Author: Соња Крамарска

На 7 јануари 2015 година, канцелариите на сатиричниот магазин „Шарли Ебдо“ беа цел на терористички напад. Пукањето во „Шарли Ебдо“, како и серијата терористички напади што ја потресоа Франција, и целиот свет во тој јануари 2015 година, ги одземаа животите на 17 лица, вклучително и 11 новинари и безбедносни лица во канцелариите на списанието во париз. Овој терористички чин го фокусираше вниманието на заканата од милитантниот ислам, но одговорот на нападите од Французите беше генерално солидарност, а не одмазда. Осум години подоцна, на 4 јануари 2023 година, сатиричниот магазин „Шарли Ебдо“ објави специјален број посветен на „мула“, особено насочен кон…

Read More

Руската влада со полна брзина оди кон катастрофата на федералниот буџет, кој забрзано ги губи приходите од нафтата, кои ѝ обезбедуваат секоја трета рубља даноци. Според резултатите од декември, првиот месец од ембаргото на ЕУ и ценовниот плафон наметнат од земјите од Г7, просечната цена на руската нафта класа Урал падна на 50,5 долари за барел, објави Министерството за финансии во оперативната статистика. Во текот на месецот, главната извозна стапка на руските производители на нафта поевтини за 16 долари или 24 отсто, а во однос на октомври за 20 долари или речиси 30 отсто. Како резултат на тоа, цената на…

Read More

Првата пленарна седница на Собранието за годинава ќе започне утре, а една од точките на дневниот ред е ратификација на договорот меѓу Македонија и Европската Унија за оперативните активности спроведени од страна на Агенцијата за европска гранична и крајбрежна стража во Република Северна Македонија (Договорот со ФРОНТЕКС). На предложениот дневен ред на оваа 99. седница ставени се 15 точки, главно закони. На денешната прва понеделничка координација со претседателот на Собранието Талат Џафери биле договорени тековните активности на пратениците. Освен утрешната, следна нова пленарна седница е договорена за последната недела од јануари, додека на 26 јануари е планирано да се одржи…

Read More

Најмалку 32 лица се киднапирани на железничка станица во државата Едо, јужна Нигерија, соопштија властите. Меѓу уапсените имало и персонал на станицата и патници кои чекале воз. Безбедносните сили, помогнати од локални водичи, започнаа операција за пребарување и спасување на жртвите. Има зголемена загриженост за нападите во земјата. Последниот инцидент се случи еден месец пред претседателските избори каде безбедноста е главно прашање во кампањата. Извештаите велат дека во саботата голем број вооружени лица, вооружени со АК-47, пукале во воздух додека влегувале во станицата во Игубен пред да ги заробат патниците и персоналот и да ги одведат во блиската шума. Некои…

Read More

Пристапувањето кон ЕУ е од клучно значење за Северна Македонија и ги поттикнуваме народните избраници да постапуваат во интерес на граѓаните и да постапуваат што е можно побрзо и да ги направат сите можни измени кои што ќе го отворат пристапниот пат кон Европската Унија, порача денеска амбасадорката на САД во земјава, Анџела Агелер. Одговарајќи на новинарско прашање во врска со уставните измени, таа рече дека САД го поддржува придвижувањето кон евроатланската интеграции како една долгорочна цел на Северна Македонија. „Знаеме дека ова се тешки одлуки, граѓаните досега веќе имаат направено многу тешки одлуки, но ние поддржуваме сè што ќе…

Read More

Товарниот брод се насука во Суецкиот канал, но пловидбата набрзо беше обновена, соопшти Управата за сообраќај на каналот. Како што јавуваат агенциите, сообраќајот низ каналот не бил нарушен. Бродот „Глори“, кој превезувал украинска пченка, се насука во близина на египетската провинција Исмаилија. Бродот отплови од Черноморско на 25 декември. Пристигна во каналот од Турција на пат кон Кина.

