Author: Sashko

Премиерите на Македонија и на Албанија, Димитар Ковачевски, односно Еди Рама и претседателот на Србија, Александар Вучиќ ќе одат на Самитот Европската Унија (ЕУ) – Западен Балкан што ќе се одржи утре во Брисел. Веста синхронизирано ја објавија тројцата лидери. „Јас, Еди Рама и Александар Вучиќ денес донесовме одлука, уште еднаш да ја потврдиме позицијата дека Северна Македонија, Албанија и Србија имаат европска иднина. Решивме дека треба, пред земјите пријатели, кои се посветени на напредокот на регионот на економски и политички план и кои се залагаат за брзи и одлучни евроинтеграциски процеси, да ги повториме нашите заложби за европскиот пат на…

Read More

Најмалку 950 лица ги загубија животите во земјотресот што утрово ја погоди авганистанската провинција Пактика, соопштија официјални лица, што е речиси четирикратно повеќе во однос на првичните извештаи. Раководителот на управата на талибанската влада за управување со катастрофи информира дека и бројот на повредени граѓани се искачил на 610. https://www.youtube.com/watch?v=4fzl3UHcHFI Американскиот геолошки институт соопшти дека епицентарот на потресот со јачина од 6,1 степени по Рихтер бил на околу 44 километри од градот Хоста, на југоистокот на земјата, на длабочина од 51 километар. Неколку помали афтершокови по силниот земјотрес се почувствувале во радиус од околу 500 километри во Авганистан, во Пакистан…

Read More

Пожари зафатија голема површина на шума во подрачјето на Мармарис, во западната турска провинција Мугла. Пожарникарите се борат со огнените јазици и од копно и од воздух, јави агенцијата Анадолија. Причините за огнената стихија сè уште не е утврдена. Во гаснењето се вклучени 20 хеликоптери и 14 авиони, екипите на терен прават сè што е во нивна моќ.

Read More

Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов рече дека француското претседателство ја направило најдобрата рамка за кревање на ветото за почеток на преговори на Македонија за членство во Европската Унија (ЕУ) што не може да биде подобра. Но, тој ја обвини владата на Кирил Петков дека не сторила ништо во врска со Протоколот кој е дел од преговарачката рамка и сè уште не е потпишан, побара веднаш да биде свикан Министерскиот совет и да се даде зелено светло за Македонија и за Албанија да го отпочнат евроинтеграцискиот процес.  „Разговарав со пратениците на ГЕРБ и ги прашав дали ми веруваат да го поддржам…

Read More

Жртва на свештеникот педофил Питер Х поднесе тужба против папата Бенедикт XVI и други претставници на римокатоличката црква во Германија. Како што пишуваат медиумите, во тужбата се наведува дека папата, прв поглавар на римокатоличката црква кој се повлекол од тоа место, знаел за сите околности, а свештеникот злоставувал и претходно. Лицето го обвинува папата дека, и покрај тоа што знаел за педофилските склоности на свештеникот, му дозволил да работи со деца и млади. Папата Бенедикт, во време кога бил надбискупот Џозеф Рацингер, во почетокот на 1980-те години, го примил свештеникот во својата епархија иако тој бил казнет поради педофилија. Во…

Read More

Директорот на ЈП „Водовод и канализација“ Скопје, Златко Перински до Управниот Одбор на компанијата ќе предложи линерно покачување на платите на сите вработени. Со покачувањето, како што информираат од компанијата, ќе бидат опфатени сите 1.278 вработени, чии месечни плати заклучно со августовската плата ќе се зголемат линеарно по 2.806 денари. Ова е прво вакво зголемување на платите по 13 години нивна стагнација. Оттаму посочуваат дека ова покачување на платите се прави поради сериозноста на економската состојба и дотолку е значајно што доаѓа и покрај големите предизвици со кои се соочува јавното претпријатие, наследените финансиски обврски, големите државни должници спрема ЈП…

