јавниот сектор и истото да се вметне преку амандман или преку Општиот колективен договор. Претседателот на ССМ, Дарко Димовски испрати апел до министерот за финансии, Фатмир Бесими да го прифати барањето, бидејќи, како што посочи, истото е издржано согласно покачувањето на цените на храната, нафтените деривати, електрична енергија. „Денеска сме пред Министерството за финансии, каде бараме од целото Министерство вклучително и од службите да го вметнат…

Read More

По неколкучасовна расправа, бугарското Собрание го одобри францускиот предлог, со дополнети услови, за одблокирање на евроинтегративниот процес за Македонија и за Албанија. За точката на дневниот ред, која беше предложена од пратеникот Христов Иванов и партијата „Демократска Бугарија“, 170 пратеници гласаа „за“, 37 се изјаснија „против“, а 21 беше „воздржан“. Дебатата во бугарскиот парламент изобилуваше со многу обвинувања за тоа „кој бил предавник“, „кој ги изневерил“ и „кој ги заштитил бугарските национални интереси“, до, речиси, едногласниот заклучок констатација дека францускиот предлог е најдобриот што Бугарија го добила до сега. Декор на расправата беа и транспаренти на „Преродба“ на кои пишуваше…

Read More

Крајниот рок за завршување на пристапниот процес на Западен Балкан во Европската Унија да биде 2033 година, порача грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во Брисел. „Грција, како најголема економија во регионот и како земја која има корист од приклучувањето кон европското семејство, е на страната на Западен Балкан“, изјави тој пред новинарите. „Знаеме дека процесот е тежок за овие земји. Мое мислење, сепак, е дека многу е важно да се предложи конкретен рок за да може да се заврши тој процес. Мојот предлог до Европскиот совет е тоа да биде до 2033 година или 30 години по Самитот во Солун, за…

Read More

Скопје утре (25 јуни) ќе биде домаќин на третата Парада на гордоста, која оваа година ќе се одржи под мотото „Излези за љубов! Достоинство. Еднаквост. Правда“ во организација на Националната мрежа против хомофобија и трансфобија. Популарниот Прајд ќе почне со собир на учесниците од 17 до 19 часот во паркот „Жена-борец“, спроти македонското Собрание. По предвидените кратки обраќања на активисти и претставници на институции, ќе следи марш по скопските улици што ќе биде пропратен со ди-џеј сетови од 19 до 20 часот. Програмата на стадионот на АРМ во Градски парк ќе почне во 20:30 часот и ќе трае до 1 часот…

Read More