Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Соња Крамарска
Државниот завод за статистика, врз основа на податоците од Анкетата за приходите и условите за живеење, која се спроведува во согласност со препораките на Европската Унија, ги пресмета индикаторите за сиромаштија за 2020 година. Според податоците, во 2020 година, стапката на сиромашни лица во Македонија изнесувала 21.8 отсто. Анализирано по типови домаќинства, стапката на сиромаштијата на домаќинствата составени од двајца возрасни со две издржувани деца во 2020 година е 20.7 отсто. Од табелите што ги приложи Државниот завод за статистика може да се види дека речиси половина од семејствата во Македонија со три деца живеат во сиромаштија, односно стапката на…
Алина Кабаева, жената за која се смета дека е во љубовна врска со рускиот претседател Владимир Путин, е на листата во најновиот пакет санкции на ЕУ против Москва, тврдат двајца европски дипломатски извори. Во оваа фаза имињата може да се отстранат или додадат според дискреционото право на земјите – членки, вели извор од Европската комисија. ЕУ официјално сеуште не го потпиша предлогот, но тоа може да го направи денеска на состанокот на амбасадорите на ЕУ – кој во моментов се одржува во Брисел. „Разговорите се во тек. Прашањето околу целиот пакет санкции не е едноставно и треба да почекаме и да…
Украинските власти објавија слики од Мариупол на кои се гледа како продолжува работата на, како што ги нарекуваат, „окупаторите“ за обновување на спомениците од советската ера. Петро Андрушченко, советник на градоначалникот на Мариупол дистрибуираше нови фотографии денеска и рече дека „во последните денови се обновени сите споменици од советскиот период: таканаречените ‘тупаници’ со вечен оган – и знаците на кои пишува ‘На жртвите на фашизмот’ на руски јазик. Исто така и споменикот на ‘Комсомолци и комунисти’ во областа Приморски“. Југоисточниот пристанишен град Мариупол е под опсада веќе неколку недели, а во фокусот сега е фабриката за челик Авостал. Вчера, украинскиот…
Членството во ЕУ е важно не само за Северна Македонија, туку и за целиот регион, вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за грчка ,,Та Неа”. На прашањето дали пристапот станува поитен и како порака за ревизионистичките политики и како одговор на Русија, Спасовски ќе истакне: ,,Европската Унија треба да ги прифати Албанија и Северна Македонија како дел од нејзината стратегија, а не како одговор на никаква политика, бидејќи ние како регион припаѓаме во Европската Унија.” -Меѓународниот организиран криминал, тероризмот, илегалната миграција претставуваат предизвици кои ги засегаат не само нашите земји, туку и земјите од целиот регион и Европа, затоа…
Претседателот Бајден ја именуваше Карин Жан-Пјер за нов главен портпарол – прва афроамериканка и декларирана геј личност што ќе ја има таа улога. 44-годишната Жан-Пјер претходно беше главен заменик – секретар за печат на администрацијата на Бајден. Таа ќе ја замени прес секретарката во заминување Џен Псаки (43) која заминува кратко време по именувањето и му се враќа на новинарството – во левичарскиот броадкастер MSNBC. Псаки на Твитер ја нарече својата наследничка „извонредна жена“ со „морално јадро“. Секретарите за печат одржуваат дневни брифинзи со новинарите од Белата куќа, што значи дека улогата им е од висок профил. Секретарот за печат на Белата куќа…
Пандемијата на ковид предизвика смрт на речиси 15 милиони луѓе ширум светот, проценува Светската здравствена организација (СЗО). Тоа е 13 посто повеќе смртни случаи отколку што вообичаено се очекуваа. СЗО верува дека многу земји пријавиле помалку починати од ковид отколку реалната бројка- пријавени беа само 5,4 милиони. Само во Индија имало 4,7 милиони смртни случаи од ковид, што е 10 пати повеќе од официјалните бројки – и речиси една третина од смртните случаи од ковид на глобално ниво. Индиската влада ја доведе во прашање проценката, велејќи дека се сомнева во методологијата, меѓутоа и други студии дојдоа до слични заклучоци за обемот на…
