Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Соња Крамарска
Московската берза утре делумно повторно ќе се отвори за тргување со руски акции, објави денеска Централната банка на Русија. Централната банка на Русија соопшти дека тргувањето со 33 акции ќе продолжи на 24 март меѓу 9:50 и 14 часот по локално време. Руските акции на кои им е дозволено да продолжат со тргувањето вклучуваат големи компании како Гаспром, Лукоил, ВТБ банка, Сбербанк, Русал и Роснефт. „Работното време на Московската берза за следните денови ќе биде објавено подоцна на официјалната веб-страница на Банката на Русија“, се додава во соопштението. Берзата е затворена речиси еден месец по големиот пад на акциите поради…
По интензивниот период на подготовки и формално одобрување, денеска го имаме задоволството да го означиме почетокот на 19 нови проекти, сите финансирани од ИПА инструментот на Европската Унија, рече министерот за локална самоуправа Горан Милевски за време на конференцијата „ЕУ за општините“. – Осум нови проекти од Програмата „ЕУ за општините” и единаесет проекти од ИПА 2 Програмата за прекугранична соработка меѓу Северна Македонија и Албанија. Проектите, секој со просечна вредност од над 600.000 евра се однесуваат на подобрување на условите за заштита на животната средина, зголемување на мобилноста, подобрување на социјалните услуги, воведување на е-услуги во општините. Ова е можност…
Според најновите податоци на Државниот завод за статистика во јануари 2022 година исплатената нето-плата по вработен, изнесува 29.980 денари, соопшти Владата. Во споредба со просечната нето-плата за месец јануари 2021 година, зголемувањето е за 1.708 денари или за 6 проценти. Зголемувањето се должи на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: објекти за сместување и сервисни дејности со храна (13.9 проценти), други услужни дејности (13.8 проценти) и трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (11.0 проценти). Во известувањето се додава и дека невработеноста во четвртото тримесечје од 2021 година бележи пад…
Помина еден месец од почетокот на руската воена инвазија над Украина, а напредокот на Русите е бавен. Во својата анализа глобалната мрежа Си-Ен-Ен прогнозира пет насоки во кои би можела да се развива војната. 1.Русија би можела да го интензивира бомбардирањето Експертите предупредуваат дека колку повеќе Русија добива удари на теренот, толку е поголема веројатноста да ја интензивира својата воздушна кампања за бомбардирање и употребата на други оружја. Има малку веродостојни информации кои доаѓаат од Украина или од Русија за бројот на загинати, но се проценува дека руската страна изгубила речиси 10.000 војници и дека уште 16.000 се повредени. Ваквите…
Националната полиција на Украина соопшти дека го врати предградието на Киев, Ирпин, чиј голем дел беше окупиран од руските сили, јави Си-Ен-Ен. Ихор Клименко, шеф на Националната полиција на Украина, на Фејсбук изјави дека „полицијата продолжува со работа во Ирпин! Војниците на специјалниот полициски полк во регионот на Киев се подготвени да ги извршуваат своите полициски функции во овој град“. „Областа се расчистува од диверзанти, но главната задача сега е да им се помогне на цивилите и да се евакуираат оние кои се уште се во Ирпин“, додаде Клименко. Ирпин е северозападно од Киев и имаше неколку недели жестоки борби…
Детскиот културен центар „Карпош“ и Град Скопје распишуваат Конкурс за оригиналнo прoзно дело за деца на возраст од 10 до 15 години Пријавените книжевни дела (роман, новела, подолг расказ) треба да имаат наративна форма, да имаат најмалку 30 компјутерски страници, да бидат наменети за деца од 10-15 годишна возраст, да бидат напишани на македонски јазик и да не биле досега објавувани. „Карпош“ и Град Скопје посочуваат дека особено внимание ќе биде посветено на дела што се забавни, досетливи, поучни, поттикнуваат креативност и критичко размислување. Целта на овој проект е, како што велат, креирање на можности за авторите што пишуваат литература за деца и млади, како и креирање на читачки навики кај младите преку содржини што ќе поттикнат љубопитност кај нив. Текстовите треба…