Read More

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски денеска во телефонски разговор со претседателот на Украина, Володимир Зеленски ја пренесе поддршката на Северна Македонија за украинскиот народ во бруталната неоправдана и непредизвикана воена агресија која Русија ја врши врз Украина. „Војната која Русија ја започна пред речиси една година е флагрантно кршење на меѓународното право и Повелбата на ОН. Украина е независна и суверена држава со целосно располагање на својот територијален интегритет. Агресијата која Русија ја врши е за најсилна осуда, бидејќи освен прекршување на нормите, таа предизвикува и големо човечко страдање и ја влошува глобалната економија“, истакна Ковачевски. Во разговорот беше разговарано…

Read More

Расте притисокот врз Путин додека политичарите и адвокатите укажуваат на принципите што доведоа до Нирнбершки судења на нацистичките воени злосторници. Барањата за специјален суд за истрага на Русија за меѓународното злосторство „агресија врз Украина“ се поддржани од високи политичари во Обединетото Кралство, со цел да му покажат на Владимир Путин и неговите генерали дека ќе одговараат. Во заедничката изјава споделена со Обсервер, личности како што се лидерот на лабуристите Кир Стармер, поранешниот генерален секретар на НАТО Џорџ Робертсон, поранешниот министер за надворешни работи Дејвид Овен и поранешниот лидер на ториевците Иен Данкан Смит велат дека Трибуналот треба да се формира…

Read More

Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан по повод божиќните празници и својот именден – Св.Стефан, денеска ќе приреди традиционален божиќен ручек за државниот врв. Божиќниот ручек традиционално се одржува во резиденцијата на архиепископот г.г. Стефан, а ќе присуствуваат и дел од членовите на Светиот синод на МПЦ-ОА. Од Кабинетот на архиепископот за МИА информираат дека на ручекот ќе присуствуваат шефот на државата претседателот Стево Пенадровски и премиерот Димитар Ковачевски. Архиепископот г.г. Стефан, како што е најавено, ќе биди придружуван од двајца епископи. На ручекот бил поканет и претседателот на Собранието Талат Џафери, но тој нема да…

Read More

Шведска е уверена дека Турција ќе ја одобри нејзината апликација за влез во воената алијанса на НАТО, но нема да ги исполни сите услови кои Анкара ги постави за нејзина поддршка, рече шведскиот премиер. „Турција ем потврдува дека го направивме она што го кажавме дека ќе го направиме, ем бара од нас нешта што ние не можеме или не сакаме да им ги дадеме“, рече премиерот Улф Кристерсон на конференцијата за одбранбена група во Шведска. Финска и Шведска потпишаа трилатерален договор со Турција во 2022 година, со цел да се надминат приговорите на Анкара за нивното членство во НАТО. Двете…

Read More

Албанија и годинава ќе биде еден од домаќините на воената вежба Defender Europe 2023“, изјави албанскиот министер за одбрана Нико Пелеши.  Вежбата „Defender Europe“ е годишна, мултинационална заедничка воена вежба предводена од војската на САД, чија цел е подобрување на интероперабилноста меѓу САД, НАТО и земјите партнери, а ќе се одржува на локации низ Европа во неколку фази.  Албанија пред две години беше еден од организаторите на вежбата „Бранител Европа 2021“ на која учествуваа 30.000 американски војници.  Според Пелеши, во рамки на специјалното стратешко партнерство со САД, во септември годинава Министерството за одбрана ќе започне со одбранбено-безбедносни проекти.  „Во рамките…

Read More

Откако поддржувачите на Жаир Болсонаро ги нападнаа државните институции на Бразил, топката е на теренот на САД, каде поранешниот бразилски претседател отпатува два дена пред истекот на мандатот на 1 јануари. Десничарскиот претседател Болсонаро, кој се обиде да добие втор мандат на 30 октомври, но беше поразен од левичарот Луис Инасио Лула да Силва, отпатува за Флорида и на тој начин го избегна предавањето на власта. Во Бразил зад себе остави насилно движење на поддржувачи кои не веруваат во изборните резултати. Вчера, само два дена по годишнината од сличните настани во Вашингтон, кога приврзаниците на Доналд Трамп упаднаа во Конгресот,…

Read More