Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Биљана Секуловска
Овие три дена, во субкултурниот центар “Шорт Бас” (екс Љубов, Порта Буњаковец) се изложуваат дизајнерски дела на македонските уметници. Денеска бесплатно се печатат маици од дело на младиот дизајнер Амар Качар, по чија слика е направен и постерот за изложбата. На првиот организиран настан “ShortBus Design shop” кој го организира субкултурниот центар “ShortBus” учествуваат 11 дизајнери од различни сфери. Делата на дизајнерот и сликар Амар Качар Настанот е покриен со различни дизајни односно:моден дизајн, дизајн на маици, накит, перници, чаши, торби, графики, колажи. Дела на брендот Маригуча Идејата на настанот е да се соберат различни дизајнери како и различна публика.…
Се разбира дека ќе го послушаме културниот апел на премиерот Заев- да не го критикуваме францускиот амбасадор во земјава, Тимоние, кој студено ни соопшти дека никој никогаш и не ни кажал дека требало да очекуваме преговори со ЕУ. Секако, зошто не би го послушале добриот човек Заев и не би аплаудирале задоволно, што воопшто некој, како Франција, ни направил чест да ни го спомене името на Самитот на европските лидери. Нашето сираче од име, ве молам, некој воопшто и го проговорил, име, чие менување беше со години клучниот услов за некаков сериозен напредок во европските интеграции. Не, навистина нема никаква…
А што да се каже после француските шлаканици, влепени по образите, насред челото, по устата, директно во аркадата, најпрво нежни, свилени, мазни, за да станат потценувачки, понижувачки, малтретирачки, бесрамно долги и болни. Тоа е така, но што со тоа? Што после денот на самосожалување, што потоа можеме да му дадеме на светот, откако се прпелкаме со часови како живи да нè одрале, што ден потоа можеме сами да сториме со себе, откако ќе кукаме и лелекаме, како да нема утре, како да не знаеме дека многу вакви утра сме протуркале низ деценииве. Најлесно му е на Заев, тој во секое…
https://www.youtube.com/watch?v=sGby6meOQaw Климатските промени се чини дека некогаш се доживуваат како апстрактен поим, замислен процес и состојби кои се далеку од Македонија и кои немаат никакви допирни точки со улогата на властите, како и на граѓаните врз влошување на промените. Едукацијата на целокупното општество се смета како примарен фактор во справување со климатските промени, а заедничката соработка помеѓу невладините со локалната власт, во комбинација со медиумскиот придонес, може да ги забави процесите на климатски промени, ако веќе не може воопшто да ги анулира. Ана Чоловиќ- Лешоска, извршна директорка на Еко свест, е овогодишна добитничка на престижната награда за зачувување на…
Погледнете ги барањата на официјална Софија да не се спомнува “македонски јазик”, никаде, на ниво на ЕУ, како и да се избрише формулацијата “бугарски фашистички окупатор” од сите учебници и споменици во Македонија. Од филозофска и космополитска гледна точка, секако дека за момент би се сложиле со некаков дел од ваквиот нивен поглед на свет. Доколку е можно светот да започне сега одново, од самите прапочетоци, кога ништо не постоело, само мали, првобитни навестувања за создавање на некаков идеален свет. Во тој свет, да се изродат само луѓе. Кога би можело, сите посакуваме да не постои воопшто историјата онаква каква…
https://www.youtube.com/watch?v=m7sUNP_9sP8 Интервју со Александар Тортевски, адвокат и член на Иницијативниот одбор на новата партија- Твоја: Говори за можните имиња кои би сакал да ги види како лидер на оваа партија, за идејата да бидат вклучени луѓе од дијаспората, но и за случајот Рекет- за Карица Јанева и новоосомничената, Фросина Ременски.
Навистина, кој е тој човек со француско име? Жак Ширак? Ама што зборувате, ве молам? Што имаме ние заедничко со него? Вака се запрашале македонските лидери и помислиле некоја секунда- до две, додека не потонале повторно во дремка од досада. Нè уби досадата, зеваат тие, голтајќи ги мувите од забава, и притоа во паника се стресуваат и ги испуштаат едвај преживеани кутрите муви, откако ќе се сетат на крволочноста на Анима Мунди, доколку дознае за овој немил иницидент. Така се обавуваат државнички работи во оваа земја- се клатите на фотелјите весело, слушајќи со пола уво дека некој си политичар во…
https://www.youtube.com/watch?v=c-wB2dzevGw Климатските промени се дефинираат како еден од најголемите предизвици на 21 век- промените на климата предизвикани од акумулација на јаглерод диоксид (CO2) и други гасови од стаклената градина во атмосферата се предвидува да резултираат во големи промени во животната средина, како што се: -покачување на нивото на морето што може да ги поплави крајбрежните и речните делта заедници, -смалување на глечерите и намалена снежна покривка што може да ги намали ресурсите на слатководни води; -ширење на заразни болести и зголемена смртност поврзана со топлина; (можна загуба на биолошката разновидност и други влијанија врз екосистемите; -и промени во земјоделството-…
На прв поглед, не верувам дека некој воопшто може да ја разбере логиката на странските амбасади, односно земји, за така великодушно, повеќедецениско помагање на Македонија. Последната вест која ја добивме е помошта на американската Амбасада за обнова на манастир- за да се реставрира и конзервира манастирот „Пресвета Богорода Елеуса’’ во струмичко Велјуса, кој потекнува од 11 веќ и е единствената градба во земјава која ја презентира византиската сакрална аритектура. Амасадорката Кејт Мари Брнз изјавила дека на тој начин се помага историјата и културата во земјава. -Овој проект е само еден пример за нашата посветеност да помогнеме да се зачува и…
Антонио Гутереш Повеќе од 60 светски лидери присуствуваат на Самитот свикан од генералниот секретар на ООН Антонио Гутереш- да разговараат за климатската криза-промените кои доведуваат до апокалиптични предвидувања, кои бараат ургентни политички решенија, токму од политичките елити, во чии раце се клучните и крупни одлуки за справување со овој огромен проблем Гутереш, предупредувајќи на опасностите светот кој забрзано расте и е застрашувачки поделен, ги мобилизираше и останатите лидери да го кренат гласот и да ги стават на маса сите можни решенија кои соодветствуваат на алармантните сценарија. Но, политичките непријателства и обвинувања продолжуваат и покрај апелите за помирувачки…
Не знам како тоа се случи, но поголем дел, подобро кажано огромен дел од министрите и пратениците на СДСМ сфатиле дека професијата политичар е една голема, бескрајно забавна игра, во која на сите треба да им се сврти свеста затоа што постојат, кога ги гледаат како палават на светкавите вртелешки и панаѓурски капи со кои единствено располагаат како политичко оружје. Во таа своја детска разиграност, тие потполно се предале и се опуштиле на ветерот да ги разнесува и лулка, да ги гали и голицка, да се превртуваат од колевките со смеење, да им течат солзи од радост- што некој им…
Приказната за падот на Катица Јанева сега оди директно во рацете на циниците, оние кои ни се потсмеваа на нашата исконска, ете добро, нека била дури и патетична желба да добиеме први наши херои во поновата историја на оваа земја. Во земја во која и онака не знае кои навистина биле нејзините понови херои, пред да се појават обвинителите од СЈО. Земја која не ни сака воопшто да слави херои, освен ако не се запишани пред стотина години, ништо подоцна, никако после тие времиња. Овие гласноговорници на нашето истрошено време со Јанева гласно проповедаат и издаваат сега нови команди, прашувајќи-…