Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Биљана Секуловска
Сакале или не, ни се допаѓало или не, Артан Груби има потполно право да вели- “Апсурдно е да се зборува за Законот за јазици, затоа што правото за употреба на мајчин јазик е дадено од Господ”. Евентуално можеби, една процедурална забелешка: тоа повикување на Господ секогаш повлекува други апсурди- со оглед на тоа и што самото негово непостоење е доволен апсурд- воопшто да се повикуваме на неговиот авторитет. Но, сепак- да имало барем малку правда и елементарна смисла за вистинска слобода во овој зол и нималку хуман свет, веројатно овој очаен повик на Груби одамна ќе беше апсолвирана и здодевна…
https://www.youtube.com/watch?v=Mb6Ojk0DAuI Интервју со Жан-Жак Флао, белгиски политичар, од влијателната и моќна партија – Реформистичко движење, од каде доаѓа и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел: Говори за неговите, и на неговите сопартијци потези за добивање на преговори на Македонија со ЕУ, како и за политичката мапа на Европа, по повлекувањето на Меркел и доминацијата на Макрон – од која зависи и проширувањетo.
Една лажна Луј Витон чанта, доволно голема за да прими некој милион евра, во ситно, по 50 апоени. Камчев додал луксузни магазини, претпоставувам “Вог”- само тоа би можело да го задоволи него во исмевањето, и само тоа би можело да го распамети Боки 13, во поривот да се залепи самиот себе на страниците, бесно кинејќи ги другите лица. Само тоа и двајцата ги опишува навистина- колкaва е заслепеноста за мазно, меко шушкање на хартија, сеедно дали на неа се напишани и нацртани само бројки кои претставуваат парична вредност, или се слики на привлечни чанти, сепак, таа хартија создава болест- и…
Роман Јакиќ, поранешен министер за одбрана на Словенија во интервју за НОВА говори за причините за блокадата на Македонија со неотворање на преговори, какви се шансите за Самитот на ЕУ во Загреб да се откочи процесот и за македонското членство во НАТО и загрижувачката порака на Макрон дека НАТО е клинички мртво.
Зошто одеднаш почнавме да се згрозуваме, да ни се слошува од враќањето на историјата на старите злосторства кои треба да се прогласат за мртви и непостоечки. Зошто би се шокирале за повторното ставање на маса на Уставниот суд- да се прогласи амнестија за сите осудени, обвинети, осомничени од СЈО, за сите злосторници на 27 април. Зарем не се навикнавме одамна на печатот кој ни е ставен на сите, на рацете и плеќите, го носиме како жиг, како доказ дека сме го преживеале груевизмот и сега го дочекуваме со раширени раце да се врати на голема врата. Зошто да не господа,…
Калиа Димитрова и Ена Бендевска од „Медуза“ феминистичката платформа, со герила акција во Скопје го најавија почетокот на кампањата за борба против насилството врз жените со порака – Охрабрете се, пријавувајте ги насилниците, солидарни сме со вас!
Приказната за Катица Јанева и Боки 13 е тажна приказна на ова време кое го живееме. Тоа е некаква поголема приказна на хиените, која сите ние и не ја знаеме- во кои тие двајцата и не се главните ликови, дури и не успеале да избегаат од канџите на тие хиени, со кои земјава се накоти. Оние алчни, грабливи и притаени хиени, кои растргнуваат пред себе сè што ќе намирисаат дека би можело да биде податен плен, откако ќе ја расплетаат мрежата и ги чекаат заинтересираните клиенти еден по еден, чекор по чекор, истрајно, трпеливо, во пријатна несоница. Подоцна на сцена…
Зошто да биде проблем трговската марка Macedonia the GReat, која ја промовираше грчиот премиер Мицотакис? Зарем тоа не е нашата заедничка идеја- и на Грција и на Македонија, да станеме големи? Не во територијална смисла, се разбира, затоа што моќта на една држава најмалку може да биде тоа- нејзините илјадници, милиони километри. Зарем не може да имаме шанса да станеме големи- ако не се прекршува Преспанскиот договор и се почитува во целост. Да почнеме да говориме на ист јазик, да го заборавиме балканскиот, кој со векови не ни служеше за ништо вредно и големо. Да го научиме вистинскиот јазик, да…
Понекогаш ни паѓа жал за самите себе. Не би требало, ако сакаме да бидеме докрај чесни, не би смеело да се самосожалуваме, но сепак- понекогаш само тоа и ни останува. Знаеме дека жалта за самите себе е наш национален спорт, наша специјалност која честопати, ако не и секогаш, не нè води на правиот пат, на вистинскиот. Но, што да се прави, некогаш летаргијата и меланхолијата се сè што имаме. Ни паѓа некоја жал за нас. Жал што не знаеме како, и не знаеме кому да објасниме. Дека е жална целата оваа ситуација. Жал што лидерите докрај и не разбираат како…
Ивана Драгшиќ и Никола Ѓорѓиевски од „Плоштад Слобода“ и Симона Гетова од „Спас за Валандово“ дебатираат за нивниот активизам и мобилизација на граѓаните во борба за нивните права.
Нема смисла министре Никола Димитров, никаква смисла така да се зборува со ВМРО-ДПМНЕ, немојте така, министре, имајте обѕири, добога. Немојте така да им велите- дека на нивно место вие би се срамеле да ги изговорите двете букви ЕУ, не на тој начин, министре, ве молиме. Бидете нежни министре, фини, бидете свилени добога, онака како што тие владееја скоро 11 години, конечно. Бидете кротки и попустливи, ставете ракавици мазни и сомотни, исто онака како што тие тоа го правеа сите тие 11 години. Како што тие беа пацифисти кон сите нас, како што ги тепаа и влечеа низ Собранието пратениците на…
https://www.youtube.com/watch?time_continue=43&v=-a4HCFhjz3M Феноменот на климатски промени најмногу се препознава по драматичните временски промени, особено последниве години- зголемување на глобалните средни температури на воздухот и океанот, распространетото топење на снежната и ледена покривка и пораст на морското ниво Многу студии и научни анализи посочуваат а промените на климата и времето, кои говорат и за апокалиптични сценарија, доколку не се интервенира брзо и одлучно, без одлагање- особено демократските, развиени земји, кои со своето влијание и авторитет можат да извршат притисок и во останатиот свет- земјите кои се во развој, или пак слабо развиените земји, но и оние кои имаат проблематичен демократски капацитет. Кога…