Author: Соња Крамарска

Градот Скопје го објави јавниот повик за субвенционирање на граѓаните за набавка на високоефикасни инвертер клима уреди за затоплување за 2022 година, а граѓаните може да аплицираат онлајн. На повикот може да аплицираат лица што набавиле инвертер клима уреди почнувајќи од 01.01.2022 година и се жители на Град Скопје (општини Гази Баба, Аеродром, Кисела Вода, Карпош, Чаир, Шуто Оризари, Центар, Ѓорче Петров, Бутел и Сарај)  и кои ги исполнуваат предвидените услови. Повикот ќе биде отворен до 01.11.2022 година или до денот на исцрпување на средствата. Јавниот повик ќе се реализира по редослед на аплицирање, односно по дата и време на…

Read More

Поради зголемениот обем на производство, очекуваме оваа година компаниите да искористат 20 проценти повеќе гас, а економската активност за првите пет месеци и покрај кризата и ризиците расте со стабилно темпо, изјави директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски. Тој на денешната средба со новинарите за новиот развоен концепт на ТИРЗ, со кој Технолошко индустриската зона во Гевгелија ќе стане првата „зелена“ инвестициска зона во земјава која ќе се фокусира на поддршка на зелените индустрии и ќе функционира како Јавно приватно партнерство, појасни дека за првите пет месеци економијата во рамки на зоните покажува добри резултати и покрај ризиците од последиците од…

Read More

Речиси пет милиони Украинци се регистрирани низ Европа од почетокот на војната, според бројките на Агенцијата за бегалци на ОН. Ажурирањето на УНХЦР покажа дека од 24 февруари досега вкупно 4.816.923 Украинци се регистрирани како бегалци во 44 европски земји. Многу повеќе ќе ја напуштат земјата, а податоците на УНХЦР покажуваат дека до 7-ми јуни биле регистрирани повеќе од 7,3 милиони гранични премини надвор од Украина. Други 2,3 милиони премини беа регистрирани назад во земјата. Жените и децата сочинуваат 90 отсто од оние кои побегнале во странство бидејќи украинските мажи на возраст од 18 до 60 години имаат право на…

Read More

Шест лица се уште се во критична состојба откако маж со својот автомобил вчера влета во толпа луѓе на една од главните сообраќајници во Берлин, наведе денеска портпаролот на берлинската полиција, пренесе ДПА. „Во инцидентот има една жртва, а вкупно 29 лица се повредени, вклучувајќи и неколку лица кои страдаат од шок“, додаде портпаролот. Автомобилот влетал во група училишни деца и нивната учителка, кои биле во посета од мал град во централната држава Хесен и се наоѓале на аголот од улицата, пред да се врати на улицата и потоа да удри во излог од продавница. Во нападот почина учителката. Напаѓачот е…

Read More

Во периодот од 2018-2021 година година Владата потрошила пет милиони евра за изнајмување возила по пат на т.н. оперативен лизинг, беше речено на денешната седница на Државната комисија за спречување на корупција. Притоа Комисијата заклучи дека договорите за оперативен лизинг најчесто се склучувани со ист економски оператор кој бил фаворизиран, и не претходела анализа на исплатливоста на изнајмување на возила преку лизинг. Од тие причини Комисијата за спречување на корупцијата ќе и достави детална анализа на заменик премиерката за политики за добро владеење Славица Грковска со препорака да обрне внимание на склучување на лизинг договори за пополнување на возниот парк…

Read More

Научниците за прв пат пронајдоа ситна пластика во свежо паднатиот снег на Антарктикот. Истражувачите од Нов Зеланд собраа примероци од 19 локации на Антарктикот и секое содржеше ситни пластични фрагменти. Ситните честици пластика произлегуваат од ерозијата на пластичните материјали и се помали од зрно ориз и најчесто се невидливи со голо око. Истражувачите откриле во просек 29 честички пластика на литар стопен снег. Пластиката е од 13 различни видови, а најчест е полиетилен терефталат (ПЕТ), кој најмногу се користи во шишиња за безалкохолни пијалоци и облека. Ова е откриено во 79 отсто од примероците. Претходните студии открија микропластично загадување во…