Русија протера седуммина вработени во данската амбасада во Москва како одмазда за сличниот потег на Копенхаген минатиот месец, соопшти руското Министерство за надворешни работи. Министерството соопшти дека ги прогласило вработените во данската амбасада за „персона нон грата“, додавајќи дека отворената антируска политика на Данска сериозно им наштетува на билатералните односи. Москва го задржа правото да преземе дополнителни чекори како одговор, се вели во соопштението. Данското Министерство за надворешни работи потврди дека било информирано дека четворица дипломати и уште тројца вработени во нивната амбасада во Москва ќе бидат протерани. Министерот за надворешни работи на Данска, Јепе Кофод, рече дека протерувањето е „целосно…
Дубаи станува рај за богатите Руси кои бегаат од западните санкции поради војната во Украина. Руски милијардери и претприемачи пристигнуваат во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) во невиден број, пишува Би-Би-Си. Купувањето имот во Дубаи од страна на Русите се зголеми за 67 отсто во првите три месеци од 2022 година. ОАЕ не воведоа санкции кон Русија ниту ја критикуваа нејзината инвазија на Украина. Исто така, обезбедуваат визи за Русите кои не се санкционирани, додека многу западни земји ги ограничија. Се проценува дека стотици илјади луѓе ја напуштиле Русија во последните два месеци – иако точните бројки не се достапни. Руски извори…
Од 24 март, војници од осум земји на НАТО почнаа да пристигнуваат во Северна Македонија за вежбата „Брз одговор 22“ – вежба на сојузничките воздухопловно-десантни сили, што е дел од пошироката серија вежби кои се одржуваат низ цела источна Европа. Притоа 1.800 падобранци од 16-та Воздухопловна јуришна бригада на Обединетото Кралство пристигнаа во земјава за да одржат обука заедно со седум други земји на НАТО, вклучително и силите од Северна Македонија на четири различни локации низ државата. Во текот на следните недели 2.700 војници од Албанија, Франција, Грција, Италија, Северна Македонија, Црна Гора, Обединетото Кралство и САД ќе спроведат обуки, вклучително и обука со боево…
Бугарија има двојна надворешна политика. Министерството за надворешни работи е исклучено од разговорите меѓу премиерот и неговите колеги од Северна Македонија. Очигледно Кирил Петков се заложил да го тргне ветото без да ги исполни обврските, обвини денеска пратеничката на ГЕРБ и поранешна министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева, во изјава за бугарската национална телевизија БНТ. Бугарија треба да има јасен и недвосмислен став, рече Екатерина Захариева. „Жал ми е што некои од бугарските политичари се фаќаат за пропагандата на Северна Македонија. Не треба да личиме на ситен историски реваншист. Тие го сакаат тоа. Проблемот не е само во апсолутното крадење…
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во текот на вчерашната посета на Пробиштип, рече дека само за 100 дена се издадени осум решенија за отворање на нови детски градинки. „За Владата и Министерството за труд и социјална политика, вложувањето во раниот детски развој е приоритет. Тоа го потврдуваат 69 детски градинки отворени од 2017 година до денес и опфат на околу 4.300 деца. До крајот на 2022 година, предвидено е отворање на нови 13 градинки со вкупен капацитет за 1.360 деца, а 15 градинки кои се во тек, се планирани да се отворат во 2023 година со вкупен…
Денес, на Денот на македонскиот јазик, со свечен, виртуелен настан ќе се одбележат 60 години од отпочнувањето на изучувањето на македонскиот јазик, литература и култура на Филозофскиот факултет при Универзитетот во Љубљана. Во академската 1961/1962 година, во Љубљана беше отворен првиот лекторат по македонски јазик во светот, за набрзо потоа да прерасне во Катедра за македонски јазик и книжевност, којашто и денес успешно функционира во рамките на Одделот за славистика. По тој повод, честитка до Филозофскиот факултет во Љубљана упати директорката на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Весна Мојсова-Чепишевска.…