Author: Соња Крамарска

Првите седум контејнери со чист Линдан, од кои секој од нив тежок по 22-26 тони, вчера попладне излегоа од ОХИС и тргнаа на пат кон Солунското пристаниште од каде ќе заминат за Франција. Со ова започна транспортот на опасниот отпад од депонијата на поранешниот индустриски гигант ОХИС. Линданот беше ископан и складиран со посебни мерки за безбедност согласно меѓународната регулатива за прекуграничен транспорт на опасен отпад по Базелска Конвенција. Во наредниот период уште 20 контејнери ќе бидат товарени и транспортирани од државата. (Р.Н.)

Read More

Регистрирани се 290 нови лабораториски позитивни случаи на  Ковид-19, нема починати – гласи денешниот биланс објавен од Министерството за здравство. Со тоа вкупната бројка на дијагностицирани лица со Ковид-19 изнесува 314.501, бројот на оздравени пациенти е 304.239, на починати е 9.327, а бројот на активни случаи изнесува 935. И натаму на прво место според заболени е главниот град Скопје, потоа се Куманово и Битола но со неколкукратно помалку заболени во однос на Скопје.

Read More

Зголемување на бројот на случаи на Ковид-19 во туристичките делови, зголемување на бројот на реинфекции, но и зголемување на бројот на хоспитализации се регистрирани во Грција во изминатиот период согласно податоците од  Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина. Претседателот и потпретседателот на ЕОДИ, Теоклис Заутис и Димитрис Параскевис денеска одржаа вонредна прес конференција за ситуацијата со пандемијата во Грција и истакнаа дека најголемо зголемување на случаи на Ковид-19 има на туристичките дестинации, како што се областа Атика, поширокиот регион на Атина, на островите во Јонското море и јужниот дел на Егејското море, како и…

Read More

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 06.07.2022 година (среда) ќе се врши терестрична и авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци. Прскањето ќе се врши според следниот распоред: 1.  Авионската дезинсекција против ларви од комарци ќе се реализира на 06.07.2022 година (среда), во раните утрински часови. 2.  Терестричната дезинсекција против ларви од комарци ќе се реализира на 06.07.2022 година (среда), во текот на денот. Доколку временските услови не дозволуваат да се прска, дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин. Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат…

Read More

Вчера полицијата го приведе А.К.(30) од Прилеп, со живеалиште во Скопје против кого се обезбедени докази дека е вмешан во продажба на дроги. Имено, А.К. набавувал дрога, во својот дом во населба Драчево, ја препакувал во помали пакувања подготвени за понатамошна улична продажба по што лично ја продавал на уживателите на дрога на територијата на Скопје по единечна цена од 300 до 500 денари за пакување марихуана, односно по 2500 денари за пакување кокаин. Вчера е извршен и претрес на неговиот при што се пронајдени предмети поврзани со кривичното дело. Денес ќе му биде поднесена кривична пријава.

Read More

„Единственото решение кое што ни преостанува е да се направи внатрешна реорганизација во судството и јавното обвинителство, затоа што во нашата држава има судови и јавни обвинителства кои што се преоптоварени, а има и судови и јавни обвинителства каде се работи практично под норма. Тоа е единственото решение во моментов кое што би можело да има практичен контекст, затоа што на крајот на краиштата неприфатениот предлог ќе има одредени импликации, меѓутоа практично со една нова внатрешна реорганизација, делегирање на судии и јавни обвинители во судовите каде што нема доволен број, би можеле ако не друго барем прилично да го надоместиме…

Read More

Лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села, денес по средбата со премиерот Димитар Ковачевски рече дека тој и неговата партија го поддржуваат францускиот предлог. „Патот кон ЕУ оди преку преговори кои треба да се постигнат со земјите на ЕУ. Нема двоумење, Алијанса е важна на овие линии, ние сме главни чинители кои ги почнавме овие промени за да бидеме денес членка на НАТО Алијансата, за да бидеме побезбедни во оваа криза во Украина, затоа и зачленувањето на Македонија во ЕУ има геополитичко значење. Затоа политичарите треба помалку да размислуваат за политички поени, туку да размислуваат за регионот да биде постабилен“,…

Read More

Движењето БЕСА е информирано од Владата за францускиот предлог и во согласност со партиските одлуки потврдува дека ќе го прифатиме секој предлог што го отвора патот за интеграција во ЕУ и што нема да им наштети на интересите на Албанците во земјата, соопштија од Беса. Со оглед на тоа што францускиот предлог опфаќа отворање на Уставот и внесување на измени, од БЕСА нагласуваат дека тој момент може да се искористи и за уште една корекција на највисокиот акт во државата. „Исто така, бидејќи францускиот предлог сам по себе подразбира уставни промени, ние, за да покажеме политичка конзистентност од последното отворање…

Read More

Софиското градско обвинителство поведе предистражна постапка против шефицата на кабинетот на премиерот во заминување, Лена Бориславова, објави интернет -страницата novini.bg. Истрагата е за склучена сомнителна зделка и е започната пред еден месец. Материјалите ги доби окружното обвинителство, кое првично го провери договорот за правни услуги на Бугарската банка за развој (ББР) поврзан со Лена Бориславова. Градското обвинителство на Софија засега не ја потврдува веста, јави 24 Часа. Самата Лена Бориславова минатата недела во својата објава на Фејсбук напиша дека е сосема можно обвинителството да и го проверува договорот за правни услуги во ББР.

Read More

Саботната летна бура во Скопје, не ги обесхрабри посетителите да бидат дел од четвртиот ден од неколкудневната роденденска прослава на најстарата општина во Скопје, општината Кисела Вода, соопштија од канцеларијата на општината. На прославата пеел Жељко Самарџиќ, а роденденската кампања се одвиваше под мотото „67 години Моја Кисела Вода“. Местото на роденденското одбележување беше Расадник каде се собраа над 10.000 посетители, коиво саботата до полноќ уживаа во забавната атмосфера на безвременските хитови на Самарџиќ, како и на омилениот Боби Павловски. За време на „Културно лето 2022“ над 20.000 посетители беа дел од овие настани, кои уживаа во културно-забавна програма, која…

Read More

Началникот на полицијата во Копенхаген, Сорен Томасен рече дека сторителот ги таргетирал жртвите по случаен избор. Томасен рече дека полицијата не верува дека нападот бил чин на терор и дека осомничениот има историја на проблеми со менталното здравје. „За мене е важно да нагласам дека во работата што ја работевме во текот на ноќта нема ништо што укажува дека осомничениот што го уапсивме бил заедно со други или му помагале други. „Нашата проценка е дека жртвите се случајни жртви. Дека тоа не е мотивирано од пол или нешто друго“, рече тој. Вчера убиец пукаше во шопинг мол во Копенхаген. Загинаа…

Read More

Анализата на куршумот што ја уби новинарката на „Ал Џезира“, Ширин Абу Аклех, во американската амбасада во Ерусалим е завршена, а материјалот е доставен до палестинските власти, објавија денеска арапските медиуми. Палестинскиот министер за правда Мухамед ал Шалалдех синоќа изјави дека резултатите се очекува да бидат објавени во текот на денов. Палестинката Абу Аклех (51), долгогодишна новинарка на „Ал Џезира“ под неразјаснети околности беше застрелана во Џенин додека известуваше за напад на израелската војска на окупираниот Западен Брег. Бидејќи таа имаше и американско државјанство, САД побараа да извршат сеопфатна и независна истрага по случајот и да направат балистичко вештачење на…

Read More