Read More

За три месеци осигурителните компании исплатија речиси 23.000 отштетни побарувања. Најголем раст на вредноста на исплатени штети за покривање медицински трошоци има кај приватното здравствено осигурување, а најголем процентуален раст има кај исплатите за штети покриени со патничко осигурување. Исплатите во најголемата доброволна класа – осигурување имот пораснаа за 17 отсто во споредба со истиот период лани, покажуваат официјалните податоци на Агенцијата за супервизија на осигурување. Единаесет осигурителни компании за неживотно осигурување исплатија околу 16 милиони евра за настанати штети на свои осигуреници во првите три месеци годинава. Во првите 90 дена годинава осигурителните компании исплатиле речиси 23.000 штети на осигуреници…

Read More

Друштвото на писатели на Македонија избра нов претседател, Христо Петрески. Избрано е и ново претседателство во состав Кристина Николовска – претседател на Собранието на ДПМ, Весна Мојсова Чепишевска, Зоран Анчевски, Лилјана Пандева, Владимир Мартиновски, Марина Мијаковска, Александра Јуруковска, Јулијана Величковска, Васил Тоциновски и Славчо Ковилоски. На почетокот на овој месец е одржана Првата конститутивна седница на претседателството. ДПМ избра и нови секретари за внатрешни односи и активности Васил Тоциновски и а меѓународна соработка Мартина Мијаковска. (Р.Н.)

Read More

Лидерот на партијата „Има таков народ“, Слави Трифонов денеска најави дека ја напушта владата на премиерот Кирил Петков поради неговите обиди да постигне компромис со Северна Македонија и поради тоа што „државата нема пари“. „Причините поради кои оваа коалиција не функционира и за нас нема место во неа се две: Македонија и фактот дека државата веќе нема пари“, соопшти Трифунов на вонредно обраќање. Тој го обвини Петков дека во однос на спорот со Северна Македонија води друга надворешна политика, различна од таа на парламентот, Министерството за надворешни работи и од политиката декларирана од Консултативниот совет на претседателот Румен Радев. Кирил…

Read More

Основното јавно обвинителство Скопје покрена истражна постапка против три лица за злоупотреба на службена положба и за фалсификување исправа, како и за поттикнување на првоосомничениот да изврши злоупотреба на службената положба. Во периодот од јули 2020 до мај 2021 година, едниот од групата кој работел како  референт во МВР во Скопје, поттикнат од другите двајца, ја искористил својата службена положба и овластување и извршил повеќе кривични дела со кои на другите двајца им им донел имотна корист од 174.052 евра. Вториот и третиот осомничен, во наведениот период, поднесувале фалсификувани документи за регистрација на луксузни автомобили на кои им било извршено прикривање и промена…

Read More

Американскиот заменик-помошник државен секретар Габриел Ескобар, кој е и специјален пратеник на претседателот Бајден за Западен Балкан, денес во својата порака до учесниците на самитот на Отворен Балкан во Охрид што ја упати преку видео врска, нагласи дека Соединетите Американски Држави го гледаат Западен Балкан преку призмата на 21 век, во обезбедување соработка на сите полиња, користејќи ја својата добра географска положба. Тој подвлече дека „земјите на Западен Балкан имаат огромен потенцијал и претприемачки дух за економска и регионална соработка во областа на обновливата енергија, за надминување на проблемите кои ги носат климатските промени“. „Иницијативата доаѓа во многу битно време…

Read More

„Иницијативата Отворен Балкан не само што е добра и сите ја поддржуваме, туку таа е можност регионот да ја смени реалноста и да ги надмине предизвици со кои се соочува со децении. Може да биде и можност за забрзување на патот кон ЕУ“, рече денеска еврокомсарот за соседство и проширување Оливер Вархеји во говорот на самитот на иницијативата Отворен Балкан кој се одржува во Охрид. Според мене, нагласи еврокомесарот, ако работата ја завршите добро тоа ќе ја забрза економската интеграција на регионот а и реалната интеграција на регионот во ЕУ. „Зборуваме за процеси, за преговори, за рамки, за нон- пејпери…

Read More