Read More

Најмалку 250 лица загинаа на истокот на Авганистан во земјотресот со јачина од 6,1 степени според Ритхеровата скала што утрово го погоди тој дел од земјата, соопштија официјални лица. #BREAKING According to the Taliban spokesman, due to last night’s earthquake (magnitude 6.1), hundreds of people killed and wounded in four districts of #Paktika Province of Afghanistan. According to the sources more than 255 people have lost their lives & around 155 are injured pic.twitter.com/26cXbDYhqk — Ghulam Abbas Shah (@ghulamabbasshah) June 22, 2022 „Најголем број од смртните случаи се регистрирани во покраината Пактика“, рече Мохамед Насим, раководител на управата на талибанската…

Read More

Комичарот Бил Козби сексуално ја нападнал Џуди Хат во вилата „Плејбој“ во Лос Анџелес во 1975 година, кога таа била тинејџерка, гласи заклучокот на судските власти во американската сојузна држава Калифорнија, во граѓанската тужба против познатиот актер кој е должен да ѝ плати 500.000 долари отштета за душевна болка по немилиот настан. Џуди Хат сведочеше дека Козби (84) ја поканил неа и еден пријател во вилата кога таа имала 16, а тој 37 години, па ја принудил на секс. Пресудата е донесена, речиси, една година по ослободувањето на актерот од затвор, кога Врховниот суд на Пенсилванија ја отфрли пресудата за…

Read More

Британската подружница на меѓународната рударска компанија „Гленкор“, пред британски суд, призна вина за корупција низ Африка. „Компанијата беше обвинета за давање мито за пристап до сурова нафта“, јави Бета. Британското Одделение за тешки измами соопшти дека „Гленкор“, преку свои вработени и други посредници, дала над 28 милиони долари, или 26,5 милиони евра, мито во Нигерија, Камерун, Брегот на Слоновата Коска, Екваторијална Гвинеја, Јужен Судан. Изрекувањето на пресудата е закажано за во ноември. „Гленкор“, чие седиште се наоѓа во Швајцарија, веќе соопшти за очекување, покрај спогодба да плати до 1,5 милијарди долари или 1,4 милијарди евра. Англо-швајцарската компанија претходно информираше за…

Read More

Вики Спит од Велика Британија, чиј партнер почина по вакцинација со „АстраЗенека“, е првото лице што доби отштета поради смрт предизвикана од вакцинирање. „Спит доби максимална отштета во износ од 120.000 фунти, околу 140.000 евра. Но, за неа тоа не е доволно и надоместокот не е соодветен“, јави „Би-Би-Си“. Таа, на 13 мај минатата година, повикала брза помош, откако на нејзиниот партнер му се влошила здравствената состојба поради „мачни“ главоболки. Шест дена подоцна, тој починал во болница во Њукасл. Во неговата посмртница е наведено дека пациентот „починал по компликации од вакцина“. Како што таа посочува, Зајон бил здрав, во добра…

Read More

Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски јавно се обрати до премиерот Димитар Ковачевски кого го прашува зошто сè уште нема информации за францускиот предлог за надминување на спорот со Бугарија и откочување на процесот на преговори за членство на Македонија во Европската Унија (ЕУ), и покрај бројните реакции во јавноста кои ги оцени како издржани. „Македонија е сѐ што имаме“ велеше нашиот прв претседател на државата Киро Глигоров, којшто ни остави аманет да ја чуваме, негуваме и унапредуваме оваа наша македонска држава, за нашите деца и за идните поколенија. Но, дали денеска е навистина така? – И дали денеска ја имаме истата…

Read More

Денешната редовна седница на бугарското Народно собрание ќе почне со процедура за избор на нов претседател, јави дописникот на МИА од Софија. По разрешувањето на Никола Минчев, неговата функција ја презеде Мирослав Иванов. Можно е најголемата партија во Народното собрание „Промените продолжуваат“ повторно да го предложи Минчев за шеф на парламентот. Ива Митева од партијата на Слави Трифонов „Има таков народ“ е второто име што се споменува за оваа функција, иако таа изјави дека одбила да биде номинирана во оваа сложена политичка ситуација во Бугарија. На вонредна седница вечерва (19:10 часот), пратениците треба да гласаат за барањето недоверба на владата…

Read More