Товарниот брод се насука во Суецкиот канал, но пловидбата набрзо беше обновена, соопшти Управата за сообраќај на каналот.

Како што јавуваат агенциите, сообраќајот низ каналот не бил нарушен.

Бродот „Глори“, кој превезувал украинска пченка, се насука во близина на египетската провинција Исмаилија.

Бродот отплови од Черноморско на 25 декември. Пристигна во каналот од Турција на пат кон Кина.