Употребата на мерки и механизми од минатиот век од страна на Руската федерација врз европскиот континент и воената агресија на независна и суверена држава ја поттикна потребата од дебата кај секој граѓанин дали треба да се преиспитаат или надоградат некои од постојните безбедносни концепти на меѓународен план и дома- во националната и во интегралната безбедност. Испитувањето на јавното мислење треба да го запали црвеното светло кај институциите и релевантните политички субјекти во земјата бидејќи покажа дека над 60 проценти од населението Македонци – испитаници се изјасниле за цврсти односи на Македонија со Русија и Кина, а 45 проценти се за…
Германската министерка за внатрешни работи, Ненси Фезер, денеска изјави дека правичната распределба на Украинците кои бегаат од војната во Европската унија е апсолутен приоритет и ги повика сите земји-членки да ги почитуваат одредбите од Договорот за прием на бегалци во рамки на ЕУ. „Договорот мора да биде имлементиран заеднички од сите”, рече Фезер за германските медиуми, притоа искажувајќи поддршка на Франција и особено на Полска која досега има примено повеќе од два милиони бегалци од соседна Украина. Фезер рече дека денеска повторно ќе разговара со европскиот комесар за внатрешни работи Илва Јохансон за бегалците, а со нејзините колеги од државите…
Некогаш осигурувањето во нашата држава се сметаше за луксуз, но новото време ги промени навиките и се повеќе луѓе го осигуруваат својот живот, имот, земјоделски посеви, накит, друг специфичен имот, па дури и делови од телото. Меѓутоа со ширењето на осигурителната култура, расте и незадоволството на граѓаните од осигурителните компании. На осигуреничка не и било продолжено животното осигурување затоа што се разболела од рак, па ја повикала на помош Агенцијата за супервизија на осигурување која интервенирала за да се реши проблемот. Интервенцијата била успешна, но на површина ги изнесе бројните проблеми во сферата на осигурувањата. Крсте Шајновски, претседател на Советот…
Некои градови во Украина имаат храна најмногу за уште за три или четири дена, соопшти хуманитарната агенција Mercy Corps, предупредувајќи дека хуманитарниот систем во земјата „целосно е расипан“. „Една од нашите најголеми грижи во моментов е нестабилноста на синџирот на снабдување. Знаеме дека повеќето општини во областите каде што има најинтензивни борби имаат храна и неопходни работи само за уште 3-4 дена“, рече советникот за хуманитарен одговор на Mercy Corps во Украина, Стив Гордон, кој се наоѓа во Харков, местото на некои од најтешките борби од руската инвазија. Најмалку 70 отсто од населението на Харков и Суми е целосно зависно…
Рускиот независен весник „Новаја газета“ ќе го продаде на аукција медалот за Нобеловата награда за мир што го доби неговиот главен уредник Дмитриј Муратов, а средствата ќе ги намени за помош на украинските бегалци. Во изјавата објавена на веб-страницата на весникот, Муратов рече дека мноштвото „ранети и болни деца“ кои бараат „итно лекување“ го принудиле да го понуди престижниот медал. Муратов, ко-основачот на Новаја Газета, ја доби Нобеловата награда за мир минатиот октомври за неговата неуморна одбрана на слободата на говорот во Русија. Главниот уредник во изјавата ја нагласи итната потреба од прекин на огнот, размена на затвореници и обезбедување…
Јавните комунални претпријатија се пред колапс, се борат велат со долгови, не можат да ја исплатат зголемената плата, бараат попуст при плаќањето на струјата, и се закануваат со исклучување на пречистителните станици за отпадни води. Вака сублимирано може да се опише состојбата во овој важен јавен сектор чии први луѓе организирани во Здружение на даватели на комунални услуги, денес на прес-конференција побараа државата да им ги отпише или да им помогне во справувањето со долговите. „Во наредниот период се очекува зголемување на енергијата на слободен пазар и Јавните комунални претпријатија ќе работат само за да ја платат сметката за струја,…