Регистрирани се 290 нови лабораториски позитивни случаи на  Ковид-19, нема починати – гласи денешниот биланс објавен од Министерството за здравство.

Со тоа вкупната бројка на дијагностицирани лица со Ковид-19 изнесува 314.501, бројот на оздравени пациенти е 304.239, на починати е 9.327, а бројот на активни случаи изнесува 935. И натаму на прво место според заболени е главниот град Скопје, потоа се Куманово и Битола но со неколкукратно помалку заболени во однос на Скопје.